Аliexpress (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Два пати имам порачано. Два пати патики, еднаш ми стигнаа, а еднаш пратката беше откажана и ми ги вратија парите.
 
Пет пати имам порачано, сите пратки стигнаа во нај топ форма. Моментално сум многу задоволен од АлиЕкспрес.
 
а овде кај нас на поштата ти доага поштар или ти доага ливче во сандаче па идеш и ја земаш пратката во локална пошта?
Споделете како стигале пратките кај вас? (Мали и поголеми)
Често нарачувам од алиекспрес и до сега само еднаш ми има стигнато ливче во сандуче за да идам до пошта да си ја земам пратката инаку доаѓа поштар на врата.
 
Имам нарачано 15-тина нарачки до сега. Сите стигнати, најскапата 75$ стигна за еден месец , се разбира со тракинг бројче беше. Се на се, ако ви треба нешто со просечен кон слаб квалитет за мали пари пазарете таму, ако не на ибеј може да се најде и нешо поквалитетно.
 
Често нарачувам од алиекспрес и до сега само еднаш ми има стигнато ливче во сандуче за да идам до пошта да си ја земам пратката инаку доаѓа поштар на врата.
А ако не си дома тој ден? Јас немам никого дома по цел ден, до 20.00? и како во врска со поголеми пратки? Например патики?
 
imas traking brojce od proizvodot i gledas do kade e.
ako ne si doma i da dojde postarot ke ja vrati pratkata vo posta a ti licno mozes da si ja podignes.
 
А ако не си дома тој ден? Јас немам никого дома по цел ден, до 20.00? и како во врска со поголеми пратки? Например патики?
На пример иде поштарот денес и ти не си дома и ги враќа во пошта и се чекаат 5 работни дена пред да ти ги ватат назад каај селерот.
 
А ако не си дома тој ден? Јас немам никого дома по цел ден, до 20.00? и како во врска со поголеми пратки? Например патики?
Ако не си дома, а е мала пратката ти ја оставаат во сандуче (така мене ми имаа оставено обетки), ако е поголема ти оставаат ливче да отидеш во рок од 5 работни дена да си ја подигнеш од пошта.
 
Јас купувам последниве неколку месеци од али експрес некои работи стигнаа навистина брзо , а еве едни гелови веќе 3 месеци ги чекам и уште ми немат стасано , а според следењето на пратката стасани се во Македонија уште пред два месеци и само бог знае зошто не ми се стасани сеуште. Само една пратка досега не беше иста ко на сликата за што си покренав жалба и ми вратија пола од парите , а производот го задржав за себе. Во глобала засега сум задоволен од али ама изгледа имаме проблеми кај нас во пошта или незнам каде што кочат толку пратките , а се стасани веќе кај нас... Патем некој да ми посочи како да ги следам пратките кога се во Македонија стварно ми требаат тие гелови...
 
Направив 4 порачки на АЕ на 31-ви јули. Две стасаа. Рачен часовник и читач на мемориски.
Читаќот на мемориски си работи без проблем :)
10418994_836455473065764_2306034594874337486_n.jpg


Еден совет, China Air Post не пренесува пакети кои во себе содржеле батерии. Јас порачав машинка за бричење, и истата му била вратена на продавачот. И деновиве мака мачам да си ги вратам тие 6 евра. Значи заебете рејтинг... И продавачов имаше добар рејтинг, ама еве....

qIQVuJz.png

Совет: Купувајте ефтини работи за да не зажалите ко мене за 6 евра.
Сите производи (или добар дел) се произведени во НР Кина. Нема брендови, нема марки.
***************
Некои од пратките ви ги носи поштар, во зависност од тоа дали се плаќа поштарина.
Пример за читачот на мемориски картички не платив поштарина. Поштарот ми го донесе дома.
За раќниот часовник од поштарот добив картонче за да појдам да си го подигнам од поштата во Прилеп. Платив 22 денари за поштарина.
Доколку на Tracking-от пишува дека е во Македонија, проверете во поштата. Часовникот го порачав на 30-ти јули, истиот стасал во Прилеп на 21 август. Од пошта ми пратија картонче на 9 септември.
 
Кoгa нaрaчувaте oд aли гледaјте прoдуктoт дa се прaќa преку Хoнг Кoнг Пoст, сите дo сегa ми стигнaле дo 14 денa, денес нa 13 ден еве ми стигнa мaскa зa телефoнoт (вчерa стигнaлa денес пoштaрoт ми јa дoнесе). Преку чaјнa пoст пoспoрo иде, нaд 25 денa.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Супер си е AliExpress, него овие од вмро мамата нивна. Знаат дека царина и македонска пошта имаат недостаток на луѓе, но упорно не даваат пари за нови вработувања (иако други луѓе од државна администрација земаат еден куп пари за седење дома).

Но ај, да не мешам многу политика, слободно нарачувајте од AliExpress, но бидете спремни да се изначекате да ви стигне пратката до дома (ако воопшто ви стигне), иако во Македонија дошла по само 1-2 недели од нарачување.
 
А ако не си дома тој ден? Јас немам никого дома по цел ден, до 20.00? и како во врска со поголеми пратки? Например патики?
Мене ми стигнала пратката и во пошта ми седела преку месец дена, поштарот може оставил картонче со известување ама или се изгубило или некој може од сандаче си го фрлил (не е битно битно не добив картонче) ама битно ми нашле број на мобилен и ми се јавија до пошта да си го земам пакетот бидејќи месец дена им седел кај нив.
 
Во глобала засега сум задоволен од али ама изгледа имаме проблеми кај нас во пошта или незнам каде што кочат толку пратките , а се стасани веќе кај нас... Патем некој да ми посочи како да ги следам пратките кога се во Македонија стварно ми требаат тие гелови...
Отвори ја странава : http://track-chinapost.com/
Внеси го тракинг бројот , и ќе видиш до кај ти е пратката .
 
И јас сум многу задоволен од Али Експрес.
Имам порачано производи неколку пати, и сите дошле фино спакувани на врата преку поштар.
Најрано што ми стигнал производ е околу 15 денови, а најдоцна околу 25 денови.
Кога ќе ти го пратат производот, многу е јако што ти даваат tracking code и можеш да си видиш каде се наоѓа порачаниот производ во било кој момент.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom