Toa што се надоврзав беше онака, да укажам дека психопати доаѓаат у секаква форма, и од секаква позадина. Еве, оваа била постара жена, може пензиoнирана, невработена, whatever. Нашава професорка имаше огромна бунда од вистинско крзно, обетки поскапи цела моја гардероба тогашна дома, итн. you get the picture. Не беше социјален случај, лежеше на пари. Дали била мажена за некој богат или од богато семејство била, небитно. Цел клас остана со трауми од неа.
Не се слагам со физички дисциплински мерки во образовна институција. Сметам дека не припаѓаат таму. Ако треба негде да бидат воведени, треба да бидат воведени дома, од страна на родителите, или кој и да е друг семеен член задолжен за чување на децата, ако се навистина вон секаква контрола. Значи, како крајно решение, а не default постапка или некаков modus operandi. Има начини за воведување дисциплина како родител без да се потпреш на физичка казна. Повеќето родители денес ги мрзи да потат мозок за тоа и да најдат алтернативи, и затоа лета раката и лево и десно, затоа што најлесно е да мавнеш. И затоа при првото негодување со доенчево, вештеркава замавнува и го "средува" проблемот со насилство. Затоа што изгледа и она така е растена дома. И не знае за друг начин, нејзините родители не примениле веројатно. Ова онака лупам, поим немам кој и е навистина проблемот, окамов жилет диктира дека најверојатно е скрената, и може е. Ипак небитно. Поентата ми е, таа физичка дисциплина кај некои случаи е и прекористена, и резултира со далеку понестабилни особи од тие што може ќе пораснеле во колку-толку океј нарав, и покрај силеџењето.
Од друга страна имаш родители кои ги китат децата со се што ќе посакаат уште од мали, и за да не плачат или кукаат, им даваат се. Истите пораснуваат во збеснати тинејџери кои возат порше на 16 години на улица како да се на Див Запад, се дават во алкохол и фрлаат пари по стрип-клубови, елитни кафичи и коцкарници. Дали на нив им треба физичка дисциплина? Верувам ќе кажеш да. Јас би рекол дека едино нешто што требало додека растеле е зборот "не". Не го слушале доволно и не бил истиот испочитуван исполнет од страна на родителите. Да, некој ќе се плаши од ќотек, ама има такви и кои се навикнуваат на ќотекот. На крај ќе истрпи ќотек и ќе тера по негово. Ова знам по мене, и по мног други. Остај што физичка дисциплина знае и да ја наруши блискоста и динамиката во семејството. Главната дисциплина е ментална. Кога дете ќе научи дека не може да добие се што ќе посака во животот, и дека животот не е фер многу почесто него ли обратно, е поефективна стратегија него ли ќотек. Ќе знае кои му се очекувањата, и кои се шансите истите да бидат исполнети. А кога ќе бидат исполнети, ќе ги цени многу повеќе него ли некоја мамина или татина маза навикната буквално се да добие што сака, кога сака, колку сака.
Ако веќе се применува некаква воспитна мерка, физичка дисциплина и сл. надвор од домот, ако е во склоп на образование, да биде во физичкото образование. Некој се тепа со пола клас пошто нејќат да му писнат? Опни го со некој колку него, и некој со сличен нарав, и стај ги во ринг нека се тепаат ако им е до тепање дојдено. Може еден или двајцата ќе ги бива за бокс/кик бокс. Може е негативна енергија или тензија натрупана внатре и немаат како да ја извадат. Ако не се тепаат, ондак е прашање некој комплекс, што да речеме перцептивно послаби од нив замараат физички и психички. Исто ако некој прави проблем со наставниците, прати го нека трча кругови околу школо или да прави склекови, па нека смее да папса. Со ладна вода туш и назад во клас. Не сум фан на војската, али едно нешто што имам почит за нив, е што имаат традиционално еден од најдобрите воспитни системи и вкоренувачи на дисциплина кај човекот, без да треба некој да биде тепан. Доволни се активностите како казна што се спроведуваат. Ете алтернатива. Проблематично дете? Прати го година дена во војска, ќе се врати како нов. Ама немаме таков систем кај нас, за тоа би се согласил. Исто како што би се согласил и за тоа дека не само родителите, него и тие што ни се на власт се криви, затоа што во склоп на подобрување на образованието, не прават ништо на поле продуктивно справување со недостаток на дисиплина кај истото. Најмногу зошто голем дел од спомнатите господа се токму таквите несовесни родители кои ги спомнав претходно. Why fix when it ain't broken?