Дресура

Најважен е начинот на кој секој ден се однесувате спрема него во останатиот „нормален„ живот. Човекот го одгледува песот низ секој момент од соживотот со него, со својата доследност и со јасното поставување на границите. Социјализацијата е прилагодување на песот на сите работи од околината која го опкружува, тој мора да биде навикнат на сета галама на прометот, на средбите со непознати луѓе и песови, на изненадните покрети на минувачите, отворањето на чадорот, трчањето на децата, на висина, на мрачни простори, на возење во автомобил, на шетање по влажна трева, итн. Изложувањето на песот на вакви, како и многу други искуства уште додека е кученце, сопственикот ке му помогне на песот да порасне во единка на стабилна личност, која може да се носи со сите стресови кои околината му ги приредува.
 
Вовед во Одгледување и социјализација на кученцето - 2 дел



Една од најголемите грешки која сопствениците ја прават при социјализацијата на песот е невнимателното наградување на песот за лошото однесување при некое негативно искуство. Дигањето на песот во скутот кога песот ке се преплаши од удирањето на громот, тешењето после откако некој пас го гризнал, милувањето додека од страв ржи на други песови или луѓе - се работи со кое тоа негативно искуство на песот само уште повеке му нагласуваме и го потстикнуваме за стварање на најразлични фобии. Сопственикот мора на својот пес да му биде пример и со своето сталожено однесување да му помогне на песот да ги преброди сите тие стравувања. Во зависност од врстата на настанатиот проблем и карактерот на песот, сопственикот може однесувањето на песот да го игнорира, да се обиде да му го одвлече вниманието на нешто што го сака (игра, храна) да се потпре на својот авторитет и да му нареди на песот да се смири итн.
 
Секако, ако песот не му верува на сопственикот и не го доживува како личност чие што '
 
мислење'' е важно (што е повторно прашање на правилниот однос), тешко дека неговата рекција во одредена ситуација ке има некој ефект.
Под школување на песот подразбираме учење на песот на разни вежби на послушност. Некои од најважните вежби за послушност кои на сопственикот на песот може да му затребаат во секојдневниот живот се: СЕДИ, ЛЕЖИ, ЧЕКАЈ, ДОЈДИ и ФУЈ.
 
Кученцето на само 2 месеци возраст, со помош на мотивирање и без никакво присилување можеме безпрекорно да го научиме на основите на сите вежби за послушност, а долговечноста и комплексноста на вежбите полека се засилува како што песот пораснува и има можност за подолга концентрација. Со таквиот пристап на школување сопственикот на кученцето од почеток го навикнува на соработка со човекот, кученцето развива љубов спрема учењето бидејки тоа му е потребно поради обилните награди и изостанувањето на присилувањата изразено пријатно, а поради заедничкото работење и дружење се воспоставуваат поквалитетни односи и разбирања.
 
И заклучок - доколку навистина ефикасно се посветите на своето лученце во првите неколку месеци после набавувањето, наградата за вашиот труд набргу ке биде убаво одгледан млад пес, сигурен во себе, кој ке го сака дружењето со вас и со радост ке ги извршува задачите кои што ке ги поставувате пред него. Спротивно било кој друг облик на занимавање со песови, едноставноста и пријатноста во работењето со кученцата едноставно нема конкуренција. Обидете се!
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] АНАТОМИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПЕС

Сте го избрале вашиот пес поради неговиот изглед, случајно или од сосема лични причини. Научите навистина брзо да го запознаете. Песовите се толку различни така да тешко е да се проучува нивната морфологија и надворешност. Некои од нивните особини, како обликот на главата, начинот на кој ги фржат учите или пашката, бојата на влакната се исто така детали кои овозможуваатда ги идентификуваме расите и да ја процениме нивната убавина и елеганција. Да го познавате вашиот пес, исто така значи да ја откриете неговата анатомија и физиологија - идентични за целата кучешка врста - и да разберете како тој се движи, дише, јаде и вари. Домашниот пес, покрај промените низ кои поминал, останува месождер и оваа црта ја моделитала неговата адаптација. Тој е створен да трчи брзо, да го фаќа и убива својот плен заедно со компањоните од чопорот. Тој до денес ја сочувал големата способност за трчање, како и исклучителната истенченост на слухот и мирисот, супериорни над оние кај човекот.
[/FONT]
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД НА ПЕСОТ[/FONT] [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]

МОРФОЛОГИЈА, која исто така ја нарекуваме и проучување на надворешниот облик, многу е корисна кога сакаме да испитаме некој дел на песот или пак да споредиме две животни. Од причината на исклучителната варијабилност на песот, се придава голема важност, поради што се поставуваат основите за естетските проценки за време на натпреварувањата. Некогаш воспоставени за коњите, овие термини денес често се користат во опишувањето на стандардите, те, утврдувањето на нормите за секоја раса.
[/FONT]
 
И ова ќе ви биде потребно
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Возраст[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Карактеристики[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]21 ден[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] излегување на очњаците[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]25-30 дена[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] излегување на секачите и предсекачите[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]4 месеци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] менување на средсредните[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]4,5 месеци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] менување на средните[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]5 месеци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] менување на очњаците[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]6 месеци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] менување на преткатниците и излегување на катниците[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]7 месеци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] комплетна низа заби на возрасна единка[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]1,5-2 години[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] нивелирање на долните средсредњаци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]2,5-3 години[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] нивелирање на долните средни заби[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]3,5-4 години[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] нивелирање на горните средаци[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]4,5-5 години[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] нивелирање на горните средни заби[/FONT]​
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Како и секој цицач, младиот пес ја има првата млечна дентиција. Кученцето има 32 заби. Возрасниот пес има 42 заби. Трошењето на забите во многу зависи од типот на песот и неговата исхрана.[/FONT]
transparent.gif
 
ОГРЛИЦА и ПОВОДНИК
Основната опрема за песот опфаќа повеќе работи, но секој нов сопственик на пес знае дека најмногу прашања се поставуваат околу огрлицата и поводникот. Каква, од кој материјал, како да ја користите и најважното - како малото кученце да го научите на сето тоа?

Секој сопственик на куче треба огрлицата и поводникот да ги свати како најважен дел од опремата за песот. Вашиот миленик може да спие надвор во боксот или во вашиот кревет, може да јаде од стара чинија или од вашиот тањир.
 
Импровизацијата завршува кај огрлицата и поводникот
tacka-3.gif


Нема да се впуштувам во дебати која е најдобра, најубава или кој производител е совршен. Најдобро е сигурно она што е безбедно и удобно за вашиот пес и за вас. Побарувањата околу огрлицата често се менуваат во зависност од расата на песот и поводниците според начинот на шетањето. Според моето искуство најпрактични се поводниците од вештачки материјали. Можете да ги исперете во машината за перење, кога се извалкани од кал и земја, постојат во сите возможни должини и дебелини, во сразмерност со големината на песот. Металните поводници не се практични бидејки ви ја зарежуваат раката, кога песот ке повлече, па така можете да ги држите само на крајот, каде што е делот од кожата. Можат да бидат и многу опасни за кученцата, кои го грижат поводникот, бидејки можат озбилно да си ги повредат забите. Кожните поводници на мене не ми се допаѓаат поради хигиената. Прекрасни по изглед но тешко е да ги исперете.
 
карабинот и рабовите. Овде постои правило, дека ланецот е толку силен, колку што е силен неговиот најслаб дел. Ништо нема да ви значи дебелиот кожен поводник за огромниот пес, ако на него е мал карабин. Треба да бидете свесни, дека секој поводник е доволно безбеден, се додека песот не го затегне. Но поводникот ја обавува својата функција всушност тек тогаш кога вашиот миленик ке повлече со сета своја снага. Посебна приказна се автоматските поводници кои се развлекуваат на неколку метри, често едноставно ги викаме флекси [според познатиот производител на овој тип на поводници]. Овој тип на поводници е совршен за мирните песови и шетањето во парковите. Проблемите настапуваат кога песот ке започне да си игра, бидејки тогаш поводникот неверојатно брзо се заплеткува. Исто така не се добри за песовите кои сакаат да влечат. Проблемот со самиот поводник не се решава, песот едноставно влече неколку метри напред а вие се потешко го држите пластичниот дел во раката. Многу опасни можат да бидат во гужва, кога го шетате песот по тротоарот. Кучето може одеднаш да потрча према автомобилот, а вашите рефлекси да го запрете на неколку метри долгиот поводник можеби не се толку брзи
 
Огрлицата треба да ја изберете според големината на песот, што значи дека кученцата (поготово оние од поголемите раси) често се менуваат. Огрлицата пред се треба да се закопчи. Од сите материјали на мене најмногу ми се допаѓаат вештачките. Можат да се перат исто како и поводникот, што е многу важно поради иритација на кожата. големината треба да биде добро избрана - кај големите песови треба да биде толкава да можете помеѓу орглицата и вратот да ја ставите истегнатата дланка, а кај малите 2 - 3 прста. Металните огрлици на затегнување (таканаречените давилици) се приказна во која не сакам да навлегувам.
 
Ке бидам искрен – апсолутно сум против нив.
Не сум против давилиците сами по себе, ниту против нејзината употреба кога е збор за професионални тренери кои знаат каква е нејзината цел. секако сум против употребата на домашните миленици и уште повеќе на кученцата. Ако давилицата е правилно користена (значи да се опушти, кога ке се опушти поводникот), може да биде совршено помагало кај вежбите според ИПО програмите, бидејки самиот звук на металот кај повекето песови Предизвикуваат потполно внимание на тренерот. Никакви, но апсолутно никакви цели нема, кога својот миленик го водите по улицата, тој влече, тешко дише и уште повеке влече и уште повтешко дише. Кога таквиот сопственик ке го прашам, зошто ја ставил давилицата, ми образложува, дека песот влече помалку отколку на обичната огрлица. нажалост, тоа не е вистина. Ако песот поради давилицата би влечел помалку, тој после неколку прошетки би престанал да влече, бидејки негативната мотивација (затегнувањето околу вратот) би била доволна самата по себе. како што е често случај, мускулите на вратот доволно зајакнуваат, така да на песот затегнувањето воопшто не му смета, така да со времето влече се повеќе и посилно. Често сопствениците немаат друга причина зошто ја ставаат давилицата. Аргументот против е и самото уништување на влакната од рѓата, која се ствара после некое време, кога песот е мокар. Уште еднаш повторувам - – немојте со давилицата на својот миленик да го навикнувате на огрлицата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom