Физика за прва година гимназиско образованије

  • Креатор на темата Креатор на темата Gamer6713
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 септември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
2
Возраст
25
Здраво јас сум ученик во прва Година Гимназија.И имам потешкотии да го совладам материјалот по Физика.Во основно училиште бев одличен ученик и немав никакви потешкотии со физиката,но сега ситуацијата е подруга.Сега ја изучуваме темата ''Mеханичко Движење''.Лекциите ги читам,го слушам професорот на час како предава но сепак е претешко да го совладам материјалот.Тука се обратив и се надевам дека некој ќе ми објасни како да го решам овој проблем.
 
Избриши таа „ј“ од образованиЈе.
Слободно кажи му на професорот дека тоа и тоа не ти е јасно, сигурно ќе ти објасни можеби и посебно само на тебе и на некој друг што не му е јасно.. :)
 
Здраво јас сум ученик во прва Година Гимназија.И имам потешкотии да го совладам материјалот по Физика.Во основно училиште бев одличен ученик и немав никакви потешкотии со физиката,но сега ситуацијата е подруга.Сега ја изучуваме темата ''Mеханичко Движење''.Лекциите ги читам,го слушам професорот на час како предава но сепак е претешко да го совладам материјалот.Тука се обратив и се надевам дека некој ќе ми објасни како да го решам овој проблем.
Доколку станува збор за задачи, обрати се кај професорот. Речи му дека не ги сфаќаш и нека ти ги објасни.
Доколку станува збор за теорија, при читањето задлабочи се, едноставно за тоа што го читаш замислувај си слика............, така ем полесно ќе научиш, ем ќе разбереш нешто.

:)
 
Здраво јас сум ученик во прва Година Гимназија.И имам потешкотии да го совладам материјалот по Физика.Во основно училиште бев одличен ученик и немав никакви потешкотии со физиката,но сега ситуацијата е подруга.Сега ја изучуваме темата ''Mеханичко Движење''.Лекциите ги читам,го слушам професорот на час како предава но сепак е претешко да го совладам материјалот.Тука се обратив и се надевам дека некој ќе ми објасни како да го решам овој проблем.

Најдобро земи си приватни часови по физика додека уште си на почеток, немаш многу натрупан материјал или евентуално седни со некој другар/ка нека ти објасни малку поубаво. Професорот од школо мислам дека може да ти објасни ама не толку доволно за да сватиш се, сооглед на тоа што нема да има време.

P. S. гимназија, година, физика итн. се општи именки и се пишуваат со мала буква. После секој интерпукциски знак следи празно место.
 
Ако ти е за утеха сите имавме проблеми со физика, бар сите во мое друштво, учебникот е многу опширно напишан, а и не си толку запознаен со термините и за тематика на книгата, па нормално е да наидеш на проблеми. Јас си учев само од задачи, од задачи ќе најдеш формула ќе сфатиш која што ти треба или ќе ти објасни некој, ќе видиш што значи што во формулата, и ќе видиш некој дефиници за тие. Ние се собиравме пола саат пред школо сите и ни објаснуваше некој што знаеше, и вадевме 3,4...
 
Не се грижи заради тоа што ти е тешко. Книгата по физика за прва година гимназиско образование е напишана на доста висок стил, заради што малку е потешко да се надмине тој премин од основно во средно. И мене ми беше тешко, па физикa една лекција учев толку време колку што по три други прпедмети заедно. Читај ги внимателно лекциите и не се задржувај премногу на секоја реченица посебно, туку најпрво прочитај го целиот параграф/дел, па потоа разработи го. Можеш и да си пишуваш на лист тоа што е најглавно од секој дел посебно и колку што можеш повеќе со твои зборови, па потоа само тоа да го учиш. Или поцртувај си го тоа поглавното па само на тие делови се задржувај. ( Иако се ќе ти изгледа каko се да е важно ). И не се труди да запомниш се од секоја лекција, затоа штоа така кога ќе ти се соберат повеќе лекции за повторување тешко ќе се сетиш што и каде припаѓа. И кога ќе учиш нова лекција прочитај ја еднаш и претходната, не мора да ја повторуваш, доволно е да прочиташ. Ќе се изненадиш колку полесно ќе ти биде кога ќе повторуваш и како несвесно си запомнил многу работи. Така можеш и по другите предмети. Ваков проблем верувам дека имале над 90 % од учениците, им било проблем барем на оние што се труделе да научат. Слично можеби е и со македонски, со оглед на тоа што во основно си читавме приказни и учевме песни напамет, а во прва година одеднаш има книга од 350 + страни во која има само лекции. Но нели секој почеток е тежок, па тешко е додека не се навикнеш. Доволно е само редовно да ги учиш лекциите, а се друго ќе си дојјде по ред. Ако имаш нешто нејасно можеш слободно да ме прашаш, со оглед на тоа што сум втора година на физика ( факултет ) па би можела да ти помогнам, ако не на друг начин барем со некој совет. :)
 
Благодарам за советот и подготвеноста да ми помогнете кога ќе ми биде потребна помош.
 
Најди си американски учебници ако можеш, македонските (вообичаено) се катастрофа, и наједноставните работи така ќе ги извртат да не можеш да им го најдеш крајот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom