Повторно поскапување на цигарите

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Море да ви ги накачат цените за да неможете ни една цигара дневно да испушите. :kuracc:
 
Факт е дека пушењето е грев и секој тоа треба да го знае. После до секој човек без разлика што е и кој е зависи што ќе прави. Дали ќе се бори против тоа зло или не. Јас сум бил пушач и сум ги откажал.
А што не е грев?Ако почнеме да се откажуваме од се и сешто ,тогаш што ќе остане од нашиот живот.За некои и јадењето месо е грев,за други ако човек не е обрезан е грев,за трети ако во петок мрси.Правила еден куп.Но темава не е религиозна,тука треба да се анализира од друг аспект,економската оправданост,работата на владата.Остај ги тие муабети за во Религија,тука пиши нешто друго.
 
Тоа ми е совет кон пушачите кои се жалат на поскапувањето зашто да плаќаат за да се трујат кога можат да се откажат и само така ќе ја победат тутунската мафија.
 
Тоа ми е совет кон пушачите кои се жалат на поскапувањето зашто да плаќаат за да се трујат кога можат да се откажат и само така ќе ја победат тутунската мафија.
Ха,да е само таа мафија добро,ама мафијата ги контролира сите работи во државата.Никој не ја победил досега нејзе,ниту ти со твоите совети,ниту било кој.
 
Ха,да е само таа мафија добро,ама мафијата ги контролира сите работи во државата.Никој не ја победил досега нејзе,ниту ти со твоите совети,ниту било кој.

Епа затоа што не сме сложни. Знам дека е утопија, но нека се откажат 80 посто од пушење па да видиш кога ќе изгубат пари што ќе прават. Значи може да се победи само со слога. Не знам дали приемтувате но секаде во светот е исто. раздели па владеј. Затоа апел до пушачите ако сакате да победите откажете се од пушење.
 
Ако тоа значи повеќе пари за тутунарите - одличен потег. Ама ако тие неколку денари повеќе владата си ги стави во џеб - мизерија.
Повеќе пари за тутунарите? Виц на 2015-та. Нема повеќе пари за тутунарите. Субвенции од едно евро? па ти кратат на класа и после ти ги даваат, демек државата се грижи за обичниот земјоделец. Да потсетам дека пред 2 месеци беа доисплатени субвенциите за ланската реколта. Парите ќе завршат кај фамилиите.
 
ова дали е поскапување..........ова е практично подкраднување од џепот на граѓаните...........ако сакаш поздрава нација ставаш цена најефтина кутија цигари 200-300 денари и чао пријатно
 
Добро со која логика се даваат субвенции за производство на тутун, а од друга страна се бориме против пушењето? Еднаш собираат пари од народот за субвенции, сега пак собираат плус пари од кутија цигари..аман веќе. Само слепец може да поверува во филмот “се грижиме за здравјето“. Ако се грижите за здравјето прво напрајте болници како што треба, обучете лекари итн.
Ке дојде време ке не убедуваат дека со леб и сол најдолго се живее.
 
Ако тоа значи повеќе пари за тутунарите - одличен потег. Ама ако тие неколку денари повеќе владата си ги стави во џеб - мизерија.
За жал тутунот што се произведува во Македонија не е ни 1/4 од тутунот што го има во цигарите, остнатите 3/4 е увозен крупнолисен индустриски тутун. Овае по нивите се ориентлани врсти, врсти кои даваат „вкус и мирис“ на цигарите. Другото е само онака да се потполни местото во кутијата. Нешто ко екстрактине што ги ставаат во соковите. Малку екстракт + вода и ете ти сок во шише :D
 
Don't smoke - don't care. Поентата ми беше дека веќе кога ги поскапуваат цигарите, барем нека им ги дадат тие пари на луѓето што го произведуваат тутунот.
 
Don't smoke - don't care. Поентата ми беше дека веќе кога ги поскапуваат цигарите, барем нека им ги дадат тие пари на луѓето што го произведуваат тутунот.
Мојата поента е дека ќе им дадат ко ќе родит врбата грозје за жал ...
 
ако пушењето цигари е грев тогаш зашто се произведува тутунот воопшто? зашто државата зема огромна акциза од цигарите и зашто воопшто ги субвенционира тутунопроизводителите? што е поголем грев во случајов?

и не бидете со очите полузатворени - по 1 денар ке се тргало за ретки болести а покачување ке има од 3/4 денари... ако толку мислат на луѓето што имаат ретки болести што не одвојат 10% од акцизата што ја зема државата па да ги даваат во добротворни цели и научни програми за истражувања на најразлични ствари? во државава сите функционери ни сие алчни и гледаат за свој гз само - за други баш ги заболе!
 
И 50 денари да ги поскапат цигарите, бројот на пушачи не верувам дека ќе се намали, а дури и да се намали, намалувањето ќе биде минорно. До сега цената на цигарите се зголемуваше бар 2-3 пати па бројот на пушачи не се намалил туку се зголемил.
Ваквото поскапување е за повеќе пари во буџетот и ништо повеќе.

Оф топик, според мене во зависност од која перспектива гледаш се може да ставиш во групата на грев или надвор од таа група (или еве ајде да речеме скоро се). Да се дистанцираме од оценување на доброто и лошото низ призма на религија е може најдобро.
 
Sasvim opravdan potez no so sredsvata sobrani treba da se prenamenat za psihijatrisko veshtacenje na trujacite koi ne gushat so vakvi populisticki stranja.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom