Драга...
... често се бунам вака, или ајде да речам дека галамам за тоа колку у градов (ај да не речам државава пошто не можам да зборам за места кои не ги посетувам постојано) е запоставена природата, од сегде смрди, нивото на загаденост е огромно и сме втор или трет најзагаден град во Европа. Онака, никој више не го заболе за природни ресурси, и Вардар, реката што во секој учебник се воспева и ја сметаме за наша „гордост“ е отидена у курац. Ова ќе го поврзам со една навидум неповрзана работа, но преку која ќе докажам дека многу луѓе се преглупи за да сфатат на што треба да обрнеме внимание.
Еве во денешниот свет, главната борба е околу нафтата. Земјите што имаат нафта по дефолт се богати, а големите сили пробуваат да ги придобијат тие земји или да соработуваат со нив бидејќи од тоа имаат корист. Меѓутоа, тоа нема да остане вечно. Прогнозите се дека она што сега е нафтата, за 50 до 100 години ќе биде водата. Водата ќе биде богатство и оние кои имаат добри природни ресурси ќе се стекнат со огромна предност. И сеа да те прашам нешто. Ти текнува на нашите природни ресурси? Ти текнува дека сме една од ретките држави во светов што сеуште пијат вода од чешма пошто имаат здрава вода, за разлика од други земји кои немаат ресурси и мораат да купуваат флаширана вода? Епа тоа е пошто имаме, а забораваме и ги запоставуваме. А ти текнува што и правиме на природава кај нас? Да ти постирам слики од Вардар? Да ти е гад да ја видиш реката, камоли да допреш прст у водата. Идеш покрај кеј, ти смрди реката до тебе ебате. Малку ти треба у главата да споиш два и два и да сфатиш на што треба да се фокусираш, и врз тоа да ја базираш политиката. Да предвидиш што треба да направиш за во иднина да го имаш тоа што ќе им треба на другите. Пример ќе ги зеам Србиве. Со помош на арапи направија проект Belgrade Waterfront. Изгуглај, ќе видиш колку е прекрасно. Веројатно тие го сфатија ова, а и арапине сфатија дека нафтата за некое време нема да биде приоритет, па ја користат моменталнава прилика и инвестираат во вакви проекти. Гледаш колку е лесно да ја увидиш потенцијалната можност? Колку е лесно да искористиш прилика? Ама ние уште сме заглавени во минатото, а никој не мисли на иднината. Иронијата е во тоа што јас ова го кажувам како историчар, а некој што треба баш за вакви работи да размислува, баш тој нема појма што се дешава. Али океј, битно фонтани имаме, тоа што на 50 метра реката е зелено-кафеава и рибите бегаат надвор од неа е друга работа.