Анима Мунди

  • Креатор на темата Креатор на темата Ligar
  • Време на започнување Време на започнување
Океј, за почит е тоа што го прават со помагање на животни, со акции за вдомување и слично ама многу гебелсовидна пропаганда имаат на напаѓање на неистомисленици и лица кои не се вегетеријанци
 
Во Букурешт имат над 64000 кучиња скитници и тие само во 2012 имале нападнато над 16000 луѓе, а во последниве 5 години 4 луѓе се умрени од кучиња од кои и едно 4 годишно дете кое беше изеено од страна на куче шо било регистрирано од некоја НВО. Се сеќавам имаше протести за да се еутанизираат кучињата ама и протести за да се остает да живеатод неколку ненормални луѓе меѓу кои беше и Брижит Бардо која била за заштита на животните и го омаловажвеше Романскиот претседател.
 
Јас на сите тие фанатици од дунди мунди топло им посакувам да бидат убаво искасани од едно бесно куче па да видиме после дали ќе продолжат да ги бранат бесните џукели или конечно ќе се повикаат на здравиот разум.
 
Имам една другачка што полека но сигурно забегува по овие работи. За неа си знаев дека малку не е читава во тоа главата и пред година дена почна да изиграва веган нешто, сеа веќе е замутавена.
Од мал град сум, и лани летото компанија се договоривме да си шетаме низ град обиколка целосна по сите улички. Со еден другар сме кучкари, а повикаме некое куче, си иде по нас. И така си одеше кутрето по нас цело време, јас си отидов и следново ми го прераскажаа приустните.
Кога стигнале до колата на другарот да си ја земе, тој ги товарил сите за да ги разнесе по дома. Кога тргнале, кучето почнало да трча по колата. Другачката моја, кога дала едно хистерично викање да се застане, па да се застане итн. На другарот му скурчило, и ѝ рекол ако не прекине да излезе надвор.
Од тогаш ја избегавам.

Големо чудо, што направила. Одлична причина да ја избегаваш. (y)
Абе ќе те пријавам на Анима мунди одма ќе ти го поништат членскиот статус "кучкар". Кучето е најдобар другар, така ли се однесуваш кон другарите бе, како сте можеле да повикате куче да шета со вас и туку така да го оставите бе алооо. :icon_lol::pos:
 
Анима мунди се све, освен организација која навистина им помага на животните. Треба повеќе да се занимаваат со животинчињата особено бездомните и повредените, отколку да ги напаѓаат луѓето што јадат месо. Впрочем треба аргументи да дадат против јадењето месо и слично, а не да хистеризираат како Ивона на Латас.
Вегетеријанец сум 11 години, ги сакам животните, но пристапот им е ненормално лош, а активистите ќе препукнат од таа етикета да доброТа што си ја придаваат, како глеј ме ЈАС НЕ ЈАДАМ ЖИВОТИНЧЕ, ТИ СИ СРАЊЕ, ти јадеш месо.
Имав предлог да бидам волонтер нивни, секако дека не станав, подобро индивидуално да им помагам наживотинчињата, функционираат преку една група на фејсбук, ќе стави некој пост за некое животно, и тоа така си седи, нема ни А од АКЦИЈА.
Ова нема ни у Београду. :tapp:
 
Да намалат со нападите, и ок ќе се, добро се грижат за животните и со акции и со све, само понекогаш искрено малце ја тупат по коментари..
Секој си има избор дали да биде веган или не, нема потреба од навреди, а и од тие шо не се вегани има значително многу навреди ...

А премногу ми се гади кога ќе видам некој што тера сеир на видео што имаат објавено во кое што јасно се гледа насилство кон животни. Чукнете се у глава бе луѓе
 
А што јадат нивните миленици, да им ебам глата нивна трула.

Јадат се што ќе им донираат. Да не мислиш они им купуваат за јадење? Операција требало да се праи, "кој e во можност да донира ние ќе бидеме утре со штанд таму и таму, повелете, придружете ни се заедно можеме да им помогнеме на нашите "најмили". A вие за шо сте ЗДРУЖЕНИе? За донации од крпчиња и шприцови кои чинат вауууууу дури фантастични 2 до 5 денара у аптека! (зависи до големина на шприцот)
И утре ќе ја пуштат "излечена" џукелата на улица да ти откине нога и на крај ти ќе испаднеш виновен шо си поминувал пред него, требало да фатиш преку Центар па Кисела Вода да стигнеш до Автокоманда, да не му сечеш пат на "кутрото" (невакцинирано против беснило 100%) кутренце...

П.С Шернете им ја темава на фб групата, одма ќе се накотат тука секташите. Баш ме интересира шо имаат у своја одбрана :D
 
Последно уредено:
Анима дунди може да ми каснат од газот, конкретно од она најсочното месо во средината! Се додека не си ги приберат бесните џукели што летаат на улица по тркала (ко ќе сум на мотор и по нозе) ќе бидат ДУНДИ...
Може да се занасаат колку сакаат, сакам кучиња и чувам дома и куче и мачка, ама радо би утепал џукела ако некад ме угризе за нога!
А сакам и нив истото да ги снајде! Материната!

Глуп си или тренираш? Зошто мислиш дека бесните џукели се нивни? Бесните џукели се на несовесните глупаци што чуваат женки па после малите ги пуштаат на улица. Анима Мунди работи со ограничени средства и сите тие средства се сведуваат на донации. Активистите чуваат дома и по 10 животни, со отворени рани, животни кои никој не сака да ги земе. Тие луѓе имаат голема одговорност, за разлика од повеќето тука, само јадат гомна ова не чинело тоа не чинело а не сакаат да помогнат на луѓе, а не пак да земат во кола и да платат ветеринар за повредено куче. Ми се блуе од македонците и од такви како тебе што мислите дека тие кучиња се нивни, не се нивни и се подеднакво проблем на тебе како и на нив, додека не се свести овој народ. Си ја заслужуваме државата во која живееме, си го докажуваме и по форуми и сегде.
 
Глуп си или тренираш? Зошто мислиш дека бесните џукели се нивни? Бесните џукели се на несовесните глупаци што чуваат женки па после малите ги пуштаат на улица. Анима Мунди работи со ограничени средства и сите тие средства се сведуваат на донации. Активистите чуваат дома и по 10 животни, со отворени рани, животни кои никој не сака да ги земе. Тие луѓе имаат голема одговорност, за разлика од повеќето тука, само јадат гомна ова не чинело тоа не чинело а не сакаат да помогнат на луѓе, а не пак да земат во кола и да платат ветеринар за повредено куче. Ми се блуе од македонците и од такви како тебе што мислите дека тие кучиња се нивни, не се нивни и се подеднакво проблем на тебе како и на нив, додека не се свести овој народ. Си ја заслужуваме државата во која живееме, си го докажуваме и по форуми и сегде.

Ги осудувам затоа што и тие џукели ги бранат, и посакуваат смрт на ДЕЦА, за да може тие џукели шо напаѓаат по улици да живеат и да продолжат да напаѓаат!
Бесните џукели многу ми е гајле чии се, и јас имав бесна џукела па ја испратив на оној свет со една инекција (болна беше и почна да станува агресивна). Ама не, тие би го осудиле тоа што јас сум го "убил" кучето и по нивно наместо еутаназија (или како и да се пишуваше) би требало да го пуштам да изеде некого (дете недај боже) за оно да може слободно да шета по градов...
Да посакуваш смрт на ДЕТЕ човече, за да можат агресивните џукели да напаѓаат!!! Колку треба да си болен во умот да го напишеш тоа? Всушност, колку треба да ти е болен умот за да го помислиш тоа???


Едит: И муабетот исто ми е, шо ги бранат и агресивните кучиња, оти не си ги приберат дома те така да им трчаат по дома и да ги лаат и гризат по нозе/раце? Со беснила со глисти со све да може да зафатат некоја зараза чим се толку чакнати во умот? Не се будали тие толку, лаат на фб ама баш се ДУНДИ, во буквална смисла на зборот во реалниот свет...
 
Последно уредено:
Глуп си или тренираш? Зошто мислиш дека бесните џукели се нивни? Бесните џукели се на несовесните глупаци што чуваат женки па после малите ги пуштаат на улица. Анима Мунди работи со ограничени средства и сите тие средства се сведуваат на донации. Активистите чуваат дома и по 10 животни, со отворени рани, животни кои никој не сака да ги земе. Тие луѓе имаат голема одговорност, за разлика од повеќето тука, само јадат гомна ова не чинело тоа не чинело а не сакаат да помогнат на луѓе, а не пак да земат во кола и да платат ветеринар за повредено куче. Ми се блуе од македонците и од такви како тебе што мислите дека тие кучиња се нивни, не се нивни и се подеднакво проблем на тебе како и на нив, додека не се свести овој народ. Си ја заслужуваме државата во која живееме, си го докажуваме и по форуми и сегде.
Земи и ти чувај 10 џукели дома, што чекаш, има тука кај мене едни комшики сестри се и двете се немажени, имаат 20 мачки и 6 кучиња, само незнам што си прават дома, особено со кучињата, па да дојдеш да видиш кога ќе им го растргаат ѓубрето од пред врата, улошки колку сакаш по улица, море еј....децава нема кај да ги пуштам вие за правата на животните ми зборувате и дека за тоа сме заостанат народ, како нема сите напредни како вас, да си заминете. Ај во понеделник фрламе ѓубре, ќе ти сликам искористени улошки да ги видиш низ цела улица. на што личи, а да не ти кажам како мириса сега со жештините.
 
Јас ептен ги поштувам ради залагањето за вдомување и такви ствари, од 6те мачиња што ги имав, две успеав преку нив да вдомам. Имам и помогнатно во некои случаи кај што итно се барале некои продукти и на лице место имам однесено да помогнам на мали кучиња и мачиња што имале проблеми. Сепак, колку што е ова добро, толку е лошо и тоа што спамаат со веганството и вегетаријанството и омразата према тие што не мислат како нив, ја претераа више. Мада чудна работа, порано не беа вакви, баш беа кул и не напињаа толку. Можно е да имаат поставено некои нови админи, пошто драстично е променета страната.

Како и да е, сметам дека вакво здружение треба да постои, само малку поинаку да се организираат.

Што се однесува пак до уличните опасни животни, треба и они, а и вие да сфатите дека не треба целта да биде да ги браниме луѓето или да ги браниме животните во случаиве. Пошто идиотско ми е тоа „го провоцирал кучето“, ама уште поидиотско ми е „глеј џукелана што му напраила, дај да ја убиеме“. Ало, човек си, ти треба да си тој што ќе е разумен и што ќе увиди дека проблемот не е индивидуален, туку е на поголемо ниво од тоа. Треба свеста на народот да се донесе до таа мера што ќе почнеме да го намалуваме бројот на улични животни, ама не со ебано убивање ебате. Кој психопатски мозок треба да имаш па за да убиваш животни, пошто ако едно куче те нападнало, не значи дека сите се исти и дека треба све да испоколеме. Затоа се врши кастрација и стерилизација, за да не дојде до зголемување на бројот, а животните после тоа си продолжуваат со нормалниот нивен живот. Државата исто треба повеќе да почне да ги контролира овие работи, шинтерите од Вардариште и слично да не бидат кланица за нив, туку да ги регулираат уличните животни, да се посветат повеќе финансии и подобро да ја организираат оваа област. Колку порегулирани се овие работи, толку помалце и напади ќе има. Ако животните се згрижени само во домови со семејства кои ги чуваат, на улица нема веќе кучиња скитници, никој нема да те напаѓа, нели? На тоа се мисли кога се вика дека треба да ги згрижиме, само што многу тоа го сфаќат како да ги ставаме животните над луѓето. Проблемов се решава со мерка, со интервенција, не со убивање. Со тоа што ќе им помогнеш на животните, ќе им помогнеш и на луѓето и ќе си помогнеме самите себе. Тоа е суштината на проблемов, двете страни предлагаат глупи решенија кои никад нема да помогнат во решавање на истиот (и притоа се спротивставуваат едни со други, како и се друго во државава).

Ама крај-краева, ова е ФИРОМ, па муабетов исто како да не сум го напраил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom