Досега Слобода превоз и Макекспрес наплатуваа(т) директно во автобус. Нема картички, билети или нешто слично. Како во такси (нека каже некој, освен Наше такси и Лотус, кој дава фискална сметка) се возиш, плаќаш, чао. ЈСП си добива редовно за гориво и плус минус нешто, а приватниве досега не. Демек "да биде фер", град Скопје се вмешува во целата заебанција (што реално сам си ја направи) и пази сега финта: сите приватни што возат, нема да смеат да наплатат карта во автобус, ќе мора да се вклучат во електронскиот систем и парите ќе ги добиваат од град Скопје. По извозен километар ќе добиваат 1 евро. Возел тој со 10 или со 100 патници, исто му се фаќа. Сите пари наместо на возач на рака, ќе одат директно во градска каса (ваљда ќе направат посебна сметка) и од неа приватните автобуси ќе добиваат "плата", ти текнува? Град Скопје на овој начин "воведува ред" во поглед на должина, време и начин на возење, а всушност врши УПАД во внатрешната политика на фирмите! Замисли, отвараш продавница и за секој час работа јас да ти давам по едно евро. Сѐ што ќе продадеш оди директно кај мене како пара, а ти ќе ги добиеш 8те евра за 8 часа работа, или максимум 24 евра за 24 часа. Можеби ќе продадеш и 2000 евра, ама кој те врти. Јас сум пресметал дека ти "можеш" да заработиш максимум 1 евро по саат, па ти труди се да бидеш подобар, ако немаш попаметна работа. Скратено: нема плаќање во автобус, сите со картички, плаќањето е на сметка на град Скопје, градот одлучува дека на секој автобус му следува по 1 евро по километар. Ај кажи дека не сме полоши од диктатура.