Фотографии од вашиот дом - ентериери

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во оваа тема можете да постирате и коментирате фотографии од ентериерот на вашиот дом. Освен коментари и фотографии, можеме да си даваме и совети за дилемите околу уредувањето на нашето катче, без разлика дали се работи за цел дом или соба.

Ајде да го скршам мразот и да почнам прв со нескриено задоволство од мојот нов дом кој сеуште е во фаза на доопремување и доуредување. Иако главните работи се средени (осветлување, мебел, кујна), останаа некои ситници кои треба да се доспастрат за да биде комплетирана целината која ја замисливме.

Ќе започнам со дневната соба. Осветлувањето во неа е комплетно наше решение, од идеја (нацртана на хартија) до реализација (самите ги правевме полукружните "стомаци" од гипс картон со рефлекторките и внатрешното скриено светло). Над прозорот, од крајот до крајот на собата се протега уште еден лак со рефлекторки. Ова не е примарно, туку амбиентално осветлување кое како решение нуди прилагодување на светлината според потребите (интензитетот на секоја група на светилки се регулира посебно) и пружа посебно уживање - од блескава фул лајт атмосфера до смирена, загасита, тивка и романтична светлина.

dnevna.jpg



На спротивниот ѕид од гарнитурата (тросед, двосед, фотеља) е поставен телевизорот. Каблите под него веќе не се гледаат, струјата сега е извадена директно од ѕидот позади телевизорот од естетски причини.

dnevna02.jpg



Ова е трпезаријата. Осветлувањето во неа исто така е прилагодливо. Лустер и два странични "факели" со прилагодлив интензитет на светлина.

osvetluvanje_trpezarija.jpg



trpezarija1.jpg


trpezarija2.jpg


Се надевам наскоро, фотографии од спалната, работната соба, скалите и фасадата.
 
Misticen wOw :wink:
 
Мистичен ти не штедиш на пари изгледа. Навистина местото ти е супер. Паметно ти е осмислено, а ти си си го испланирал станот (или куќа) или пак си ангажирал дизајнер за ова?
 
pcjodamaster напиша:
Паметно ти е осмислено, а ти си си го испланирал станот (или куќа) или пак си ангажирал дизајнер за ова?
Проектот за куќата е на архитект, инаку внатрешното уредување е самостојно. Идејата е минимализам, да не биде пренатрупано со непотребни парчиња мебел. Гарнитура за седење и клуб масичка е се што ми е потребно во дневна. Понатаму, евентуално може да дојде и некоја ниска, долга комода.
 
Внатрешниот ентериер си е таман. Со повеќе мебел би било хаотично а со помалку ќе изгледа празно и нема на личи на дом, туку на канцеларија. И убави ти се комбинациите на боите на мебелот со ѕидовите. Ама телевизорот е најзакон :)
 
Ова е мојот (сеуште се реновира) стан. 40 квадрати е, до сега внатре е се ново, само ѕидовите се исти :)

Ова е дневната, со спуштени тавани сосем малце само по краевите каде што има скриено неонско светло што дава доста интересен ефект (за жал не е доловен на сликата, затоа што е сликано од мобилен, на слика е премногу јако, а реално е како млечна слаба светлина).

image65zf1.jpg


Овие светла нема да бидат финални. Ќе има и ѕидни, како и централно - лустер, посебно пригушливи со потенциометри.

slika007up1.jpg


Сакам да ставам светол ламинат, најсветлиот што го има, ама пак да го има изгледот на дрво, а не неприродна боја или обоен. Ако имате сугестии, слободно.

Овие се плочките во ВЦ:
sliki12kw5.jpg


Денес купив ВЦ Школка :) , наместена е и туш кабина, ама немам слики од нив уште.

Ова е поглед кон спалната, жолта боја:
sliki9co7.jpg


Мистичен, имам едно прашање, дали твоите ѕидни светла се како овие на сликава подолу (извадена од каталог), ако се истите, и јас можда ќе ставам од нив, затоа што јас сакав да си играм со оваа варијанта на ѕидни ама се плашев да не се многу силни, зашто не се насочени (спот). Иначе лустерот (или е плафоњер??) ќе биде како овај четвртастиот со 4 светла.
lookrazv163uu2.jpg


Иначе внатре е се моја идеја, не е дизајнирано од архитект.
 
cYb3rc0re, добар избор на бои.

Во дневната соба имаш добра замисла, стави светол ламинат, зошто потемна варијанта премногу ќе го затвори просторот.

Си зел каталошки пример кој фино изгледа, ама немој да го пренатрупуваш просторот со плафоњерки/халогенки/рефлекторки.

Кога се во прашање ѕидните светилки на Мистичен, имаш слична варијанта само, "кутијата" на светилката не е направена од матирано стакло (како што ми се гледа дека е на сликите од Мистичен и каталогот, туку е од метал. Така добиваш насочена светилка која зрачи по вертикала.

Слични такви светилки имаш во кафиќ "Венеција", наспроти библиотека "Браќа Миладиновци". Можеш да ги провериш.

Поздрав.
 
Не, не се трудам да ставам толку многу светилки, ниту да копирам (веб дизајнер сум и мразам да копирам), него само ставив да каже мистичен дали се тој тип на светилки тие неговите.

Иначе планирав да бидат спот (6) од сликата (исто од каталогот) - насочени нагоре и надолу.

madraszidniegl333eo2.jpg
 
Кај мене ѕидните се со матирано стакло од предната страна, додека задната е од метал.
 
Мистичен, ми даваш интересни идеи за кај мене во куќата!
Имено, дневниот престој ми е некаде околу 70 квадрати и кујна + трпезарија околу 20-ина квадрати. По сликите ми се чини дека и распоредот ни е доста сличен!

Се надевам дека наесен најдоцна ќе почнам да мислам на уредувањето!
 
Misticen mnogu dobra kuka-stan imas , ako moze da znam kolko kostase:salut:
 
Мистичен напиша:
Проектот за куќата е на архитект, инаку внатрешното уредување е самостојно. Идејата е минимализам, да не биде пренатрупано со непотребни парчиња мебел. Гарнитура за седење и клуб масичка е се што ми е потребно во дневна. Понатаму, евентуално може да дојде и некоја ниска, долга комода.
d00d,кај ојш без билјард!!!:vozbud::vozbud:
прекрасна куќа!!!
 
cYb3rc0re напиша:
slika007up1.jpg


Сакам да ставам светол ламинат, најсветлиот што го има, ама пак да го има изгледот на дрво, а не неприродна боја или обоен. Ако имате сугестии, слободно.


sliki9co7.jpg

Ако ставиш светол ламинат,со црвените ѕидови,ќе го добиеш баш тој црвено-бел ефект,што го имаат вратата со ѕидот. Така да,ако си модернистички тип,кој би сакал модернистички дом,зошто да не,светлиот ламинат би било добро решение.
За понатаму,јас би ставила црна гарнитура,и на неа црвени и бели перничиња :)
Идејата со сијаличките се исто добар детал,а ако се така луксузни како на сликата што си ја закачил,би правеле добра атмосфера. Пошто веќе гледам дека веќе си ставил сијалички во аглите на собата,сега можеш наредните да ги ставиш на ѕидот каде што ќе имаш слики, или пак горе на таванот во една линија на средина. :)
Ми се допаѓа што за спална си одбрал пастелна боја,точно така и треба за спална,бидејќи таа е соба за одмор и не е пожелна боја која додатно ги уморува очите. Од тука ми се гледа кајсиеста,што ми се допаѓа,јас на тоа би ставила,мебел со топла боја,исто така кремаста, а би употребила светло зелена постелнина :) онака да разбие монотонија :icon_bigg Ако не ти е многу женско можеш и лилава светло,важно пастелна боја да е:icon_bigg
За плочките немам коментар,алал,ептен се убави.
 
Misticen,Dobra kuka samo nekako mnogu na crno mi maa.si mozel i drugi boi da stais.A inace kolku kvadrata e??? i parketot ne mi se sviga! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom