Дресура

Навикнувањето на огрлицата треба да започне веднаш штом кученцето дојде од одгледувачот. За прва огрлица одберете лесна и тенка, бидејки вратот е малечок и краток. Првите денови ставајте ја на кученцето само 2 - 3 минути, кога си играте со него. Веројатно ке му смета, ке се драска по вратот во желба да ја извади. Бидете истрајни и заиграјте го со неговата најмила играчка. Вашиот миленик полека ке прифати дека има нешто на вратот, важно е тоа искуство да биде само позитивно. Никако не влечете го за огрлицата и не ставајте на неа поводник. кога малиот миленик повеќе не се бори против огрлицата, времето на носењето постепено продолжувајте го. Така огрлицата можете да му ја ставате додека јаде, спие и ги работи сите други вообичаени работи. Сега е време за поводникот.
 
Кај првиот поводник најважен е карабинот, кој не смее да биде тежок и голем, за да не му смета на кученцето додека оди. Флекси (автоматскиот поводник) не е баш најдобар, бидејки на кученцата им испушта необичен звук, кога се запира и пластиката може озбилно да го повреди, ако се случи да од страв истрча со неа. Сето тоа смешно се слуша, но не можете да замислите, колку брзо флекси ''побегнува од рацете'', се додека тоа не ви се случи. Оставете го тој поводник за прошетките во покасниот период. Првиот пат закопчајте го поводникот на огрлицата во станот или дворот и едноставно пратете го песот. Поводникот цело време нека биде лабав, не затегнат. После неколку минути извадете го поводникот и поиграјте си со кученцето. Следниот пат застанете во место и повикајте го песот да дојде, пред поводникот да се затегне до крај. Кога малиот миленик ке дојде, убаво помилувајте го и откачете го поводникот.

Песот треба да свати дека не е поводникот оној кој го влече и ограничува, него дека тоа е некоја врста на ваша подолга рака. После неколку дена играње и повикување на поводникот, тргнете во кратка прошетка по познат терен. Ако во иднина не скате да имате проблеми, песот наградувајте го секогаш, кога ке дојде до вас. И секогаш кога не влече, него убаво шета, охрабрете го и кажете му дека е добар. Тек кога кученцето потполно навикнало на поводникот и огрлицата, тргнете со него во подолга прошетка и во непозната околина.
 
РАКУВАЊЕ


Веќе дојдовте до ракување... Тоа би требало да значи дека вашиот пес веке добро ја научил командата СЕДИ. Доколку е така, одиме понатаму...

Земете го лакомството во раката, наредете му на песот да седне и покажете му го лакомството. Земете ја неговата шепа во раката и кажете ја командата <span class="postbody1"><span style="font-size: 9pt; font-family: Verdana;">"
 
:toe:Да му се сневиде ве молам избришајте ги пораките кој немам нисто написано .Не дава да нишувам.:toe:
 
АГИЛИТИ

Agility е кинолошка спортска дисциплина во која што песот со помош на својот водител ја совладува одредената патека, која се состои од висински, далечински препреки, тунели, слаломи и препреки со контактни зони...
 
Тоа е спорт во кој доаѓа до изразување интелигенцијата и вештината на песот, во кој се покажува способноста за снаоѓање на водичот во новите ситуации и во кои песот и водичот постануваат совршен тим кој без никаков физички контакт можат да се разберат.

SamuAnu1-Agility.jpg


Просторот за agility стазата мора да биде најмалку 20x40 метри. Ако на истиот простор се поставуваат две стази, тие мора меѓусебно да бидат раздвоени со ограда или да бидат одалечени околу 10 метри. Должината на стазата може да биде од 100 до 200 метри со 12 до 20 препреки во зависност од категоријата на натпреварувањето (испитот). Од 12 до 20 препреки, најмалку 7 мора да бидат висински.
Обликот на стазата е во целост препуштена на маштата на судијата, но мора да содржи најмалку две промени на правецот. Пред почетокот на натпреварувањето, судијата проверува дали препреките ќе се употребат, одговараат на FCI прописите. Судијата ја составува скицата на стазата која што ја предава на организаторите. Организаторот врз основа на скицата ги поставува препреките. Судијата го надгледува поставувањето на стазата и пред почетокот ја мери нејзината должина. Добро осмислената стаза мора на песот да му овозможи да се движи лесно и течно. Крајната цел при поставувањето на стазата е да се урамнотежи контролата над песот, избегнувајки ги така грешките при составувањето на препреките, со брзината на движењето на песот на стазата. Општо правило е да распоредот на препреките од трка во трка се менуваа, бидејки така стазта на песот не му постанува навика.
 
ВРЕМЕ - Основниот критериум за одредувањето на стандардното време е одбараната брзина на свијувањето на стазата во m/s. При избирањето на брзината треба да се земе во обзир степенот на натпреварувањето (испитот) и тежината на стазата. Брзината на свијувањето на стазата може да биде од 1,8 до 3,5 m/s. Стандардното време за стазата се добива со делење на должината на стазата (во метри) со брзината (во m/s). На пример : За должина на стазата од 150 m и брзина од 2,5 m/s, СТАНДАРДНО ВРЕМЕ 150:2,5=60 s.
Вообичаено е судијата како максимално време за стазата да земе двојно стандардно време. Судијата не смее никогаш да постави максимално време помало од 1,5 од стандардното време.
 
На просторот за натпреварување не е дозволено вежбање. Дозволено е единствено прошетување на стазата и тоа само на водичот, без песот. Пред почетокот на натпреварувањето судијата ги собира натпреварувачите и им дава точни објаснувања за правилата на одвивањето на натпреварувањето како што се стандардното време, максималното време, критериуми на оценување…..
Водичот доаѓа до стартот со песот па го остава позади стартната линија, било во седечка, лежечка или стоечка положба. Го откопчува поводникот и ја вади огрлицата. Носењето на огрлицата за времето на натпреварувањето, поради сигурносни причини не е дозволено.
Водичот пред стартот смее да го заземе по желба одбраното место на стазата. За време на натпреварувањето водичот не смее да има ништо во рацете. Водичот му дава на песот знак за старт после дозволата на судијата. Мерењето на времето започнува од оној момент откако песот ке ја помине стартната линија. За време на трката дозволени се вербални и визуелни сигнали.
Водичот мора да внимава песот да ги совлада препреките според зададениот редослед без да го додирнува песот или препреките. Исто така, самиот водич не смее да ги совладува препреките. Стазата е совладана и мерењето на времето е завршено кога песот ќе ја помине линијата на целта. Тогаш водичот на песот му ги става огрлицата и поводникот и заедно со него го напушта теренот.
 
Има две стандардни поделби на agility. Првата поделба е според големината на песот натпреварувач: СТАНДАРД и МИНИ AGILITY. Песовите кои се пониски од 40cm во грбот работат мини agility, додека поголемите работат - стандард agility. Поделбата е направена така да висинските препреки одговараат на висината на песот. Сите останати препреки се исти, освен A-препреката на која исто така и се намалува аголот при врвот заради постигнување на потребната висина за помалите песови.
Следната поделба е на AGY 1, AGY 2, AGY 3. Песот почетник мора прво да го помине испитот AGY1, и три пати да го заврши со одличен пласман за да може да премине во следниот разред. Најчесто песовите трчат година дена според програмата на AGY1, па тек потоа со стекнатотот искуство преминуваат во повисокиот разред.
Целата суштина на agility е да песот заедно со својот водич во одредено време - кое е помеѓу 33-55sec. во зависност од стазата и одлуката на судијата, ги совлада препреките според одредениот редослед. Секое совладување на препреката спротивно од зададената страна или совладување на препреката која не е на ред повлекува дисквалификација. Секој физички контакт на песот носи негативни бодови, а евентуалната примена на физичка сила донесува дисквалификација. Победник е оној тим кој ја совладал стазата во што пократко време и со што помалку негативни поени.
 
Сите песови коисе здрави и постари од година дена можат да се занимаваат со овој спорт. Потребно е пред тоа да се помине тестирање кое ќе покаже колку е песот послушен. Agility е невозможно да се работи и без некои технички помагала. Пред се тоа се препреките. Во почетокот обично се работи на препреки кои се од своја рачна изработка. Во ваквите ситуации треба да се биде многу внимателен со изработката на препреките, посебно треба да се внимава препреките кои сме ги изработиле да не бидат опасни за песовите. Не смеат да се прават нестабилни препреки, препреки со шиљасти краеви, препреки кои при паѓањето би можеле да го повредат песот. Purina, Eukanuba, Pedigree во склопот на своите производствено - пропагандни програми би требало да имаат барем еден сет препреки кој е доволен за помало натпреварување.
Препреките се делата на : висински, препреки со контактни зони, слалом и маса. Во еден сет препреки влегуваат : A - препрека, мост, клацкалица, маса, слалом, далечина, вијадукт и 10-на стапови за висински препреки. препреките со контактни зони се следните : мост, клацкалица, A-препрека. Заедничкото на тие препреки е да имаат на својот почеток и крај еден дел обоен поинаку од преостанатиот дел на препреките. Задачата на песот е да барем со едната шепа го допре тој поинаку обоен дел. Тој дел на препреката го викаме контактна зона. Обликот на стазата во целина е препуштен на маштата на судијата. Од FCI признати се следните препреки:
 
ВИС - ВИСИНА стандард-55-65cm, мини-35-40cm, ширина- најмногу 120cm. Висовите можат да бидат помеѓу два бочни крила конструирани на повеќе начини: ло даскички, со исполнета плоча, со решетка, пополнети шиби. Сите висови мораат на горниот крај да имаат поставено даска која може на допир на песот да падне.

agility.jpg
 
ЗИД или ВИЈАДУКТ -стандард-55-65cm, мини-30-40cm, најголема ширина 120cm, дебелината на зидот околу 20cm. Зидот се состои од исполнета површина, а вијадуктот може да има еден или до два отвора во облик на тунел. На горниот дел и на двете препреки стојат покретни елементи во полукружен облик.

nickyy.jpg
mvtunnel.jpg

agyapobig.jpg
MyfLoznica.jpg
 
МАСА - површина најмалку 90x90cm, најмногу 120x120cm, висина - стандард 60cm, мини -35cm. Масата мора да биде стабилна, а горната плоча не смее да биде лизгава.

tablehershey.JPG
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom