Тесла автомобил во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Беше изложен денес од некој дечки не „Из Београда“ него чак из Загреба.
Picture 1795.jpg Тесла на хаубата на електро - мобилот, (негов ли е изумот)

Picture 1794.jpg нарочно отворена хауба - напред ,да се види дека нема мотор....

Picture 1793.jpg цена од 70.000 Е па до 100.000 и + во зависност од опремата..........

Picture 1796.jpg потошувачка 300 денари полнење Е.Е. доволна за 400 км.
--------------------------------------------------
се чека првиот купувач помеѓу:Штерјовци,Трифуновци,Минчовци,Зегиновци,Мук..Тин.. и т.н.
или некој наш член од Кајгана веќе ја уплатил и се перчи низ Валандово и Пирава со неа.
Вреди ли толку, а нема ни ауспух на неа како што видов. Нешто повеќе од поупатените во оваа тематика..
 
Убав е количето Тесла ама е скап за нашите џебови можеби за десет години може половно да се купи е дотогаш батеријата цркна и пак се купува батеријата и цената чинат колку ново да купиш :)
Инаку еве слики со ХТЦ сликнав :D
f4f2c567599d49c4484e3451c8771a08.jpg

94717e96aa786b3aded657b6242ae151.jpg

3a89f8018d2db076dd83b24731fd6001.jpg

f8f1da1d31a8063f4593094fc1cc7cf4.jpg

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Може во иднината кога овие коли ќе се покажат и ќе сум сигурен дека нема да се запалат. Поубо да купам нешто до 30.000 евра и ќе имам за бензин барем. Или Приусчето ми е многу јака кола, сум ја возел два пати досега, од кога ќе сфатиш како се стартува супер е. И не троши многу oколу 4.5 литри на 100 километри.
 
Е тоа времето ќе покаже и приусчето е супер сепак времето ќе покаже бидејќи во 2020 година коли со дизел мотори ќе се забранува производство односно ќе се повлечат ,но Германија го оспорува предлогов и го одложува за 2024 затоа електро-мобили или хибриди тука лежи иднината, но уште не е усовршено поради слабата автономија слично како кај смартфоните што еден-два дена троши батерија така и коливе :)

Sent from my iPad 3 using Tapatalk
 
Колава е страшно јака на изглед а и се околу неа. Но скапо шеј е за нашиов стандард.
 
Е тоа времето ќе покаже и приусчето е супер сепак времето ќе покаже бидејќи во 2020 година коли со дизел мотори ќе се забранува производство односно ќе се повлечат ,но Германија го оспорува предлогов и го одложува за 2024 затоа електро-мобили или хибриди тука лежи иднината, но уште не е усовршено поради слабата автономија слично како кај смартфоните што еден-два дена троши батерија така и коливе :)

Sent from my iPad 3 using Tapatalk

Стварно мислиш дека е за тоа? Гледај, Тесла искрено е револуционерен продукт... Ако има бензиски пумпи (електронски пумпи) специјални за возилава, тогаш нема фрка колку и брзо да се трошат затоа што сигурно ќе стигне тој до следната бензиска за полнење.

Иднината е во ова, нафтените компании се тие што долговлечуваат сѐ.
 
Не само нафтените компании одолговлекуваат туку и автомобилска индустрија на пример Германија најголем извозник за автомобили посебно за дизел мотори.

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Е тоа времето ќе покаже и приусчето е супер сепак времето ќе покаже бидејќи во 2020 година коли со дизел мотори ќе се забранува производство односно ќе се повлечат ,но Германија го оспорува предлогов и го одложува за 2024 затоа електро-мобили или хибриди тука лежи иднината, но уште не е усовршено поради слабата автономија слично како кај смартфоните што еден-два дена троши батерија така и коливе :)

Sent from my iPad 3 using Tapatalk

од каде оваа информација за дизелите, дај линк
 
Најголем недосток на елек. Автомобили се батериите, уште нема батерии кои можат да издржат подолго време. Мада во последните години батериите навистина еволуираа многу.
Кога ќе доаѓа за нас смртниците зависи само од тоа кога ќе пронајдат начин како да не држат како клиенти, нешто налик на електропумпи, за цицање даноци за државите итн. Едноставно нема да не пуштат онака независни да бидеме и да се возиме на струја која ја полниме од дома која ќе биде многу евтина., поевтина од некоја си електропумпа...
 
За линк не знам ама гледав репортажа и вести ДојчеВеле тамѕ кажаа, а за линк барајте сигурно има некаде.

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
И 70 000 евра не се многу!!! Во градов има многу коли кои чинат и повеќе од 70, така да ќе си најде она купци и тука. Прашањето е дали оние кои возат обични коли од 70 илјади сакаат да се курчат со електрична кола или не? Сепак за имиџ се работи. А од причина што имаат пари, мислам дека НЕ, .............. ќе биде она класичното македонско, ееееее ефтино ти е возењето, ...... си скрпил 70 едвај и сега џабе возиш и сл коментари
За мене е побино прашањето на сервисирање, дали има кој да ја сервисира и сл?
 
Еве едно убаво средено видео ривју на колава ... Иначе за цената нема сомнение ,80 илјади што си е нормално,овие коли се ретки и сега влегуваат во комерцијала ... Кога ќе стане стандард очекувам како нормална цена да виде на еден нов автомобил ... Инаку навистина вреди да се земе , од Хрватска до Македонија ,кажа на интервју за Анал 5 дека го чинело 800 денари ,односно 400 км околу 320 денари по македонски терк ... :)

И Анал 5 ...

Скапо е ова уште, башка па и има ограничено растојание што може да го помине пред да се полни.. сега за сега како најоптимистички се хибридите.
 
Скапо е ова уште, башка па и има ограничено растојание што може да го помине пред да се полни.. сега за сега како најоптимистички се хибридите.
Значи како што разбрав не е некој голем проблем за полнење ,околу 30 минути се потребни со нормална брзина, со нормални вклучувања ,колку едно време на кафе ,а има специјални станици каде што е бесплатно полнењето било каде низ светот ,најблиска станица е во Хрватска од каде и презентацијата ,за далеку помалку време на полнење , можеби 10-15 минути на полнење со брзо ниво . Како и да е ,за мене е ФАНТАСТИЧЕН автомобил и се радувам на ова во иднината ... Секако ова е револуција на движењето,нови типови на автомобили . :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom