ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.861
- Поени од реакции
- 44.296
- Возраст
- 30
еееееееееееее тоа да знаешхахахаха кај ти текна на темава бе xD

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
еееееееееееее тоа да знаешхахахаха кај ти текна на темава бе xD
@bijons
...астероидите, понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев Систем кои орбитираат околу Сонцето. Помали се од планетите, но поголеми се од метеороидите.
...астероидните објекти составени од карпи и метали кои орбитираат околу Сонцето, но се премногу мали за да се сметаат како планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 км во дијаметар. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак главно се концентрирани во еден регион меѓу орбитите на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас. Некои имаат орбити кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. За тоа сè уште сведочат бројни кратери на површината на Земјата, но сепак поголемиот дел од нив ги избришала ерозијата.
Прегледај го приврзокот 285090Прегледај го приврзокот 285091Прегледај го приврзокот 285092Прегледај го приврзокот 285093Прегледај го приврзокот 285094
...астероидите се остатоци од материјалот од кој се создал Сончевиот Систем. Една теорија вели дека тие се остатоци од планета која била уништена од судар одамна во минатото. Но научниците сметаат дека според составот и количеството на астероидите, оваа теорија отпаѓа. Пресметано е дека вкупната маса на сите астероиди кога би се собрала во еден објект, тој не би имал ни 1500 км во дијаметар, речиси двојно помалку од пречникот на Месечината. Во сета таа маса Церера, 933 км во пречник, учествува со 25%.
...Голем дел од нашето знаење за астероидите доаѓа од испитувањето на парчињата кои паднале на површината на Земјата. Астероидите кои се на патека со Земјата се наречени метеороиди. Кога метеороид паѓа во атмосферата со голема брзина, при триењето тој се забавува создавајќи светла линија позната како метеор. Ако метеороидот не согори сосема, она што останало паѓа врз Земјата се нарекува метероит.
Прегледај го приврзокот 285095Прегледај го приврзокот 285097
...бидејќи астероидите се составени од истиот материјал како Сончевиот Систем во своите рани фази, астрономите се многу заинтересирани за нивно проучување. Вселенските летала кои имаат прелетано низ Главниот Астероиден Појас имаат откриено дека тој е прилично празен, односно дека астероидите се наоѓаат на големи растојанија помеѓу себе. Пред 1991 единствените информации за астероидите ги добивавме од набљудувањата кои ги вршевме од Земјата. Таа година вселенското летало Галилео го посети астероидот 951 Гаспра, со што тој стана првиот астероид од кој имаме фотографии со висока резолуција. Подоцна, во 1993, Галилео повторно прелета близу астероид, но овој пат 243 Ида. Двата се класифицирани како S-тип астероиди, составени од силикати богати со метали. Од тогаш се извршени уште две прелетувања на астероиди (253 Матилда и 433 Ерос), двете извершени од сондата NEAR (подоцна прекрстена NEAR-Shoemaker).
Прегледај го приврзокот 285096
...монголија - парламентарна република која се наоѓа во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и југозапад. На запад Монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија.
Прегледај го приврзокот 285099Прегледај го приврзокот 285100
...низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различни номадски империи, меѓу кои Сјонгу, Руран, Сјанбеј, Ѓоктурција и останати. Монголската Империја била основана од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на Јуен, Монголците се вратиле на старите обичаи. Во 16 и 17 век, Монголија подпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на Ќинг кон крајот на 17 век. За време на распаѓањето на династијата Ќинг во 1911, Монголија прогласила независност, но со големи тешкотии. Официјално во 1921 година Монголија била целосно независна и суверена република и до 1945 година го стекнала меѓународното признание. Како последица на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија потпаднала под негово големо влијание на, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, на Монголија и била призната независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување било комунистичко, налик на советското општествено уредување. Со распаѓањето на комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Монголската демократска револуција и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на регуларни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар.
Прегледај го приврзокот 285104Прегледај го приврзокот 285102
...монголија е 19-та најголема држава во светот со околу 1.564.116 километри квадратни, а воедно и најретко населената држава во светот со вкупно население од 3,2 милиони луѓе (2019), малку повеќе од населението во Македонија. Исто така, Монголија е втората најголема држава во светот која нема излез на море, веднаш зад Казахстан. Државата има многу мала обработлива површина, бидејќи најголем дел од територијата е степска, со планини на север и запад и со пустина на југ. Околу 30% од населението во Монголија се номади или полуномади, патувајќи од место до место низ земјата.
Прегледај го приврзокот 285103
Разлистај ја темава од почеток да ти ебам све.
Хахахаха ме пресмеа, плачеш у серија а, ги пријавуваш моите постови со Горилаз, Дегенеро, Спермос и компанија и тука ме цитираш демек види ја како се заебавам...@Trolejbus Еве прочитав дека астероидот ќе падне во Торино, среде Јувентус стадионот. Ова значи директно опаѓање на Јувентус во Серија Б, а можеби и распад на клубот, додека Ањели го чека долгогодишна затворска казна. Од ова најмногу ќе профитира Интер кој ќе биде следен владетел во Италија, а Смрдеа, Бјанконеро, Сперми, Горилаз и Мондо ќе скренат и ќе завршат во Бардовци.
Сега само чекаме астероидот да си ја заврши својата работа.
Koга немаат реплика/aргумент/факт на некој пост Охриѓанецот Avenger 99 a исто така и Psyside со ова смајли реплицираат: Прегледај го приврзокот 285869
Tие двајца членови на кајгана се рекордери со користење на ова смајли...Прегледај го приврзокот 285870