8 Март, како да се слави?

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Локација
Некаде над виножитото...
Ме интересира што денешниве македонски жени мислат за 8 март. Дали го слават и како? И најбитно од се, ЗОШТО го слават на начинот на кој го слават?
 
they only do it for the flowers.
 
Го славам традиционално од 16 години во кафана со другарки, во последниве години со колешки после работа. Го славам како ден повод да се собереме. Права не ми требаат плус ги имам сите права, дискриминирана не сум, не кукам за рамноправност, не изигравам некому домаќинка и чистачка, имам време за себе и се по ред.
Го славам на овој начин оти ми е кеиф така да славам. Оваа година го поместивме за 7ми поради обврски.
 
8 Март ? пффф,денот на папучарите...дефинитивно јас би се пронашол на таа листа :pos:
 
Го славам традиционално од 16 години во кафана со другарки, во последниве години со колешки после работа. Го славам како ден повод да се собереме. Права не ми требаат плус ги имам сите права, дискриминирана не сум, не кукам за рамноправност, не изигравам некому домаќинка и чистачка, имам време за себе и се по ред.
Го славам на овој начин оти ми е кеиф така да славам. Оваа година го поместивме за 7ми поради обврски.
Е вака се слави во кафана секоја чест :D
 
Кому му се слави во ваква тензична ситуација, алал да му е. Стварно (ова без примеси на сарказам, да се разбереме).

Што да мислам за празников? Со еден збор, мизерија! Жената заслужува многу, многу повеќе отколку само еден ден во годината.

Уште помизерен е начинот на кој македонската жена го слави, а богами и менталитетот ни овдешен. Мажот може ја крши од ќотек дома 364 дена у годината, ама за осми март таа е привилегирана. Ја третира како човечко суштество, замислете! Ќе и купи цвет (може и букет, ако на 7-ми ја искршил од мавање) и ќе и даде благослов да оди во кафана со останатите жени, или да тркне до блиц-шопинг тура во Солун. Милина невидена, нели?

Вакви примери има цел куп и што е најжалосно, во голем број се. Трагично е што македонската жена умее да истрпи се и сешто, и потоа сето тоа да го заборави поради само ЕДЕН ден во годината, како куче на кое му е фрлена милостина, да не речам коска (цвеќе, подарок, прегратка, бакнеж или убав збор, ставете тука што сакате).

Мажи, не чекајте го празников да и покажете дека ви значи. За среќната жена секој ден е осми март. Тоа е лично моја девиза, па сега вие сами извадете заклучок колку и дали славам.
 
Брзии втор пат те бришам, трет пат ќе ти кажам од село си или не си.
 
не дека имам нешто против празников или жените ама ова се прави глупости :facepalm: кој сака да шета и да излегува по кафани не му треба повод, а кој не сака нели не можеш со сила да го натераш.
онаа што си е мераклика за шетање ќе излезе и вечерва и утре и вчера била излезена, а онаа што не е толку по излегувањето ќе рече: јас сакам во домашна атмосфера да си прославам.
ај кога почнало да се слави може по едно каранфилче да се даде на мајка, на баба, на жена, на девојка или најдобра другарка колку да се означи денот, инаку се останато е мижи да ти баам.
или кога ќе видам од 15-16 години излегле да слават :tapp: работава оф мори мајко......
 
Брзии втор пат те бришам, трет пат ќе ти кажам од село си или не си.
Знам ја од град сум :D
Он Топик: 8-ми Март се слави кај било, само пушти и 500 евра :icon_lol:
 
Го славам традиционално од 16 години во кафана со другарки, во последниве години со колешки после работа. Го славам како ден повод да се собереме. Права не ми требаат плус ги имам сите права, дискриминирана не сум, не кукам за рамноправност, не изигравам некому домаќинка и чистачка, имам време за себе и се по ред.
Го славам на овој начин оти ми е кеиф така да славам. Оваа година го поместивме за 7ми поради обврски.
Како то го славиш од 16 год :eek: то е ден на жената :)
 
Зошто е темава во Љубов и Секс кога 8-ми март е меѓународен ден на жената со рамноправноста со мажите?
Само прашувам ..
 
Да да, редовно се слави кај нас на работа. Прво наутро на сите ни се дели по еден каранфил, па завршуваме во 12 со работа и после тоа одиме во ресторан заедно со колешките. Веселбата е организирана од синдикат и играме оро најчесто до кај 3 саатот, некои остануваат и до 4, ама дека морам да одам дома да направам ручек веќе во 3 си одам. Да не се лутат дома дека нема ручек, а и ќе ме оговараат комшиите ако ме видат да се враќам касно дома.

:D:D:D
 
Го славам традиционално од 16 години во кафана со другарки, во последниве години со колешки после работа. Го славам како ден повод да се собереме. Права не ми требаат плус ги имам сите права, дискриминирана не сум, не кукам за рамноправност, не изигравам некому домаќинка и чистачка, имам време за себе и се по ред.
Го славам на овој начин оти ми е кеиф така да славам. Оваа година го поместивме за 7ми поради обврски.
Poleka mlada damo,isprakas pogresna poraka do site vistinski domakinki koi se gordeat so toa sto se,so drugi zborovi se izdignuvas sebesi na nivna smetka.
 
Ќе им купам на мајка ми и на бабите по едно цвеќе. Ќе ги бацам. Потоа ќе продужам со правењето на проектот за полимери седејќи на компјутер. Вечер ќе искочам негде да се начукам и така.:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom