Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Точно дека со намалување на непотребната администрација(партиска) ќе се намалат трошоците ама јавниот превоз ќе биде секогаш загубар. Не е некоја филозофија зашто приватниците правеа пари со помала цена на билет,ги возеа најкористените линии и најударните термини. Во јсп се имам возено и сам во автобус,а да не зборам па за оние автобуси што идат по селата речиси секогаш ќе работат со загуби. Е зашто им дозволија на воопшто да влезат приватници а сеа им забранија е друг муабет..
Има решение и за тоа како да се намали. Бројот на автобусите на линиите не е фиксен и одреден од друг, туку од самото ЈСП. ЈСП треба да си направи истражување и анализа и да пушти да речеме помалце или повеќе автобуси.
 
Качено е, не знам зошто и кого убедуваат. Качени се и редовните билети со тоа што важноста им е само 15 дена. Јас се зезнав со електронска која ме чинеше некаде 150 плус цена за 10 возења. Ја искористив само 4 пати (можи последните 2 веќе истечени, среќа не сретнав контроли) со што важноста ми истече па едно возење ме чинеше 100 денари, а во нормална ситуација со хартиена 62 денари. А единечни билети во трафиките не продаваат. Борба против загаденоста :confused:
Ама нели за панорамското тркало, јас сум пресреќен што можам да дам и 2 долари за мајка Македонија.
 
Последно уредено:
Има решение и за тоа како да се намали. Бројот на автобусите на линиите не е фиксен и одреден од друг, туку од самото ЈСП. ЈСП треба да си направи истражување и анализа и да пушти да речеме помалце или повеќе автобуси.
Нема потреба од истражување,јсп знае кој линии им се профитабилни и може да ги исклучи сите останати. Ама е јавно претпријатие и мора да обезбеди превоз во фиксно време до сите места безразлика дали ќе се вози некој или не.
 
Каде стои тоа дека има обврска да се обезбеди превоз од секое до секоа место ?
Па еве и во Скопје нема превоз од секое до секое место, пример за да отидеш од Аеродром до Кисела вода директен автобус е само 13ка, а 13ка во периодот од 7-8 до 10 нема ниеден автобус, а во останатиот дел од денот по еден автобус на саат време има. 44ка има само 2-3 автобуси во денот ако не се лажам. 3ките се на пола саат, за разлика од 5ките кои се на 10тина минути. Новите линии што се пуштаат, се пуштаат после истражувања и анализи од аспект на тоа колку луѓе има што ќе се возат на таа линија, и самите го кажуваат тоа.
И на делот за поплаки/предлози на интернет страната на ЈСП самите тие од ЈСП кажуваат дека по истражување за таа и таа линија, во тој и тој период од денот пуштаат дополнителни автобуси зошто фрекфенцијата на патници е поголема.
Значи ипак треба да се прават анализи за тие линии кај што бројот на патници е помал, па да се достави предлог до Град Скопје за укинување на линијата ако е неисплатлива да речеме или ако нема доволен број на патници. Да загуби ќе има, ама ќе бидат од далеку помал обем.
 
Затоа што мораат. Може да ја намалат фрекфенцијата ама секоа населено место мора да е поврзано. Ете за 13ката,ја со поише од 10 души внатре се неам возено ама укинија линијата и до автокоманда од кисела вода ќе се патува 2 саати.
Еве ќе ти напраам паралела со 22 ка пошто има приватна. Сум се возел доста пати да има испод 10 патници внатре. Приватниците не ги возат тие термини,не возат ноќно и не возат ептен рано на сабајле. Тие линии се непрофитабилни а мора да ги има фиксно бидејки има луѓе што и тогаш одат на работа.
 
Има решение и за тоа како да се намали. Бројот на автобусите на линиите не е фиксен и одреден од друг, туку од самото ЈСП. ЈСП треба да си направи истражување и анализа и да пушти да речеме помалце или повеќе автобуси.
Има и уште подобра варијанта. Не мора секаде да има автобус. Минибус е поекономична варијанта, плус заменува подобро. 2-3 минибуси што кружат е подобро од 2-3 автобуси. Помалку гориво, секогаш полни, побрзи, не заглавуваат во гужвите... Постојат еден куп начини, ама постојат и директори кои знаат само да дигнат цена за да зголемат профит. Само конкуренција е спас. Еднаш мислам дека напишав, или можеби сум сакал. Не треба карти, цени, вакви такви. Не кажувам што треба (да не им текне да го воведат) сѐ додека не си ја завршат домашната задача. Ако го воведат претходно, ем граѓаните буквално наебале, ем услугата максимално ќе се влоши.
 
Затоа што мораат. Може да ја намалат фрекфенцијата ама секоа населено место мора да е поврзано. Ете за 13ката,ја со поише од 10 души внатре се неам возено ама укинија линијата и до автокоманда од кисела вода ќе се патува 2 саати.
Еве ќе ти напраам паралела со 22 ка пошто има приватна. Сум се возел доста пати да има испод 10 патници внатре. Приватниците не ги возат тие термини,не возат ноќно и не возат ептен рано на сабајле. Тие линии се непрофитабилни а мора да ги има фиксно бидејки има луѓе што и тогаш одат на работа.
За да биде „мора“ тогаш кажи во кој акт е тоа пишано ?
Едно е мора, а друго е треба, т.е. едно е што е законска обврска, а друго е што ти мислиш дека е правилно. Еве и ја за анализава викам дека треба да ја прават, а може и мора да ја прават, не знам и затоа не се плеткам со зборови мора.
А друго за 22ка, ја мислам дека исто автобуси се пуштаа и од ЈСП и од Слободен превоз, ЈСП ако не се лажам пушта на 10тина минути, а Слободен превоз максимум на 15 минути да пушта нов автобус.
 
обично на 2 приватни иде една од јсп
 
Значи и почесто има од Слободен превоз од автобуси на ЈСП ?
И тоа како има почесто. 22ки посебно. Зошто не им дозволат да возат на линиите 2, 5, 57, 41... Овие се најпрофитабилни и најмногу луѓе има во единица време. Ако им ги дадат овие, ЈСП клуч на врата и сите по дома. Плус, мене што ми смета најмногу, воведување систем на наплата како кај другиот. Како да не. Слобода превоз плаќа данок? Плаќа. Има некаков проблем во поглед на данокот? Досега немало. Ако се сомневаат, по еден инспектор од УЈП во секој автобус и нека си се возат цел ден и нека бројат патници. Да не заборавам, карта задолжително да си платат :)
 
Мене не ми е јасно околу тоа кој и како ги плаќа, затоа и прашав погоре што уствари значи тоа дека од сеа ќе бидат плаќани и едниве и другиве по извозен километар ?
Како беше до сеа ?
Зошто иста тарифа и за ЈСП и за Слободен Превоз ?
Дали и за Слободен превоз од 1 мај ќе треба елекртонска картичка ?

Не дека тебе директно те прашувам, туку ете мене тоа ми се дилемите.
 
За да биде „мора“ тогаш кажи во кој акт е тоа пишано ?
Едно е мора, а друго е треба, т.е. едно е што е законска обврска, а друго е што ти мислиш дека е правилно. Еве и ја за анализава викам дека треба да ја прават, а може и мора да ја прават, не знам и затоа не се плеткам со зборови мора.
А друго за 22ка, ја мислам дека исто автобуси се пуштаа и од ЈСП и од Слободен превоз, ЈСП ако не се лажам пушта на 10тина минути, а Слободен превоз максимум на 15 минути да пушта нов автобус.
Нигде не е пишано,јсп е јавно претпријатие и целта им е граѓаните да се задоволни(гласови:icon_lol:) а не профит(јавниот превоз речиси сегде е во загуба). Подобра варијанта е јсп да работи во загуба него пола пригратски населби да имаат автобуси еднаш дневно.Очигледно не се возиш многу па нема да ти смени многу ама на некој многу им значи.
И да ти одговорам на прашањето,јсп на некој начин ќе ги преземе сите приватњаци.Ќе важи електронската картичка и ќе имаат иста цена,а јсп во замена ќе им плаќа извозен километар.

И тоа како има почесто. 22ки посебно. Зошто не им дозволат да возат на линиите 2, 5, 57, 41... Овие се најпрофитабилни и најмногу луѓе има во единица време. Ако им ги дадат овие, ЈСП клуч на врата и сите по дома. Плус, мене што ми смета најмногу, воведување систем на наплата како кај другиот. Како да не. Слобода превоз плаќа данок? Плаќа. Има некаков проблем во поглед на данокот? Досега немало. Ако се сомневаат, по еден инспектор од УЈП во секој автобус и нека си се возат цел ден и нека бројат патници. Да не заборавам, карта задолжително да си платат :)
Зашто би им ги дале најпрофитабилните линии на нив?
Што ќар иаме од тоа што некој приватњак ќе се збогати на сметка на јавно претпријатие? Ако стаи клуч ЈСП на врата тие што се возат со 21,59,13 итн. пешки ќе идат да не мислиш овие од Слобода превоз ради милост ќе пуштат линија до Кучевичка Бара?
 
Мене не ми е јасно околу тоа кој и како ги плаќа, затоа и прашав погоре што уствари значи тоа дека од сеа ќе бидат плаќани и едниве и другиве по извозен километар ?
Како беше до сеа ?
Зошто иста тарифа и за ЈСП и за Слободен Превоз ?
Дали и за Слободен превоз од 1 мај ќе треба елекртонска картичка ?

Не дека тебе директно те прашувам, туку ете мене тоа ми се дилемите.
Досега Слобода превоз и Макекспрес наплатуваа(т) директно во автобус. Нема картички, билети или нешто слично. Како во такси (нека каже некој, освен Наше такси и Лотус, кој дава фискална сметка) се возиш, плаќаш, чао. ЈСП си добива редовно за гориво и плус минус нешто, а приватниве досега не. Демек "да биде фер", град Скопје се вмешува во целата заебанција (што реално сам си ја направи) и пази сега финта: сите приватни што возат, нема да смеат да наплатат карта во автобус, ќе мора да се вклучат во електронскиот систем и парите ќе ги добиваат од град Скопје. По извозен километар ќе добиваат 1 евро. Возел тој со 10 или со 100 патници, исто му се фаќа. Сите пари наместо на возач на рака, ќе одат директно во градска каса (ваљда ќе направат посебна сметка) и од неа приватните автобуси ќе добиваат "плата", ти текнува? Град Скопје на овој начин "воведува ред" во поглед на должина, време и начин на возење, а всушност врши УПАД во внатрешната политика на фирмите! Замисли, отвараш продавница и за секој час работа јас да ти давам по едно евро. Сѐ што ќе продадеш оди директно кај мене како пара, а ти ќе ги добиеш 8те евра за 8 часа работа, или максимум 24 евра за 24 часа. Можеби ќе продадеш и 2000 евра, ама кој те врти. Јас сум пресметал дека ти "можеш" да заработиш максимум 1 евро по саат, па ти труди се да бидеш подобар, ако немаш попаметна работа. Скратено: нема плаќање во автобус, сите со картички, плаќањето е на сметка на град Скопје, градот одлучува дека на секој автобус му следува по 1 евро по километар. Ај кажи дека не сме полоши од диктатура.
 
Нигде не е пишано,јсп е јавно претпријатие и целта им е граѓаните да се задоволни(гласови:icon_lol:) а не профит(јавниот превоз речиси сегде е во загуба). Подобра варијанта е јсп да работи во загуба него пола пригратски населби да имаат автобуси еднаш дневно.Очигледно не се возиш многу па нема да ти смени многу ама на некој многу им значи.
И да ти одговорам на прашањето,јсп на некој начин ќе ги преземе сите приватњаци.Ќе важи електронската картичка и ќе имаат иста цена,а јсп во замена ќе им плаќа извозен километар.
Јасно ми е мене што е јавно претпријатие и дека не е профитно ориентирано, ама тоа не значи и дека треба да се работи „недомаќински“. Ако глеаме да биде задоволен индивидуалниот интерес, тогаш еве ја да речеме не сум задоволен шо нема често 13ки, нека ги има на секои 15 минути.
Ама не е тоа поентата нели ?

И погрешни заклучоци донесуваш, баш напротив се возам со автобус постојано.

Досега Слобода превоз и Макекспрес наплатуваа(т) директно во автобус. Нема картички, билети или нешто слично. Како во такси (нека каже некој, освен Наше такси и Лотус, кој дава фискална сметка) се возиш, плаќаш, чао. ЈСП си добива редовно за гориво и плус минус нешто, а приватниве досега не. Демек "да биде фер", град Скопје се вмешува во целата заебанција (што реално сам си ја направи) и пази сега финта: сите приватни што возат, нема да смеат да наплатат карта во автобус, ќе мора да се вклучат во електронскиот систем и парите ќе ги добиваат од град Скопје. По извозен километар ќе добиваат 1 евро. Возел тој со 10 или со 100 патници, исто му се фаќа. Сите пари наместо на возач на рака, ќе одат директно во градска каса (ваљда ќе направат посебна сметка) и од неа приватните автобуси ќе добиваат "плата", ти текнува? Град Скопје на овој начин "воведува ред" во поглед на должина, време и начин на возење, а всушност врши УПАД во внатрешната политика на фирмите! Замисли, отвараш продавница и за секој час работа јас да ти давам по едно евро. Сѐ што ќе продадеш оди директно кај мене како пара, а ти ќе ги добиеш 8те евра за 8 часа работа, или максимум 24 евра за 24 часа. Можеби ќе продадеш и 2000 евра, ама кој те врти. Јас сум пресметал дека ти "можеш" да заработиш максимум 1 евро по саат, па ти труди се да бидеш подобар, ако немаш попаметна работа. Скратено: нема плаќање во автобус, сите со картички, плаќањето е на сметка на град Скопје, градот одлучува дека на секој автобус му следува по 1 евро по километар. Ај кажи дека не сме полоши од диктатура.
Знам како е во приватнициве, се возам секој ден со нив и претпоставував дека же биде вака како што објасни ама нелогично ми беше, зошто фактички имаме еден превезувач или имаме ситуација во која државата го фаворизира едниот. На хартија да, сите се исти, и едните и другите земаат по евро од километар, ама едниве добиваат дотации од Град Скопје, другиве ништо не добиваат.
Не верував дека може таква некоја глупост да се воведе, затоа и прашав за сигурно да знам.
 
Јасно ми е мене што е јавно претпријатие и дека не е профитно ориентирано, ама тоа не значи и дека треба да се работи „недомаќински“. Ако глеаме да биде задоволен индивидуалниот интерес, тогаш еве ја да речеме не сум задоволен шо нема често 13ки, нека ги има на секои 15 минути.
Ама не е тоа поентата нели ?

И погрешни заклучоци донесуваш, баш напротив се возам со автобус постојано.

Знам како е во приватнициве, се возам секој ден со нив и претпоставував дека же биде вака како што објасни ама нелогично ми беше, зошто фактички имаме еден превезувач или имаме ситуација во која државата го фаворизира едниот. На хартија да, сите се исти, и едните и другите земаат по евро од километар, ама едниве добиваат дотации од Град Скопје, другиве ништо не добиваат.
Не верував дека може таква некоја глупост да се воведе, затоа и прашав за сигурно да знам.
Муабетот ми беше окулу приватните,инаку нормално нема да бранам партиска институција дека работи домаќинско :)
Иначе приватните зимаат сувенции од километар,а јсп си земаат пари од градот и билети. Вајда си израчунале приватниве исплатливост по километар возење иако профитот ќе им се намали.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom