"ВИ РЕКОВ !"-Фудбалска тема за предвидувања

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Вангелис Павлидис ќе направи трансфер во некоја посериозна екипа следната или сезоната после тоа
 
Kwang Song Han ќе биде еден од најдобрите стрелци во Италија за пар сезони освен ако не направи трансфер во друга лига
Oк, не дека ви реков...ама..
Баш сега видов дека во септември (скоро една година после постов) направил трансфер во Јувентус (y)

Не знам како ќе се одвива кариерата негова во следните сезони, ама добро е да се знае дека добар скаутинг тим имаат овие од Јуве и следат кајгана :D :D
 
Да пишував во оваа тема, сега ќе се цитирав како сум им предвидел богата кариера на Сон (уште кога беше во Леверкузен) и Лаутаро (додека беше во Ланус). :(
 
Нкунку од ПСЖ за неколку години ќе стане сосема солиден играч и ќе има сосема успешна кариера.
1582415245634.png

Кежуал 4 асистенции за 30 минути на гости против Шалке (y)

Браво, ме радува што го исполнува својот потенцијал (y)
Ептен ептен се зезнаа ПСЖ што го продадоа, ама од друга страна дефинитивно ова е подобар потег за Нкунку (y)
Автоматски споено мислење:

Најдобри асистенти во лигата:

Санчо - 14

Милер - 14

Нкунку - 11

Двајцава сите ги фалат, за овој третиов имаше еден на кајгана пред 17 месеци нешто пишано и толку :toe:
 
Vo Juni kje pocne povtorno Premier Ligata.

Vo Spanija i Italija kje ja ponistat sezonata.
 
Јувентус ќе освои Скудето. Во 36 коло ќе киксне со Сасуоло и Милан ќе им се доближи на 2 бода, а Интер ќе биде трето и ќе бидат под ризик да испаднат од местата за ЛШ. 37 коло се игра дерби ди италија, сите неутрални се надеваат Интер да земе барем бод за конечно, можеби, да се смени шампионот во Серие А, миланезите викаат "ајде комшики можете", фан-клуб Интер се токми конечно Интер да изигра една утакмица со мадиња.
Резултатот? Лесни 3-0 за Јувентус, со тренинг утакмица против шампионски менаџираната постава од Конте. После утакмицата Конте ќе изјави дека сепак играта била добра, резултатот не бил фер, меѓутоа фалат шампиони за повеќе, али тимот расте. Исто, после тоа, ќе даде цела беседа, како клубот не го штител доволно и вработените не го почитувале како што доликува за тренер со такво реноме. Нема да каже што точно е причината, ама неколку дена пред изјавата, ќе искочи статија во Cds, дека Конте еден ден на работа носел слим фит фармерчиња, а некој портир му рекол дека гзот многу му се оцртува од нив. Веднаш после тоа, бил свикан состанок на цел менаџмент, каде Марота потрошил неколку саати на power point презентаци и презентирање на квантитавни индикатори, со кои темелно и ван секаков сомнеж, се докажува дека гзот на Конте изгледа сосема добро, во сите парчиња на машка облека за долниот дел од телото.
Интер ќе обезбеди ЛШ во последното коло со Удинезе, на домашен терен, откако Удинезе ќе промаши пенал за израмнување во 92 минута, кој го направил Видал.
 
Инфаркт имаш, смири се.
 
1.Манчестер Јунајтед ќе освои или ЛЕ или ФА куп.
2.Манчестер Сити ќе игра финале во ЛШ.
3.Јувентус нема да го освои скудетото.
4.Европското првенство ќе биди postponed за една или две недели со оглед на тоа дека првенствата нема да завршат во датите кои се очекува.
5.Англија ќе игра минимум 1/2 финале на ЕП, а можно е и да го освои првенството.

place the bets

Ќе пишев и за Атлетико шампион ама од оваа перспектива нема смисла...а ги истипував повеќе пати во почетокот на сезоната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom