Милица Тодоровиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Све је узалуд, Упореди ме и тн хитовите и' се океј на Мица, ама ретко кој го знае овој препеан народњак

Мислев дека е изгубен случај девојчето откако излегоа муабетите за везата со женетиот тип. На голем медиумски удар беше, потона прописно, ја снема, ама мило ми е шо направи кам-бек и си ја врати кариерата на прав терк. Интересна појава е ..

ПС - Наредната ваква тема ако не е за Милица Павлович :uzi::uzi:
 
Исто ми е мислењето како и за Северина, и за сите што проповедаат турбо фолк а тоа е лош ниско интелегентен филм со малку поголем буџет и помасивни музички машинерии.
Оваа песнава - ти моје злато , кога ја слушам ми се иде во ВЦ.
Јас би ги забранил со закон од многу рационални причини,
а верувам дека ќе се сложат сите луѓе кои барем малку имаат вкус и слух во музиката.
П.С: На ова можам да се заебавам 15 минути, после 15 минути е мачење... го оштетувам увото.
 
Никогаш, ама баш никогаш, не ги сфатив луѓето кои плукаат по турбофолкот, зошто бил сељачки или плукаат по металот, зошто бил наркомански или незнам каков. Ти ако првенствено не се почитуваш себе си и музиката која ја слушаш, тешко дека ќе ги почитуваш останатите и музиката која ја слушаат.

Иначе еве интересен сплет од нејзините песни, испеан во живо. Ептен добар глас има........:)

Абе остај Буда, он што правел си правел, било тоа друго време, они биле презаситени. Од таму дошла желбата за аскетски живот мислејки дека ќе пронајде нешто свето. На крај дошол до сознание дека се е свето.....и без богатство и со богатство, само начинот на кој што ги гледаш работите е битен. Да можел ќе му се врател на стариот кралски живот, ама најверојатно се осеќал дека му е касно.

Да се вратиме за уметноста, и за vishuddha...
Сигурно исто мислиш и за сите други типови на уметност. Пример гледаш турски серии и уживаш у простиот живот. Јас ги гледам овие две(турски серии и турбофолк) како компатибилни, и дури и синергистички делуваат.
Јас токму во овој болдираниов дел го пронаоѓам своето мислење. Наместо да ги вреднуваш работите едно над друго, уживај во тоа најпростото што ти се допаѓа, без разлика каква музика тоа е во случајот. Јас го држам мислењето дека човек може да стане се што ќе посака, без разлика какви се неговите „странични“ интереси, од типот на тоа каква музика или филмови сака, односно не му придавам толкаво значење. Да беше музиката толку битна сите луѓе ќе се делеа по тоа каква музика слушаат, а не по социјалната, финансиска положба, партиска или национална определба, или едноставно карактерна компатибилност. Така што, јас сум се погодил да сакам таква музика. Не сум осетил потреба да „барам“ нешто поквалитетно, туку едноставно да го прифатам она кое ми дошло во пресрет и ми се допаднало, па сум го собрал и сум го ставил како еден од основните делови на мојот карактер. И тоа нема да се смени, барем не толку драстично. Па можеби сакам ваква проста музика, но тоа воопшто не ме спречува да имам огромни познавања од други тематики, и воопшто не ми пречи во градењето на мојот карактер како добра и интелигентна личност, кој своето знаење ќе го користи за подобрување на општеството. Кога ќе ја погледнам големата слика, музиката што ја слушам е само еден мал сегмент од мојата личност, која доаѓа до израз кога ја дискутираме самата музика, и ништо друго, за разлика од многу други сегменти од мојата личност.

И не, воопшто не сакам турски серии да гледам, но, немам ништо против тие што гледаат. Бидејќи ако погледнеш од друг аспект, како што објасни еден друг член пред некое време, секој продукт си има таргет популација. Да, можеби нас многу не ни менува, но во турските серии се обработуваат тематики како фамилијарни односи, социјални норми и правила и слично, се отвораат некои прашања кои се табу тема во исламскиот свет. Што значи дека тие имаат влијание врз одредена популација, не се без врска. Но, мене, а и на многу луѓе како тебе, воопшто не ни се интересни бидејќи веќе ги имаме разбрано овие работи. Од друга страна, некој од таа област кога првпат ќе види жена која не е целосно забулена, роматични сцени и еден вид борби против традиционалните норми, тоа во неговиот живот многу ќе му смени, ќе го поттикне неговото размислување. На некој начин исто како тебе што ти е глупо да броиш на прсти, а некое дете од прво одделение не може поинаку. Само што примеров е многу покомплексен.

Затоа секогаш треба од мнооооогу различни аспекти да ги гледаме работите, пред да осудиме нешто :)
 
Не го навредувам турбофолк и немам ништо против оние што го слушаат, ама Моје злато е нешто најгрдо што се појавило на Балканов.

Дај наредна тема за женска ми Рада отворете. :love:
 
Рики, ја и ти никогаш не сме имале непосредност у комуникација, нели? Сме немале тет-а-тет, сме немале натиго-дајмиго со реплики, нели? Сме немале.
Мене Рики, од спиење пред малку ме разбуди најглупиот сон на сите времиња. Нема да ти го прераскажувам сега тука оти ем многу време и букви ќе требаат, ем со други очи ќе ме гледаш и нема да ме поштуеш ич. Доволно е да знаеш дека така ми почна денот, па ова го сметам за природен континуитет. Не ти, Рики. Темава. Дебата на оваа извонредно глупа тема е природен континуитет на тој rude awakening.

И немој овој вовед да го сметаш како некој дисклејмер за тоа дека "спуштам ниво" и се правдам зошто воопшто комуницирам со тебе. Не е тоа, Рики. Напротив, ова погоре е обид да додадеме интима на нашиот муабет, да го сведеме на едно човечко ниво, уште у пролог. Како директна комуникација. Ја тебе ти кажувам како ми почнал денот. Како на другар. Како да сме само ја и ти на темава.

Наместо да ги вреднуваш работите едно над друго, уживај во тоа најпростото што ти се допаѓа, без разлика каква музика тоа е во случајот.

Имаме проблем со формулацијата и дефиницијата на "најпростото". Имаме проблем и со степенувањето. Ако дојдам тука и пишам дека "Јас, Разиел, уживам во музиката што ја вади пилата додека сече некое дрво, за мене тоа е најпростото нешто што ми се допаѓа и го сметам за музика, a ако некој ми каже дека тоа не е музика може да оди бестрага", ќе има ли смисла таа моја изјава? Ти тука викаш дека не е убаво да се степенува, да се додава или одзема вредност, да се реди едно над друго, па со тоа моето инсистирање дека тој ебано ужасен звук на моторната пила или рикањето на магарето е музика, станува легитимно.
Друго нешто шо приметив е еден сериозно емаскулиран пристап во твојава одбрана. Не треба да се степенува, не треба да се вреднува, не треба да се дебатира. Треба само да се ужива. Пази која опасна дефанзива е тоа, Рики. Ти ниту еднаш погоре не се потруди да акцентираш вредност, квалитет или нешто у таа насока, туку целосно ги отфрлаш како концепти и се вадиш на чист хедонизам. И на кого тоа планираш да му го продадеш? :D

јас сум се погодил да сакам таква музика. Не сум осетил потреба да „барам“ нешто поквалитетно, туку едноставно да го прифатам она кое ми дошло во пресрет и ми се допаднало, па сум го собрал и сум го ставил како еден од основните делови на мојот карактер. И тоа нема да се смени, барем не толку драстично. Па можеби сакам ваква проста музика, но тоа воопшто не ме спречува да имам огромни познавања од други тематики, и воопшто не ми пречи во градењето на мојот карактер како добра и интелигентна личност, кој своето знаење ќе го користи за подобрување на општеството. Кога ќе ја погледнам големата слика, музиката што ја слушам е само еден мал сегмент од мојата личност, која доаѓа до израз кога ја дискутираме самата музика, и ништо друго, за разлика од многу други сегменти од мојата личност.

Mислам дека тука и завршуваме со полемики за музика. Не дека ги имаше. Тебе тие никогаш не ти ни биле приоритет. Овде нема дебата за тоа дали нешто вреди или не. Ова не е филозофска расправа за давање опипливост на нечиј субјективизам, Рики. Овде центарот треба да бидеш ти, тоа кој си ти, што тебе ти се свиѓа, колку ти си уствари срцка. Цело време таму ја тераш воденицата. Еве и ти болдирав. Пази која нарцисоидност прска во овие неколку болдови. :D
Финта продаваш, Рики. Влегуваш на тема за Лајно, таму некои луѓе викаат "лајното смрди", го толкуваат лајното како такво и идеш ти со твоето прво лице еднина и викаш "Јас еднаш имам стапнато на лајно, ама да ви кажам, тоа во ниту еден момент не ме попречи да uspeam vo zhivotot". Шо им се мешаш на луѓе додека разговараат за лајно со твојата претпоставена грандиозност? Каква врска имаш ти со тоа хипотетичко лајно? Кој спори дека и да си згазил на тоа хипотетичко лајно и да го носиш со себе до крајот на животот залепено за твојата патика, пак можеш да uspeesh vo zhivotot? Никој, Рики. Никој тоа не го спори. Луѓето само му даваат име и смрдеа, ти и твојата лична аседенција немате никаква врска. Сте тотално небитни.
 
Последно уредено:
Не го навредувам турбофолк и немам ништо против оние што го слушаат, ама Моје злато е нешто најгрдо што се појавило на Балканов.

Дај наредна тема за женска ми Рада отворете. :love:
Стварно песнава ми иде на живци, поготово кога ќе ја чујам некој ја пуштил во кола до даска да свири. Ме нервира оној раперот ако воопшто е и рапер тој.
 
Стварно песнава ми иде на живци, поготово кога ќе ја чујам некој ја пуштил во кола до даска да свири. Ме нервира оној раперот ако воопшто е и рапер тој.
Не знам што и кој пее, ама мноогу лоша е. Да ти скиснат дискотеките од песнава.
 
Не го навредувам турбофолк и немам ништо против оние што го слушаат, ама Моје злато е нешто најгрдо што се појавило на Балканов.

Дај наредна тема за женска ми Рада отворете. :love:

Пошто хард дискот во делот D ми е склецан,а цела музика ми е таму, не можам да си пуштам винамп. Имам навика да спијам со музика, па така наместо винампот, замена најдов во јутуб. И пуштив мислам Блок Аут и стегнав таму автоматски да се пуштаат песните една по друга. Ко сабајле се разбудувам едно време и нешто ми пее над глава-Ти моеее златоо, ти мое златоооооооооооо. Wtf си реков човече. ГО поклопив лап топот и си прилегнав.
Како резултат на тие стихови и нивно влегување во потсвеста, следниот сон ми беше за скриениот град Ел Дорадо. Го најдов!
 
Да ти скиснат дискотеките од песнава...
Чим песната се пее по кафани, дискотеки....., тоа значи дека е барана/слушана и дека таквиот вид музика му се свиѓа на поголемиот број посетители на кафаните и дискотеките.

Иначе еве и го настапот на Гранд фестивалот каде има освоено второ место. И оваа песна и е ептен добра...........:)

не бе баце, тој значи дека Диџеите са токмаци (нормално кд прават ремикс од турбофолк), а народо е премногу исшабанизиран за да знае за подобро. Како што реко, немам ништо против турбофолк, нека га слушав, кафани, ресторани има едн куп, ама НЕ и у дискотеки.
 
Не го навредувам турбофолк и немам ништо против оние што го слушаат, ама Моје злато е нешто најгрдо што се појавило на Балканов.

Дај наредна тема за женска ми Рада отворете. :love:

Нека пука до даска :D

Песната која ми го одбележа летово :Кезец:
 
не бе баце, тој значи дека Диџеите са токмаци (нормално кд прават ремикс од турбофолк), а народо е премногу исшабанизиран за да знае за подобро. Како што реко, немам ништо против турбофолк, нека га слушав, кафани, ресторани има едн куп, ама НЕ и у дискотеки.
Таков е народот, сака турбофолк. И не е тоа така само во Македонија, туку низ целиот Балкан/бивша Југославија. Каде се пушта турбофолк, таму се бара карта повеќе, а каде се пушта техно/забавно, таму има помалку луѓе. А газдите на дискотеките не гледаат што музика ќе се пушта, туку што бара народот, за да ја наполни дискотеката и да го наполни џебот. Затоа секој викенд грмат Мое злато, Италиана, Кеш кеш, Далеко си............:)
 
ова е се само музика не. изгледа во државава има огролем број на луѓе со лоботомизиран мозок
 
Имаме проблем со формулацијата и дефиницијата на "најпростото". Имаме проблем и со степенувањето. Ако дојдам тука и пишам дека "Јас, Разиел, уживам во музиката што ја вади пилата додека сече некое дрво, за мене тоа е најпростото нешто што ми се допаѓа и го сметам за музика, a ако некој ми каже дека тоа не е музика може да оди бестрага", ќе има ли смисла таа моја изјава? Ти тука викаш дека не е убаво да се степенува, да се додава или одзема вредност, да се реди едно над друго, па со тоа моето инсистирање дека тој ебано ужасен звук на моторната пила или рикањето на магарето е музика, станува легитимно.
Друго нешто шо приметив е еден сериозно емаскулиран пристап во твојава одбрана. Не треба да се степенува, не треба да се вреднува, не треба да се дебатира. Треба само да се ужива. Пази која опасна дефанзива е тоа, Рики. Ти ниту еднаш погоре не се потруди да акцентираш вредност, квалитет или нешто у таа насока, туку целосно ги отфрлаш како концепти и се вадиш на чист хедонизам. И на кого тоа планираш да му го продадеш? :D

Овој дел вака. Јас муабетот го правам пошто најчесто се соочувам со аргументи од типот „ова не е музика, нема музичка вредност“, ти текнува? И јас на тоа викам, океј бе, нека не е музика. Ајде, не е музика, нека е обично гомно. Ми се свиѓа звукот, шта чеш. Кој како сака нека го дефинира, мене тоа ми се свиѓа, тоа е тоа. Не планирам да ја бранам таа „музика“. Целта ми е да ги бранам луѓето кои ја слушаат оваа „музика“, бидејќи и јас спаѓам во тие луѓе.

Mислам дека тука и завршуваме со полемики за музика. Не дека ги имаше. Тебе тие никогаш не ти ни биле приоритет. Овде нема дебата за тоа дали нешто вреди или не. Ова не е филозофска расправа за давање опипливост на нечиј субјективизам, Рики. Овде центарот треба да бидеш ти, тоа кој си ти, што тебе ти се свиѓа, колку ти си уствари срцка. Цело време таму ја тераш воденицата. Еве и ти болдирав. Пази која нарцисоидност прска во овие неколку болдови. :D
Финта продаваш, Рики. Влегуваш на тема за Лајно, таму некои луѓе викаат "лајното смрди", го толкуваат лајното како такво и идеш ти со твоето прво лице еднина и викаш "Јас еднаш имам стапнато на лајно, ама да ви кажам, тоа во ниту еден момент не ме попречи да uspeam vo zhivotot". Шо им се мешаш на луѓе додека разговараат за лајно со твојата претпоставена грандиозност? Каква врска имаш ти со тоа хипотетичко лајно? Кој спори дека и да си згазил на тоа хипотетичко лајно и да го носиш со себе до крајот на животот залепено за твојата патика, пак можеш да uspeesh vo zhivotot? Никој, Рики. Никој тоа не го спори. Луѓето само му даваат име и смрдеа, ти и твојата лична аседенција немате никаква врска. Сте тотално небитни.
Е стој сеа. Да, го извртев накај мене. Ама зошто? Еве врати се на првиот пост на кој реплицирав. Членот вика „Одвратно, и не само тоа туку што е најстрашно е и погубно. Немање слух за жал е тесно поврзано со тежок облик на простоќа, само што не е нешто што може лесно секој да го примети“. Го прашав дали ова значи дека јас сум прост, и тој потврди. Од тука јас решив да го вртам муабетот накај мене, зашто муабетот за мене е почнат од моментот кога тој почна да ги осудува луѓето како мене. Она што јас го правам е, ги користам моите позитивни квалитети за да ги одбранам овие замислени „негативни“. Бидејќи некој се осмелил да рече дека јас сум прост, базирано врз ништо друго, освен вкус за музика. Што за мене е многу по „просто“. Како може да дефинираш човек ако знаеш само една и единствена информација за него, а и таа не е толку битна. Такашто, да, важи тоа што го пишав горе. Мене не ми е толку целта да полемизирам за музиката, колку што ми е цел да се одбранам кога сум нападнат. Знаеш, едно е човек да ти рече „немаш добар вкус“. Океј, ми е гајле. Ама друго е некој да ти рече „глуп си штом слушаш ова“. Значи ова се сосема различни категории. И јас имам бескрајна борба пред мене да се бранам, интересно ми е, но во исто време ми е предизвик бидејќи секој размислува на свој начин и јас наоѓам нов начин да ги разубедам и да ги приклонам кон мојата филозофија. А мојата филозофија е следната, ќе го разработам ова преку пример:

Имаме две ситуации, во кои главни актери сме јас и ти.

1. Се запознаваме и прва информација која ти ја дознаваш за мене е дека јас слушам турбо-фолк. Ти си човек што не може да го поднесе турбо-фолкот и ми викаш „губи се, нејќам да иам ништо со тебе“. Избегнуваш секаков контакт, не дискутираш за ништо со мене, не ги откриваш останатите мои доблести и маани, односно не ми го дооткриваш ликот. И не знаеш што можам да понудам.

2. Се запознаваме и се погодува да не знаеме каков вкус за музика имаме. Се слагаме за филмови, за ист клуб навиваме, праиме муабет за некои интересни хобија, филозофираме, се дружиме, излагаме по кафичи, стануваме друштво, мои другари-твои другари, ти требаат пари јас ти позајмувам, ми требаат пари ти ми позајмуваш, и се пушташ на некоја ја сум ти wing-man и обратно, сум ти помогнал да излезеш од депресија, долго време сме „екипица“ и си ги откриваме квалитетите. И дури подоцна, во сосема случаен муабет, дознаваш дека јас слушам музика која ти не можеш да ја поднесеш. И што сега, сето претходно искуство го бришеш? Јас не чинам, готово, веќе ништо ко да не било, не се дружиме? Многу нормално дека не. Ова станува само една обична маана. Ти сепак ќе го имаш истото мислење за мене, само што во твоите очи ќе имам една мала маана, која е неспоредливо мала во споредба со сите други работи. А тоа ништо нема да ти смени во нашиот однос, за разлика од првиот случај.

Ова е суштината на проблемот кој се ствара кога луѓето ги пишуваат овие работи, и ова е суштината во тоа зошто јас упорно ги вртам муабетиве. Да, верувам тоа сакаш да го слушнеш. Не ми е цел да ја бранам музиката, верувај. Кога се работи за музика, мојот став е едноставен. Остај ме мене да си слушам што сакам, јас те оставам тебе да си слушаш што сакаш. Кажи слободно бе, Милица е курва, Елитни Одреди се педери, кажувај вицеви за Саша Матич, ми е гајле. Али моментот кога ќе ја преминеш линијата и ќе почнеш да ги „осудуваш“ луѓето затоа дека се понеинтелигентни за тоа што слушале ваква музика, тука јас не можам да преќутам. Е тука доаѓаат овие муабети, тука е моментот кај што ја терам воденицата. Бидејќи не разбирам, навистина не разбирам. Музиката е само еден сегмент од човекот. Секоја личност, било која, секој има милион други сегменти кои можеш да ги категоризираш и да го оформиш своето мислење за него. Причината за која јас се земам себе како пример, верувај не е од его. Да, јас сум егоист, не го негирам тоа, тоа ми е една од првите карактеиристики кога се опишувам себеси. Но, во овој контекст не зборам за себе од таа причина, барем не од самобендисаност (ако го исфилозофираме можеме да дојдеме и до тоа основно его некако, но тоа што сакам да го кажам е дека не се земам себе за пример поради тоа што сум самобендисан). Зборам бидејќи сметам дека е најсоодветно да се земам себеси како пример. Најдобро се познавам себеси и најлесно можам да ја направам таа компарација, која ми е во прилог на филозофијата.

Крај-краева, која и да е причината (дури и целосно да го занемариме параграфот над овој), сметам дека имам секакво право, не само што го имам, туку и морам да го користам тоа право, да зборувам за себе кога некој се осмелил да ме омаловажи во овој поглед. Бидејќи, нели, тој почнал да збори за мене, не јас. Па ако тоа ме прави егоист, so be it.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom