Фотографии од вашиот дом - ентериери

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Без сомнение станов ти е преубав, а претпоставувам и доста голем. Само шо јас би преферирал секогаш уредувањето да биде доста едноставно, со многу малку предмети. Ако не се лажам, Мистичен имаше нешто такво. Во секој случај ме бендиса станнот. Поздрав.
 
Image202.jpg

Кујната ти е одлична, само по мое... не знам зошто ел.шпорет го ставате на средина?! (Ова го видов на повеќе места)
Така се прекинува работната плоча....
 
Во оваа тема можете да постирате и коментирате фотографии од ентериерот на вашиот дом. Освен коментари и фотографии, можеме да си даваме и совети за дилемите околу уредувањето на нашето катче, без разлика дали се работи за цел дом или соба.

Ајде да го скршам мразот и да почнам прв со нескриено задоволство од мојот нов дом кој сеуште е во фаза на доопремување и доуредување. Иако главните работи се средени (осветлување, мебел, кујна), останаа некои ситници кои треба да се доспастрат за да биде комплетирана целината која ја замисливме.

Ќе започнам со дневната соба. Осветлувањето во неа е комплетно наше решение, од идеја (нацртана на хартија) до реализација (самите ги правевме полукружните "стомаци" од гипс картон со рефлекторките и внатрешното скриено светло). Над прозорот, од крајот до крајот на собата се протега уште еден лак со рефлекторки. Ова не е примарно, туку амбиентално осветлување кое како решение нуди прилагодување на светлината според потребите (интензитетот на секоја група на светилки се регулира посебно) и пружа посебно уживање - од блескава фул лајт атмосфера до смирена, загасита, тивка и романтична светлина.

dnevna.jpg

На спротивниот ѕид од гарнитурата (тросед, двосед, фотеља) е поставен телевизорот. Каблите под него веќе не се гледаат, струјата сега е извадена директно од ѕидот позади телевизорот од естетски причини.

dnevna02.jpg

Ова е трпезаријата. Осветлувањето во неа исто така е прилагодливо. Лустер и два странични "факели" со прилагодлив интензитет на светлина.

osvetluvanje_trpezarija.jpg

trpezarija1.jpg

trpezarija2.jpg

Се надевам наскоро, фотографии од спалната, работната соба, скалите и фасадата.
a ke mi go pozaajmis li tvojot doma na koristenje..zasekogas???:toe::toe::helou::helou:
 
Кујната ти е одлична, само по мое... не знам зошто ел.шпорет го ставате на средина?! (Ова го видов на повеќе места)
Така се прекинува работната плоча....
Мора да има растојание помегу шпоретот и мијалникот барем 20- 30 цм ...и така испага дека доага на средина, работната плоча е доволно голема за работа.
 
Сеа брзо купив стан од 33 квадрати еднособен кој е во руинирана состојба и треба да направам комплетна рестарвација. Просторот е таков што има мал салон, мало купатило и две соби со иста големина од кој во едната (дневната) има некаква кујна од бедни 5-6 квадрати. Иницијална замисла ми е да ја намалам спалната соба и да добијам повеќе простор во дневната.
Кујната во секој случај со една пренамена (да скратам дел од салонот) ќе пробам да ја спаковам во постоечкиот дел додека најголем проблем ми прави тоа што сакам да некако стуткам една трпезариска маса во тој дел.
Да не замарам како и да е имам направено некакви мерења и разговарано со архитекти па мислам дека е можно да се изведе само проблемот се јавува што дневната соба изгледа како детска градинка, се собрано и воедно расфрлено на купче.
Голем дел од пријатели ме советуваа да применам ефект со огледала за да направам визуелно зголемување. Баш ме интересира ваше мислење како да го зголемам просторот визуелно во станот (кој спектар на бои би бил најсоодветен, некој друг трик освен да не биде со огледала)

Подолу е слика од мојата замисла за дневната соба како би требала да изгледа кога ќе се изработиinterier.jpg
 
Мојата дневна соба(моментално најдов само 3D сликите)

01.jpeg03.jpeg04.jpeg033.jpeg
--- надополнето: Jun 15, 2011 10:48 AM ---
Во оваа тема можете да постирате и коментирате фотографии од ентериерот на вашиот дом. Освен коментари и фотографии, можеме да си даваме и совети за дилемите околу уредувањето на нашето катче, без разлика дали се работи за цел дом или соба.

Ајде да го скршам мразот и да почнам прв со нескриено задоволство од мојот нов дом кој сеуште е во фаза на доопремување и доуредување. Иако главните работи се средени (осветлување, мебел, кујна), останаа некои ситници кои треба да се доспастрат за да биде комплетирана целината која ја замисливме.

Ќе започнам со дневната соба. Осветлувањето во неа е комплетно наше решение, од идеја (нацртана на хартија) до реализација (самите ги правевме полукружните "стомаци" од гипс картон со рефлекторките и внатрешното скриено светло). Над прозорот, од крајот до крајот на собата се протега уште еден лак со рефлекторки. Ова не е примарно, туку амбиентално осветлување кое како решение нуди прилагодување на светлината според потребите (интензитетот на секоја група на светилки се регулира посебно) и пружа посебно уживање - од блескава фул лајт атмосфера до смирена, загасита, тивка и романтична светлина.

dnevna.jpg

На спротивниот ѕид од гарнитурата (тросед, двосед, фотеља) е поставен телевизорот. Каблите под него веќе не се гледаат, струјата сега е извадена директно од ѕидот позади телевизорот од естетски причини.

dnevna02.jpg

Ова е трпезаријата. Осветлувањето во неа исто така е прилагодливо. Лустер и два странични "факели" со прилагодлив интензитет на светлина.

osvetluvanje_trpezarija.jpg

trpezarija1.jpg

trpezarija2.jpg

Се надевам наскоро, фотографии од спалната, работната соба, скалите и фасадата.

Читам доста позитивни коментари за твојот дом.Јас за жал не можам да видам ниедна слика:(( Не знам зошто не ги отвора
 
@JustBlack,

Не знам дали така изгледа ама мене ми се гледа како премногу блиску трпезариската маса до софата. Уште една работа ми е малку збунувачка, дали тоа ти треба да поминуваш преку софата за да дојдеш до трпезариската маса или пак кујната ти е зад неа? Кога ги гледам слика 1 и 3 ми изгледа како да кујната не ти е во близина на трпезариската маса што ми делува малку чудно.

Убав стан во секој случај. (ми изгледа барем како стан според поставеноста на елементите)
 
Хехе да стан е:)) И трпезариската е блиску до софата на 3D сликиве,ама имаше и мало поместување на лице место,така да сега е ок.
Иначе кујната е позади шанкчето со три бели полици(слика 4),ама не беше правена тогаш:((

А да и ова: Поминувам меѓу телевизорот и софата,па поминувам и покрај трпезариската за да излезам на тераса или да одам во кујна.Не е така тесно како што изгледа ама друго решение и немаше за дневна со димензии 5,5 x 3,0
 
Добро тоа не е толку лошо решение, (на слика 1 се гледа поубаво, дури и шишињата ги видов) се што ти е потребно можеш да го оставиш на шанкот и потоа да го преземеш од другата страна плус никој нема да ти ги гледа домаќинлукот во кујната и да коментира по комшии (неизмијани чинии, прашина, итн, итн)
И јас го имам истиот проблем со големината на дневната и кујната, планирам да изведам некоја трпезариска маса која би ја споил до зидот и би била фиксна, само за да заштедам простор.
Сакав да одам комбинација венге со крем за интериерот ама ме советуваа да искомбинирам со бела боја за да ми отвори во простор, најверојатно ќе одам венге со бело.
 
И едната и другата комбинација се ок.Но сепак белата повеќе отвара во тесни простори.Само немој црна да ставаш особено не со висок сјај(од искуство ти кажувам)
Ајде средувај па чекам слики:)

Поздрав
 
И едната и другата комбинација се ок.Но сепак белата повеќе отвара во тесни простори.Само немој црна да ставаш особено не со висок сјај(од искуство ти кажувам)
Ајде средувај па чекам слики:)

Поздрав
На многу места прочитав неубави искуства од ВИСОК СЈАЈ.Планираме нешто да правиме дома па не би сакала да згрешам.Сподели искуства, па макар и неубави.
 
На многу места прочитав неубави искуства од ВИСОК СЈАЈ.Планираме нешто да правиме дома па не би сакала да згрешам.Сподели искуства, па макар и неубави.
Јас просто ги обожавам елементите со висок сјај.Ми даваат некој посебен модернистички изглед.Си ги ставив секаде каде сто мислев дека треба,иако ме советуваа да не го правам тоа.Со белото немам проблем(ни за прашина ниту пак за гребењето),ама црната е СМРТ за секоја жена:(((Значи не постои ден во кој нема да мораш да бришеш прашина:((
Сега правев вградени плакари,ама не со висок сјај:))) Ми остана уште кујна за која сеуште размислувам.
 
Ај да ја свежнам темата со еден пост па се надевам дека ќе се приклучите и вие.
Моментално сум во тек на избор на комода за во дневната соба, па би ве замолил да прикачите фотографија од вашата. Во план ми е модерна ниска комода со некоја интересна полица од страните. Па ве молам да видам уште некоја идеја плус. :-)
Нешто во овој стил..
d6e603c189b82310097210c61b2adc6a.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom