Дресура

Ke pocnete taka sto ke go ”namamite” da skokne: siroko ke gi rasirite racete, pocuknete se po nadkolenicite i napravete se za da go namamite kuceto na misla deka sakate da skokne na vas. Navistina pobarajte toa da go napravi. Stom toa ke go postignete, odbijte go verbalno (”Ne!”) ili so gest, bez nagraduvanje. Toa e ednostavno signal koj mu pokazuva na kuceto deka pogresno predpostavil i deka nema nikakvi sansi deka za takvo odnesuvanje ke dobie nagrada. Brzata reakcija pomaga. Ako na kuceto mu dadete signal stom prednite sepi gi odvoi od tloto, ke mu bide mnogu pojasno, otkolku ako pocnete da vikate ”Ne!” koga veke gi odlepil sepite od tloto, gi podignal metar visoko vo vozduhot i gi spustil na vas. Toa e trom trening. Konecno, mozete kuceto i taka da go naucite, ama ke vi treba znacitelno poveke povtoruvanje, i toa ZNACITELNO poveke. Zatoa, obrnete vnimanie na toa. Otkako taka ke odreagirate na nekolku obidi za skokanje, kuceto najverovatno ke proba nesto drugo da napravi na vas povik. Mnogu kucinja ednostavno ke sednat. Ako ne sedne, mozete vie toa da mu go sugerirate. Otkako ke sedne, vooduseveno pofalete go, pogalete go i dajte mu nagrada od svojot dzep. A potoa se povtorete.

Vezbajte se dodeka konecno ne postignete kuceto poveke da ne saka da skokne na vas, bez ogled sto i da pravite. Vo toj moment, vasiot povik za skok stanuva alternativna naredba za sedenje. Super, zar ne? Ova ke vi pomogne, ne samo da go kontrolirate predizvikot na vaseto kuce da skokne, tuku vooedno e i podgotovka na kuceto od onie nezibezni glupaci koi ke go sabotiraat vasiot trening barajki ili dozvoluvajki mu na kuceto da skoka na niv (”Ma, vo red e! Jas gi saaaaaakam kucinjata!”). Ako edna od deset licnosti mu dozvoli na vaseto kuce ili go pottikne da skokne, toj obrazec na odnesuvanje ke se zadrzi. Poradi toa, aktivno pripremete go vaseto kuce za takvi situacii so pomos na ”anti-skok” vezbata.

Kucinjata zacuduvacki brzo ucat da ne skokaat na vas veke na prviot trening. Toa sto nuzno ne go ucat e da ne skokaat na vas ni podocna, ili dodeka ste na gorniot kat ili koga se raboti za druga licnost. Ova bedno generaliziranje e karakteristicno za kuceskoto ucenje. Naviknete se natoa. Za sreka, treningot e brz i sekoe dopolnitelno treniranje e uste pobrzo, pa zatoa podgotvete se da gi pokriete site bazi. Najdobar nacin toa da go postignete se treninzi so celno resavanje na odredeni poteskotii.
 
Кога да започнете да го учите да седне, легне, дојде... Од колку месеци?

Штом ке го земеш песот, никогаш не е рано, само полека, низ игра, стрпливо...

Некој ке те советува од 3 месеци, некој од 7, некој од 1 година, но кога ке дојде таа "советувана" возраст, ке сватиш колку работи си пропуштил само затоа што си чекал кученцето малку да порасне, а тие најлесно се учат токму додека се мали, па како и децата.

Значи, слободно, оној момент кога ке го донесеш кученцето дома, можеш да започнеш да го учиш на различни работи, и тоа се на начин така да и на него и на тебе ви биде интересно. Само секогаш имај ја на ум неговата моментална возраст, и со самото тоа и неговите возможности. Биди стрплив, и постојан.

П.С. За која раса зборуваме? Големите раси многу брзо пораснуваат, па потоа, ако некои работи не ги научат додека се мали и лесни за "корекција", после знае да биде проблем, бидејки кога ке бидат големи, силни и брзи, а сеуште бебиња во душата.
 
K-9 Обука на малото куче

Предложениот курс е подробно опишан во 15 вежби, на кои што се засновуваат основните навики за послушност. Тие вежби се спроведуваат еден пат дневно, изведувајки ја секоја вежба по два пати. Секоја вежба се повторува преку денот. За да го завршите курсот потребни ви се 60 дена.

Курс за обука на малечкото кученце
оптоварувањето и методите се во сообразност за 2-3-месечно кученце

Овој курс беше напишан во отговор на многубројните молби, да раскажеме за методите на воспитување на малечките кученца и развивањето на основните навики за обучувањето. На прв поглед на оваа тема веке се издадени десетици, можеби и стотици книги, напишани се стотици статии во специјализираните списанија. Во нив има изобилие од совети, колку е важно да го научите кучето на елементарните навики на послушност, така што тренинзите можат да започнат веднаш или покасно, после навршувањето на еден (1) месец на кученцето (искористувајки ги соодветни методи, се разбира), дека основните навики за послушност најлесно се усвојуваат имено на таа возраст. Имено всушност тогаш, се дозволуваат понекогаш непоправливите грешки при воспитувањето. Во таа литература, практично нема обука за основната обука на малечките кученца.
Дополнението е и несакано за домакинството од професионалните тренери, кои се занимаваат со обука, така што да се занимаваш со малечки кученца бараат и наоѓаат одговори на најпростите прашања - на какви конкретни навики да го учи,е малечкото кученце? По кој редослед? Како точно да го направиме тоа, на крајот на краиштата? Ние одличивме да им одговориме во максимално достапна форма.
 
Предложениот курс е подробно опишан во 15 серии вежби, на кои што се засновуваат основните навики за послушност. Тие вежби се спроведуваат по еден (1) пат дневно, изведувајки ја секоја вежба по два (2) пати. За да го завршите курсот потребни ви се 60 дена.

Оптоварувањето и тежината и методите се сообразени за 2-3 месечно кученце. Ако вашиот миленик е помалечок - почекајте, ако е поголем - можете да ги применувате поефикасните методи за обучување, на пример контрастните.

При изведувањето на вежбите се користи вкусово надразнувачката метода.
Метда на надразнување (ве молам, да ми помогнете за да најдам попогоден збор?) и метода на обучување, со помошта на предмет за апортирање (донесување). Применувањето на тие методи го оптоварува сосема слабо нервниот систем, затоа многу навики можат да се одработат во толку раната возраст.
 
Започнувајки ја обуката на вашето куче според предложениот курс, треба да запомните, дека со применувањето на премногу методи не се достигнува со самооткажување во работата. Не треба да си мислите, дека ако добросовесното ги одработите сите вежби, кон 4 - 5 месец на кучето, ке имате надежно куче за работа. Тоа е невозможно (незрелиот нервен систем на толку малото кученце не го дозволува тоа). Курсот за обука може да ја создаде основата, на која што после тоа ке се надогради воспитувањето на надежното куче кое можете да го управувате.

Освен вежбите за изработување на основните навики на послушност, во курсот се вклучени и вежби за социјализација на кученцето (приучување кон спокојно и мирно реагирање на градските услови), вежби за привикнување кон автомобил, јавен транспорт.

Не треба да ги користите предложените вежби за обучување на кученцата повозрастни од 5-6 месеци. При таа возраст вежбите ке бидат неефикасни. нема да можете да ја изработите приемливата управливост. Ниту оптоварувањето, ниту методите за обучување не се сообразуваат на особеностите на нервниот систем на куче, во таква возраст.
 
СЕРИЈА ВЕЖБИ 1

Избор на местото за вежбање

За спроведување на вежбањето изберете добро познат терен на кученцето. Пожелно е да нема странични надразнувачи: други кученца, луѓе, автомобили. Ако сте избрале погодно, но за кученцето непознато место, пред да започнете со вежбањето, прошетајте се со него таму неколку дена, за да привикне - да ја проучи околината, да се навикне кон шумовите од страна и надразнувачите. Така вашиот воспитаник ке ви одвлекува (одзема) помалку време на вежбањето.

Времетраење на вежбите

Општо време за вежбите – 90 мин. Тоа е општо време кое е неопходно за изведување на сите вежби, Занимавајте се по неколку пати на ден, во различно време. Изведувајки ги оделните вежби, го избирате времето пред хранење, за време на шетањето или во куќата, но никогаш веднаш после хранењето. Ако го вежбате веднаш после хранење - стимулот на поострување со лакомство ке биде неефикасен (кученцето практично нема да реагира на лакомството).
 
Лакомството

како лакомство најдобро е да се користи варено месо. Погоден е секој продукт, кој што му се допаѓа на кученцето. Давајте му го лакомството во малечки хапки, по 5-7 милиметри (неопходно е да го изрежете или да го сокршите предвремено). Парчињата треба да се доволно малечки, така да кученцето не се нахрани после 3-5 наградувања.


Препораки

За разлика од вежбите со големи кученца, вежбите за малечките се распоредуваат преку цел ден. категорично не се препорачува да го вежбате малечкото кученце час и половина без прекин. Работете за една вежба 10-15 минути и направете одмор. Оделните вежби правете ги во различно време. Така ке го намалите оптоварувањето на кученцето - за време на вежбањето кученцето цело време ке биде активно и ведро. Подобро е 5 минути да се занимавате со активно кученце кое работи, отколку, половина час да се обидувате да постигнете нешто со заморено кученце кое го загубило интересот.
Пред да започнете со курсот, убдете се дека кученцето нормално реагира на каиот на вратот, не му обраќа внимание и не се обидува да го извади. .
Помеѓу оделните вежби правете паузи со одмор од по 5 минути (не повеке), во кои не се обидувајте да правите никакви вежби за навики. Просто оставете го кученцето да се одмори и да потрча.
 
Вежба #1 (Времетраење – 10 мин.)

Доаѓање на команда


Пред да ја започнете оваа вежба прошетајте го кученцето на избраното место околу 10-15 минути. Нека потрча. нека ја помириса околината, не го разсејувајте.
Во левата рака земете си го лакомството, дајте му на кучето да го подушка (пикнете му ја под носот свиената рака во тупаница со лакомството во неа). Штом кученцето ке пројави интерес - веднаш направете неколку чекори наназад, протегајки ја левата рака на напред, со отворена дланка.
Држете се игриво, разговарајте со кученцето, привлекувајки му го вниманието со гласот и вашите движења. При првите вежби не држете се како робот, движете се живо и активно, предајте му го вашето добро и разиграно расположение на кученцето.
При вежбањето на сите вежби, особено при доаѓањето на команда, во никој случај не говорете му на кученцето со строг тон. Така ке му ја убиете желбата. Допрва претстојат применувањата на силните надразнувања. Не обидувајте се да побарате нешто од кученцето, треба да му говорите со весел тон, да го поострувате со активни движења.
Не е потребно да се издава командата "при мене" на прватото вежбање. Користиме метода, при која во почетокот го постигнуваме саканото однесување, а после тоа му се подава стимуланс. Ако се сте извеле правилно, кученцето со желба ке дотрча при вас и ке посегне кон раката со лакомството. Треба веднаш да му го дадете, да го поострите со помилување и гласовна пофалба. како гласовна пофалба можете да ја искористите командата "браво". Тој збор се уште е безсмислен за кученцето, но изговарајки ја заедно со помилувањето и давајки го лакомството, вие ја претворувате во одобрување.
Не задржувајте го кученцето, не обидувајте се да го натерате да седне или да изврши нешто повеке. Најдобро е да го пуштите веднаш повторно да се прошета. За 10 минути повторете ја вежбата 5-6 пати.
 
Вежба #2 (Времетраење 10 мин.)

Седење на команда


Кученцето слободно трча околу вас. Земете го лакомството во својата десна рака и притиснете го со палецот. Привлечете го вниманието на кученцето, давајки му да го подушка (држете ја раката со отворена дланка напред, близу до носот на кученцето). Штом кученцето ке се заинтересира, брзо подигнете ја дланката, поставувајки ја над главата на кученцето. Тоа ке биде принудено да седне така што лакомството му се наоѓа точно над неговата глава. Така ке биде принудено да седнебидејки лакомството му се наоѓа точно над главата му. Ако кученцето се врти, скока, се обидува да ви ја достигне раката со шепите - задржете го за наѓијникот со својата лева рака. Командата „Седи!” засега е бескорисна, да се дава на првата вежба е непотребно..
Штом кученцето ке седне, веднаш издајте ја командата „Браво!”, наградете го со помилување и лакомство. Цо цел вид изразете ја својата радост и вашето одобрување. Повторете ја вежбата 5-6 пати за 10 минути..

Вежба #3 (Времетраење 10 мин.)

Научување „на место”


Оваа вежба е неопходно да ја спроведете дома..
Во дената рака земете го лакомството, како и во претходните вежби, привлечете го вниманието на кученцето. Важното е, кученцето да се наоѓа блиску до своето „место”, на 2-3 чекори. Откако кучето ке се заинтересира за лакомството, обрнете ја раката со дланката надолу и бавно движејки си ја раката, поведете го кученцето кон неговото место. Ако тоа се одвлекува, запира или просто не сака да оди напред, обидете се повторно да му го привлечете вниманието со миризмата на лакомството. Ќе му го дадете само кога кученцето ке се најде на своето место. Не заборавајте да го наградите со командата „браво” и да го помилувате. Не обидувајте се да го терате кучетода остане долго на своето место, доволно е тоа, што стигнало.
Повторете ја вежбата 5-6 пати
 
Вежба #4 (Времетраење 10 мин.)

Навикнување на поводник


Посвете ја оваа вежба на привикнувањето кон кус (краток) поводник.
Закачете го поводникот и одвлечете го вниманието на кученцето со игра или лакомство. Во никој случај не влечете го кученцето за поводникот. Внимавајте да не се закачи за некои предмети кои стрчат, камења, бидејки затегнувањето ке биде многу силно и остро.
Кон поводникот и каишката на вратот Вие и кученцето треба да имате посебен однос. Никогаш не казнувајте го кученцето со поводник или каишката за врат, никогаш не дозволувајте му да си играе со нив или да ги гризе.
Засега не обидувајте се да го дрпнувате поводникот на кученцето, влечејки го позади себе си. Доволно е да го прифати спокојно.

Вежба #5 (Времетраење 20-30 мин.)

Социјализација


Во тек на 20-30 минути поиграјте си со кученцето во паркот, на растојание од 50-100 метри од оживеана улица. Наградувајте го, одвлекувајте го со игри. на такво растојание би требало кученцето да не регира на силните надразнувачи од улицата (автомобили кои силно бучат, например).

Вежба #6 (Времетраење 15-20 мин.)

Учење кон возење во автомобил


Неопходно е автомобилот да е далеку од оживеана улица. Така страничните надразнувачи нема да го одвлекуваат и плашат кученцето. Исклучете го моторот. Поиграјте си со кученцето 15-20 мин, блиску до автомобилот, приучувајки го да реагира спокојно на „големата машина”. Ако кученцето пројави интерес, дајте му возможност да го подушка автомобилот, да се запознае со видот и неговите мириси.
Засега не треба да се вклучува моторот.
 
Вежба #7 (Времетраење 10 мин.) Развивање н

Место на вежбањето

Погрижете се првите вежби и тоа сите да ги спроведувате на едно исто место. Така ке го ослабнете дејството на одвлечувачките надразнувачи на кученцето. Само по себе си, тао е спротивно на социјализацијата. и се разбира, вежбата за приучување „на место” – спроведувајте ја дома. за вежбата за привикнување на кученцето кон автомобил треба да ги изберете соодветните опишани услови.



Времетраење на вежбите

Вкупното време е 90 минути. како и во претходната вежба, вие ке одработувате разлижни вежби во различно време на денот. Не тренирајте го кученцето веднаш после хранењето - вкусово надразнителната метода на обучување ке биде неефикасна (кученцето нема или ке реагира неволно на лакомството).



Лакомство

Како лакомство најдобро е да се користи варено месо. Погоден е секој профукт, кој му се допаѓа на кученцето. Давајте му го лакомството во мали парченца, по 5-7 милиметри (неопходно е да го изрежете или сокршите предвремено). Парчињата треба да се доволно мали, така да кученцето не се нахрани после 3-5 наградувања.


Препораки

И така, вие два пати сте ја спровеле првата група вежби. Кученцето треба веке да реагира на гест и да дотрчува до вас, по гест да седнува и да ја следи од местото си вашата рака. Исто така веке спокојно треба да реагира на надразнувачите од улицата, на растојание од 50-100 метри, спокојно да си играе покрај автомобил со исклучен мотор и да си играе со топката која ке му ја предложите (или друг апорт). Исто така треба спокојно да реагира спокојно на закачениот од вас поводник.
Се разбира, изработените навики се уште не се надежни. Кученцето после вашиот гест може да го исполни саканото (да седне, да дојде кон вас или да отиде на место), а може и да не го изврши. Тоа е нормално. Важното е дека основните условни рефлекси се пројавуваат. Ако кученцето воопшто не ги извршува, ке треба да го повторите првиот дел онолку пати, колку што имате потреба. Не треба да преминувате кон следната серија вежби, ако претходната не е извршена потполно. Не треба да брзате, сепак го обучувате кученцето за себе си. Подобро е надеждно и успешно да одработите само неколку навики, отколку површински да ја изучите те. да ја поминете сложената обука на обучување.
Секоја добро извршена команда (Ви напомнуваме, дека командите се задаваат со гест) се зајакнуваат како со глас, така и со лакомство и со милување.
 
на сегашното вежбање ке започнеме да воведуваме гласовни команди. Вие веке го познавате однесувањето на вашето куленце и ке можете правилно да одгонетнете, кога кученцето ке го изврши потребното дејствие. Работата е во тоа, што за усвојувањето на условниот рефлекс, е исклучително ваѓно командата да се задава ПРЕДИ да го изведете соодветниот гест и важно е кученцето да седне после тој гест. Т.е. потребно е да го запазува строгиот редослед.
- команда
- гест
- изведување на командата и гестот од кученцето
Имено во таков редослед. Интервалот помеѓу тие дејствија треба да е 0,5-2 секунди. Интервалот помеѓу командата и гестот зависи од вас, а кон минималниот интервал помеѓу гестот и изведувањето на командата ке се стремите после еден месец.
Кученцета обично брзо започнуваат да работат по гест, приулувањето кон гласовните команди се добива покасно. Имено затоа во почетокот се работи со гест и вашето кученце уште доволно долго нема да ја изведува командата без гест. Тоа е нормална ситуација, не гриѓете се. Просто повторувајте ја гласовната команда пред гестот и после одредено време (месец и половина) ке можете да користите само гласовни команди.
Пристапувајки кон одработување на вежбите, ставете ја каишката на кученцето.
Помеѓу сите вежби правете одмор од по 5 минути, низ кои не се обидувајте да увежбувате никакви навики. Просто оставете го кученцето да се одмори и да си потрча.
 
Вежба ”1

Доаѓање на команда



После 10 - 15 минути прошетка започнете да ја применувате вежбата. сега пред да го изведете гестот, задајте ја гласовната команда „при мене” (околу 0,5-2 секунди пред гестот). Командата треба да се задава јасно, силно, но не крештејки, за да не го исплашите кученцето. Тонот треба да ви биде пријателски. Изработувањето на оваа навика не треба да е поврзано со негативните емоции или надразнетоста. Не заборавајте, дека при изведувањето на гестот, вие активно отстапувате на назад, за да го повлечете кученцето по себе си. .
на оваа вежба кученцето треба веке да реагира на гестот, затоа не е потребно да му го привлекувате вниманието со лакомство. Дајте му да го подушка лакомството само ако кученцето упорно го игнорира гестот, или многу се разсејува.
не обидувајте се да го зголемите растојанието, повикувајте го кученцето на 3-4 чекори.
Наградувајте го кученцето секогаш кога после командата и гестот ке дотрча до вас. После наградата веднаш ослободете го кученцето. Ако дотрча при вас без команда, сакајки лакомство, не го наградувајте ( но немојте и да го карате, просто не реагирајте на тоа дејствие). Движете се активно, живо, предавајки му ја вашата состојба на кученцето.
За 10 мин, повторете го повикувањето 5-6 пати.

Вежба #2 (Времетраење 10 мин.)
Седење на команда



вашето кученце веке треба понекогаш да седнува после изведувањето на гестот (ви напомнуваме дека гестот во случајов е подигнување на десната рака, со завртена дланка кон кученцето). сега веќе пред да го изведете гестот (околу 0,5-2 сек.) задајте ја командата „СЕДИ”. Ако кученцето не реагира, привлечете му го вниманието со миризбата на лакомството. На оваа вежба, неопходноста да го придржувате кученцето со левата рака за каишот, би требало да отпадне, кученцето разбрало што се сака од него и активно седнува. Не барајте даостанува седнат долго време, нека просто седне и веднаш наградете го.
Многу веројатно е кученцето да се обидува да си го испроси лакомството, седнувајки без команда. Не реагирајте на тоа дејствие, дури ако е извршено брзо и перфектно. Треба да го наградувате само ако седне, после задавање на командата и гестот.
Повторете ја вежбата 5-6 пати.

Вежба #3 (Времетраење 10 мин.)
Приучување „НА МЕСТО


Оваа вежба треба да ја правите дома.
Изработете ја како во првата серија вежби. Практично стојте до „местото”, вовлекувајки го кученцето со гест. Но сега, пред да го изведете гестот - задајте ја командата „НА МЕСТО”. Не зголемувајте го растојанието. Нека кученцето отиде до своето место од растојание од 1-1,5м., после задавањето на гласовната команда и следејки ви ја раката. Во моментот, во кој што ке се покаже таму, каде што сакате, веднаш дајте му го лакомството и наградете го со милување.
Повторете 5-6 пати.

Вежба #4 (Времетраење 15 мин.)
Приучување кон поводник


Продолжуваме да го привикнуваме кученцето кон закачениот поводник. Шетајки се со кученцето, веке можете понекогаш да го повлекувате во насоката, во која што сакате. не е страшно, ако кученцето се уште не се управува, главното е да реагира спокојно на повлекувањето на поводникот. Не треба да го повлекувате остро поводникот. Наградувајте го и бодрете го кученцето за време на прошетката.
Повторно ви обракаме внимание на посебниот однос, кое што треба да го имате вие и кученцето кон поводникот и каишката. Никогаш не казнувајте го кученцето со нив, никогаш не дозволувајте му на кученцето да си играе со нив или да ги гризе.


Вежба #5 (Времетраење 20-30 мин.)
Социјализација


Играјте си со кученцето на истото место, како и при претходната серија вежби, но сега веке се приближувате кон оживеана улица (во крајот на паркот) на 20-30 метри. Одвлекувајте му го вниманието на кученцето со игра, ако тоа реагира силно на надразнувачите од улицата. Ако кученцето не се плаши, периодично водете го до крајот на паркот (така да, до оживеаната улица да има 10-15 метри), а после тоа одалечете се. наградете го кученцето при првите 2-3 приближувања кон крајот на паркот.
 
Вежба #6 (Времетраење 15-20 мин.)
Приучување кон возење во автомобил


За тоа ке ви биде потребен помошник. Нека автомобилот биде таму, каде што беше и првата серија вежби. Помошникот треба да седне во автомобилот. Моторот треба да биде исклучен. Приближете го кученцето кон автомобилот, нека се запознае со предметот. после тоа одведете го на 20-30 метри. Помошникот на ваша команда треба да го вклучи моторот. Смирете и наградете (помилувајте) го кученцето. Ако тоа реагира спокојно - прошетајте се наоколу, без да го доближувате автомобилот. Помошникот треба 2-3 пати до крајот на вежбата да го вклучи и исклучи моторот (но не треба да дава гас силно).
Ако кученцето пројавува неспокојство (немирност), тогаш растојанието за вашиот питомец сеуште е малечка. Зголемете ја (например до 50 метри) и продолжете да ја изведувате вежбата.


Вежба #7 (Времетраење 10 мин.)
Развивање на реакции за апортирање


Играјте си со кученцето за апортирање, исто така и со топка на ластико. сега пробајте не просто да го давате предметот, туку пред да го дадете да се одалечувате со него. нека кученцето ви дотрча и се обиде да ви го земе предметот. Не дрпнувајте му го предметот од устата на кученцето - во моментот, во кој што кученцето ке го апне во устата - веднаш пуштете го.
Како и пред тоа, за сега не треба да се кријат предметите - стремежот за барање сеуште не е развиен и интересот на кученцето може брзо да опадне.

Повторете ја целата серија вежби следниот ден.


Совети, како да ги избегнувате најчестите грешки

При разработувањето на доаѓање на командата погрижете се да ја давате командата во моментот, кога кученцето не се одвлекува со странични надразнувачи. Ако тоа се заинтересирало за нешто во тревата, треба да го отклоните или да почекате, додека ви обрати внимание. Условниот рефлекс при командата „ПРИ МЕНЕ” или „ДОЈДИ„ сеуште не е разработен и не треба да го усложнувате процесот на работата.

Понекогаш кученцето се разсејува и не реагира ниту на гест, ниту на команда. Не дразнете се (нервирајте), погрижете се да го привлечете кон себе си, така што при тоа - не стојте на едно место.

Оптималната должина на кусиот поводник е 1 метар. Практично, сите поводници кои се продаваат се подолги (до 3 метри). Должината не ви улеснува, дури и ви создава недобност при работењето. затоа, најбргу скратете го поводникот.

Командите и гестовите секогаш задавајте ги на еден ист начин. Така полесно и побрзо ке го изградите условниот рефлекс.

При обучувањето на малечкото кученце никогаш не користете каишка од типот „задушувач” или „давилица”. Вашите сили се доволни, за да контролирате 2-3 месечно кученце од било која раса, со помош на обична каишка.

Никогаш, при обуката на малечкото кученце, не користете метална каишка со шипки. не користете го дури и за време на одморите помеѓу вежбите, за прошетка. Тој вид каишка е многу силно средство, искористено само во некои случаеви на големи кучиња.
 
СЕРИЈА ВЕЖБИ 3

Место за вежбање

Вежбите спроведувајте како и порано на познати места. Така ке немате потреба да го приучувате малечкото кученце на нова околина секој пат...


Неопходно време

Вкупното време е 90 мин. како и во претходната серија, Вие ке обработувате различни вежби во различно време на денот. Не тренирајте го кученцето веднаш после хранењето - вкусовонадразнителната метода на обучување ке биде неефикасна (кученцето нема или ке реагира неволно на лакомството).


Лакомство

Како лакомство најдобро е да се користи варено месо. Погоден е и секој продукт, кој што му се допаѓа на кученцето. давајте го лакомството во малечки парчиња, по 5 - 7 милиметри (неопходно е да го исечете или сокршите предвремено). Парчињата треба да се доволно малечки, така да кученцето не се нахрани после 3-5 пофалби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom