Јас ептен ги поштувам ради залагањето за вдомување и такви ствари, од 6те мачиња што ги имав, две успеав преку нив да вдомам. Имам и помогнатно во некои случаи кај што итно се барале некои продукти и на лице место имам однесено да помогнам на мали кучиња и мачиња што имале проблеми. Сепак, колку што е ова добро, толку е лошо и тоа што спамаат со веганството и вегетаријанството и омразата према тие што не мислат како нив, ја претераа више. Мада чудна работа, порано не беа вакви, баш беа кул и не напињаа толку. Можно е да имаат поставено некои нови админи, пошто драстично е променета страната.
Како и да е, сметам дека вакво здружение треба да постои, само малку поинаку да се организираат.
Што се однесува пак до уличните опасни животни, треба и они, а и вие да сфатите дека не треба целта да биде да ги браниме луѓето или да ги браниме животните во случаиве. Пошто идиотско ми е тоа „го провоцирал кучето“, ама уште поидиотско ми е „глеј џукелана што му напраила, дај да ја убиеме“. Ало, човек си, ти треба да си тој што ќе е разумен и што ќе увиди дека проблемот не е индивидуален, туку е на поголемо ниво од тоа. Треба свеста на народот да се донесе до таа мера што ќе почнеме да го намалуваме бројот на улични животни, ама не со ебано убивање ебате. Кој психопатски мозок треба да имаш па за да убиваш животни, пошто ако едно куче те нападнало, не значи дека сите се исти и дека треба све да испоколеме. Затоа се врши кастрација и стерилизација, за да не дојде до зголемување на бројот, а животните после тоа си продолжуваат со нормалниот нивен живот. Државата исто треба повеќе да почне да ги контролира овие работи, шинтерите од Вардариште и слично да не бидат кланица за нив, туку да ги регулираат уличните животни, да се посветат повеќе финансии и подобро да ја организираат оваа област. Колку порегулирани се овие работи, толку помалце и напади ќе има. Ако животните се згрижени само во домови со семејства кои ги чуваат, на улица нема веќе кучиња скитници, никој нема да те напаѓа, нели? На тоа се мисли кога се вика дека треба да ги згрижиме, само што многу тоа го сфаќат како да ги ставаме животните над луѓето. Проблемов се решава со мерка, со интервенција, не со убивање. Со тоа што ќе им помогнеш на животните, ќе им помогнеш и на луѓето и ќе си помогнеме самите себе. Тоа е суштината на проблемов, двете страни предлагаат глупи решенија кои никад нема да помогнат во решавање на истиот (и притоа се спротивставуваат едни со други, како и се друго во државава).
Ама крај-краева, ова е ФИРОМ, па муабетов исто како да не сум го напраил.