Да го споделам моето мислење. Студент сум на Градежниот у Скопје. Трета година сум. И потполно се сложувам и со родителите на дечкото и со сите вас кои велите дека ако го интересира нештото(веб дизајн мислам беше) може комотно да си го чита, да си го научи од интернет. Имам доста пријатели, познаници програмери. Сите си завршија факултети, а секој еден од нив си го имаше знаењето стекнато уште пред да е на факултет. Сепак застанувам на страната на родителите. Видете што ни се дешава у земјава. Секој ден нови работи се спроведуваат што им текнуваат на поединци, за кои сите ние се прашуваме дали они имаат воопшто право да одлучуваат за нас. Сеа кога ќе размислите, прво нешто што го бараат за у било која фирма за у било која струка ти вика дај дипломата. Средното нема вредност, за курсевите од областа на програмирање не знам, тоа вие ќе кажете. Сепак дипломата е некој вид на сигурност. Али изборот е твој, друже. Немој да мислите дека кај мене на факултет не се учат безпотребни ствари, али тоа е мора да се пополнат кредитите и се ствараат предмети што во минатото било еден предмет. И не им замерај на родителите. Нема родител што барем еднаш не му рекол на своето дете дека без факултет нема ништо у нашава земја. Сепак секој сака најдоброто за своето дете. 
