Да знам дека нема да ме кочи никој од град Скопје, би влегол во тој бизнис. Не е важно колку автобуси се во прашање, важно е да биде пазарен систем на работење. Кој го бива за таков бизнис, нуди соодветна услуга, за соодветна цена, ќе остане на пазарот. Кој изводи и сака за месец дена да направи милион, сам ќе се отстрани. Како може Слобода превоз да вози за 25 денари билет и да не пријавува никакви загуби, а ЈСП "спонзориран" од град Скопје (БУЏЕТ!!!) да се жали на секое и плус цената на билет да му е мала? Објасни ми го овој феномен.
За црвеното, никој (а најмалку јас) не бара бесплатен превоз. Во мој живот апсолутно ниеднаш не се случило да се возам без билет! Сакаш верувај, сакаш не. Муабетот дека
живееме во неразвиена земја и
огромна невработеност е најдобрата причина зошто пензионери НЕ треба да имаат бесплатен превоз! Тие имаат редовен приход (не скокајте вие со мали пензии) за разлика од невработените, студенти, средношколци и сл. Ако веќе некој треба да добие ваква привилегија, нека бидат тоа наброените. Невработени, студенти, средношколци, инвалиди... Тие се оние со празен џеб, а не пензионерите.
Проблемот со ЈСП е во висина на платите (од чувар до директор), а уште поголем проблем е преголемата администрација. Не може фирма што "дише на шкрги" да има еден куп директори, а истите да имаат двојно и повеќе "секретарки"! Ти текнува?
Решението е едноставно. Дозволи да влезат уште барем 2 фирми, не мора повеќе. Одреди како град Скопје највисока цена што смее некој од операторите да ја наплати. Остави ги да работат без притисоци, подмитувања, уцени и слично. Сами ќе си покажат колку и за што ги бива. Ако работат на пазарен начин, со намалени трошоци, без непотребна администрација...цената на билет ќе биде мала. Ако не...сами ќе си стават клуч на врата. Јавен превоз не е заебанција од типот на такси превоз, па да се прават експерименти. На почетокот беа жетони. После станаа хартија. Сега електронски картички. Како тргнало, на сите ќе ни вградат чип и самиот ќе минусира возења при влез во возилото.