Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,
ми фали времето кога за наградна игра требаше да собереш нешто, од типот 5 капачиња, 5 стапчиња од сладолед и да ги пратиш во плик.
Сега, заследи го овој, заследи го оној, тагни 3 луѓе со кои би патувал (шо да прам ако немаат Инстаграм?), сподели, шерни...
 
Остана ли некоја инфлуенсерка што не сними видео како го праќа дечко ѝ по мицеларна вода, а он као демек збунет ја бара истата помеѓу минералните води за пиење?
Море, да ве прати он по моторно масло, па да ве видим...
 
Денес правев пауза пред една фризерница, згоден ми беше паркингот и се загледав во две жени таму. Оваа што дошла на фризерка, класична украинка, чупани веѓи па исцртани, со зелени очи и глупава фризура, а фризеркава тоталка сморена од живот и секаква конверзација со неа, се гледа дека и е стална муштерика и веќе знае точно што ќе и каже во секоја секунда.
Досадава божја, цело време со рацете прента нешто, објаснува, скицира и кажува како да ја шиша, па оваа фризеркава ќе земе ножици ќе ја крцне еднаш и пак ќе ја праша и оваа пак одново. И така едно добри 15 минути дур јадев и после си викам, се чудиме кога ќе ни се вратат жените од фризерки па се лутат кога нема да приметиш разлика, нормално дека нема, не ги ни шишаат, ко поевтин психијатар им се изгледа, ебати луди жени.
 
Форумот не научи дека некој од нај-маторите луѓе се најбезвезалните битија каде и да било, кога и да било. Затоа млади гледајте да проживејте нешто и да остварите нешто дур сте на нога. За да не бидите и вие на 70ет и нешто лик шо се контра со 20ет и нешто на мкд-бг форум.
 
Д.К

1.Во оваа време најдобро е да бидеш недефиниран(а внатре јасно дефиниран) во очите на другите за да не можат да те фатат ни за глава ни за опашка..

2.Нарцисите ме намирисуваат од далеку и бегаат од мене на дистанца(што е добра работа ,,по мене")..Кога би биле во состојба и роднините би фатиле метла ама не ме можат никако..
 
osmani-51.png
 
Ако Мелори не е Квин на Универзумот незнам која е. И вај да фак синје е облечен ко мексиканец.
Кој и да го напишал шоуво си резервирал место во Рајот. *се крсти три пати*

 
Оној момент кога се опуштаме со џоукериве и доаѓа овој дел:
 
Драга,

зошто патика и панталона е модерно а кондура и тренерка е сељачки ?

Правда за источноевропејците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom