Не се грижи заради тоа што ти е тешко. Книгата по физика за прва година гимназиско образование е напишана на доста висок стил, заради што малку е потешко да се надмине тој премин од основно во средно. И мене ми беше тешко, па физикa една лекција учев толку време колку што по три други прпедмети заедно. Читај ги внимателно лекциите и не се задржувај премногу на секоја реченица посебно, туку најпрво прочитај го целиот параграф/дел, па потоа разработи го. Можеш и да си пишуваш на лист тоа што е најглавно од секој дел посебно и колку што можеш повеќе со твои зборови, па потоа само тоа да го учиш. Или поцртувај си го тоа поглавното па само на тие делови се задржувај. ( Иако се ќе ти изгледа каko се да е важно ). И не се труди да запомниш се од секоја лекција, затоа штоа така кога ќе ти се соберат повеќе лекции за повторување тешко ќе се сетиш што и каде припаѓа. И кога ќе учиш нова лекција прочитај ја еднаш и претходната, не мора да ја повторуваш, доволно е да прочиташ. Ќе се изненадиш колку полесно ќе ти биде кога ќе повторуваш и како несвесно си запомнил многу работи. Така можеш и по другите предмети. Ваков проблем верувам дека имале над 90 % од учениците, им било проблем барем на оние што се труделе да научат. Слично можеби е и со македонски, со оглед на тоа што во основно си читавме приказни и учевме песни напамет, а во прва година одеднаш има книга од 350 + страни во која има само лекции. Но нели секој почеток е тежок, па тешко е додека не се навикнеш. Доволно е само редовно да ги учиш лекциите, а се друго ќе си дојјде по ред. Ако имаш нешто нејасно можеш слободно да ме прашаш, со оглед на тоа што сум втора година на физика ( факултет ) па би можела да ти помогнам, ако не на друг начин барем со некој совет.