Скопски сообраќајни ситуации што нервираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Највеќе ме нервира тоа што цајканите ги гасат семафорите и уште 20 други мутави цајканчиња од страна се учат како треба да мафтаат на сред раскрница. У сред гужва идиотите решиле да прават практична настава, а со тоа прават уште поголема гужва, се утепав од вртење низ градов.
 
За второто и за третото (шахти и средна линија) итекако ти држи муабеот вода, ама за првото и не баш. Центарот буквално е затрпан со дивопаркирани возила, буквално не можеш да поминеш како пешак (зборам низ центар), а тука ти се и константните реновации, изградби во тек каде буквално целиот тротоар е натрпан со шут/скелиња, и сеа во таква состојба кај што пешак со пешак не можат да се разминат, точаците со голема брзина прошишуваат покрај тебе. И ај ќе речам точаци, ама има и мотори. Исто као што ги има на стаза на кеј по горниот дел.
Саладин, возам и кола и точак, знам на кои делници и се реновира и кои се редовно блокирани од паркирани коли, не ги обвинувам кога е таква ситуацијата, ама возење сред лента скоро, без да глеа лево десно а од страна ширум голем тротоар слободен, не иде. Не за друго, ќе го собере после Јанко, Петко, Станко па тој ќе биде крив.

едит: после Веро во Тафталиџе најчеста појава е оваа, висок е тротоарот и ги мрзи да се качат па шибаат у лента. А таму има столбчиња и нема шанси да се паркира некој, башка завршиија со реновирање.
 
Последно уредено:
Јас еве како скопјанец неможам да се начудам на странскиве возила од други градови, како мислат дека овде имаме развиено телепатско читање на мисли кој каде врти со возилото. Значи не ја штедете рачката за жмигавец, направена е да трае !!! И да, застанување на било кое место за истовар на 3 луѓе со кола со три врати во 8,15 насабајле на прометна улица, на пример кај Рекорд, за ова Кумановци се на прво место :P
 
Проблем број 1 се таксистите!!! Кои кретени се тоа, чудо невидено. Секоја будала која земала возачка седнла зад волан и вози такси. Неписмена багра, сите до еден!!!
Му текнало застанал на сред раскрсница да земе/истовари патници. Намерно кочи за да го учукаш од позади за да земе некаква оштета. Лево/десно од една во друга лента без да погледна во ретровизор. Тоа жмигавците се само онака за украс.
 
Непочитување на пешачки премин и црвено/зелено светло на семафор... исто и во Гостивар.
Лоша организација при имање поплави по улиците од дождот.

Другото не е нешто што би ме нанервирало:)
 
Ми текна, и неможам да се начудам, кога една лента ќе се наполни на раскрцница, абе и да е зелено на семафорот не треба да ја поминеш раскрсницата дур не се направи простор на другата страна. Ај што е казниво туку закочуваш уште најмалце 10 возила кои неможат да непоминат со тоа што ти викаш дека си поминал на зелено. Кретенска работа, и до оние што свират ко да се по невеста, абе како несваќате дека џабе свирите, неможе да прелетате преку гужвата.
 
Јас еве како скопјанец неможам да се начудам на странскиве возила од други градови,

Ууу не сум знаел дека треба и пасош да покажеш на патарината во Петровец. Чудно, а и не се ми побарале до сеа...
 
Ууу не сум знаел дека треба и пасош да покажеш на патарината во Петровец. Чудно, а и не се ми побарале до сеа...
Така си ги викаме, зашто си го сакаме Скопје малку повеќе од вас останатите, природно е верувај !!!
 
1.Куртоните/куртонките на точаци кои што возат по средна лента и мислат дека нивна е улицата,возат по улица а имаат ебен тротоар по кој што можат да се движат,возат еден до друг и ич кур не ги боли дали сметаат на сообраќај или не.

2.Куртони/куртонки кои што не даваат жмигавец кога вртат лево или десно,туку лаганица си врти па ти мисли му ја,а притоа и кочи пошто е несмасен возач и мора кривината да ја сврти со 10 на саат.
 
Мене ме нервираат кучињата скитници што ми претрчуваат сред пат, два пати ќе ми се случеше да ги прегазам и морав нагло да кочам , вториот пат среќа што и тој позади што возеше беше приземен и закочи иначе ќе ме удреше.
 
Баш пред малку ме изнервира возач на приватна 22ка во која се возев и јас. На пешачкиот премин пред Тинекс во Градски ѕид поминува госпоѓа со чадор, а овој залетан, не само што за малку ќе ја згазеше, туку и и се дере: „Што е госпоѓо, само ти ли си присутна на улицава“. :facepalm:
 
Така си ги викаме, зашто си го сакаме Скопје малку повеќе од вас останатите, природно е верувај !!!
Истото мислат и во Куманово за возила од Скопје или Кочани, во Велес за тие од Битола и во Кавадарци за тие од Росоман.И во Охрид на пример редовни дешавки со ‘странски‘ возила во еднонасочни улици возење контра и покрај поставени знаци.Секое ебано лето.А во сите места локалните се најмногу, па сега ти види.

Едит:Зошто возат доста возила по Илинденска на црвено?Па мораме да се прилагодуваме и ние од страна :нинџ::pipi:
 
Горе доле се што ме нервира сте спомнале.

1. Таксистите. А бе како возат мислиш Скопје го ослободиле и нивно е цело, па возат како сакаат.

2. Недавање жмигавец при престројување. А бе јас мисли да не читам оти ти сакаш да се престроиш! Може 70-80% од шофериве низ Скопјево не даваат жмигавци.

3. Шахтите и дупките. Ги има буквално на секое можно уличе или булевар. На секое! И да сакаш, не можеш да ги промашиш сите. На новиот мост кога вртиш од Аеродром накај саем има две шахти на растојание од 20-30 см. Е од тие две една мора да погодиш ако сакаш да поминеш од таму.

4. Велосипедистите ај до некаде да ги оправдам поради тоа што немаат секаде патеки. Ама на делов што го спомна @Ilumious има тротоар, не се гради таму и пак си возат по улица.

5. Брзото возење. Во населено место дозволена брзина е 60 километри на час. Во Скопје ретко кој почитува зададена брзина. И дури знак да има поставено секогаш се вози повеќе од дозволеното. Разбирам оти на некои делови можеш побрзо да поминеш, како под стоковната куќа Мост, ама не можеш да возиш брзо секаде. Како сите некаде да брзаат, што ќе ве кошта ако излезете пет минути порано за да стигнете на време без брза вожња. Јас лично уживам низ Скопје со брзина од 40 до 60 километри на час.

6. Генералното непочитување на сообраќајните правила и прописи. Пред некое време, мајка со дете за рака поминува на рекорд во најголемата гужва на сред улица, а 50 метри погоре и подоле има пешачки премин. Каков пример како родител остава таквото однесување кај детето? Немаме никаква сообраќајна култура. Факт. Без разлика што уште во основно учиме што е тоа.

7. Хаосот кој се ствара секој ден кога сите одат и се враќаат од работа. Кај се тогаш сообраќајците да го олеснат движењето низ градот?



Имаше уште нешто, ама ми отиде мислата.
 
Нo како ја фатиле на екран секогаш истава женска, не дека не е јака, ама да ја следат така....[DOUBLEPOST=1411659772][/DOUBLEPOST]Иначе многу работи ми пречат, но кога сум на другата страна пак тие работи јас ги правам.
 
Последно уредено:
Нo како ја фатиле на екран секогаш истава женска, не дека не е јака, ама да ја следат така...
:pos:

Аман бе. Зарем не се приметува драматизација дека е?
Режија не приметуваш во клипот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom