karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Се е јасно, само знаеш што?!Значи ако најдам слики на македонци кои крадат, се пијанчат, и истите влегуваат во црква, црквата треба да ја демолираме?
Да не се правиме наудрени, не е револтот на палачаните затоа што ромите не се вистински муслимани или платени, или заради контекстот денешен од опасноста од радикален ислам.
Знаеме сите дека иста реакција би имало и пред 10 год. Не е првпат џамија да гори од цела маса на народ собран.
Јас лично религијата би ја забранил инстантно, само овде ми пречи двоаршинското гледање на работите, насилството е насилство, нели беше така? Зошто стана во овој случај херојски чин.
Има институции кои треба овие работи да ги следи, вака само се потикнува креирање понатамошни инциденти.
Се добива впечаток дека албанците би поддржале и магаре, и една вреќа сол би изеле, и Ромите би почнале да ги жалат и да ги сметаат за крвни браќа, ако тоа на некаков/билокаков начин не им одговара на Македонците. Во тој контекст беше забелешката, дека често сме биле сведоци на слични ситуации кога албанците наполно неосновано се спротивставувале на изградба на цркви само затоа што иницијатори се Македонци.
Убаво е што си атеист, ама најверојатно ќе треба подолго да почекаме да еволуираш до тоа ниво да се откажеш од етнонационализмот.