Вечни студенти

  • Креатор на темата Креатор на темата DBack
  • Време на започнување Време на започнување
Се правиш паметен со латински изрази за работи кои не ги разбираш и после го правиш истото за кое што обвинуваш друг. Да бев на власт за хипокризија ќе бесев на плоштад.
Бетмен Велит ли се вратил? :D
 
Се правиш паметен со латински изрази за работи кои не ги разбираш и после го правиш истото за кое што обвинуваш друг. Да бев на власт за хипокризија ќе бесев на плоштад.

Веќе гледам со кој си имам работа и ќе престанам да те цитирам.

1. Ова Е ад хоминем.
2. Кога нивото на дискусија квалитативно опаѓа, односно гледам дека дискутирам со луѓе кои не знаат да дискутираат од принцип ја продолжувам дискусијата на тоа опаднато ниво.
3. Да беше...
 
1. Ова Е ад хоминем.
„Веќе гледам со кој си имам работа и ќе престанам да те цитирам.“
Може да е засновано на повеќе работи и фактори, од кои една од нив е твоето мислење. Ад хоминем е да ти кажам дека нема да го читам тоа што ќе го напишеш ради тоа што си сеЉак. А ако момакот одлучил да отстапи од тоа да го сподели неговиот начин на размислување со тебе, затоа што мисли дека нема да успееш да го разбереш е друга ствар.

За второто нема да искоментирам затоа што ќе најдеш некој друг латински израз на интернет за тоа.

А на власт не сум затоа што сум доволно паметен да не ни конкурирам за таква позиција. Заради тоа да си смирам нервите ги пцујам луѓето кои практикуваат хипокризија, ама пцуење по интернет не е ефективно.
 
"Веќе гледам со кој си имам работа и ќе престанам да те цитирам." имплицира дека постои необорива евиденција која го поткрепува неговото мислење за мене.
Прво, тука не се дискутира за мене;
второ, доколку таа евиденција е нагласена следи нејзино приложување.
Патем, чувствувам должност да ти потенцирам дека станува збор за личност која тврди дека "задачата на факултетите е да ти ги развојат мозочните способности, начинот на размислување, дисциплината, соочување со проблеми за кратки рокови и така натаму."
Факултетот, институција која меѓудругото подразбира и научно - истражувачки дејности за овој човек е сведена на... ова?

Ајде да го разглобиме тврдењето, сакаш?

Факултетот е место на кое се соочуваш со решавање на проблеми за кратки рокови.
Домашни, тестови и контролни постојат и во основно и средно училиште. Така да, ако си дошол на факултет без стекнато рутина, тоа е твоја вина.

Факултетот е место на кое треба да се стекнеш со дисциплина и самоконтрола.
Дали ова подразбира дека дисциплината е небитна во основно и средно? Ако не, тогаш заклучокот е сличен како погорниот.
Ако да, тогаш дали и зошто треба да се регулира дисциплината на учениците во основно и средно?

Факултетот е место на кое треба да ти ги развијат мозочните способности.
Кои мозочни способности? Говор? Координирање на рацете и очите? Критичко размислување?
Да, точно е дека не сите луѓе се критички размислувачи на 18 години. Некои не се ниту на 81. Дали факултетот е место на кое студентите треба за прв пат да се сретнат со аплицирање на дотичниот сет од правила на контемплација?
Пример, на одреден колоквиум 80% од студентите биле паднати. Дел од нив барале да се одржи нов, поправен колоквиум наредната недела. Професорката ги прашува, "а што е со тие кои положиле. Дали е фер кон нив вие кои сте паднале да имате една дополнителна недела за спремање на колоквиумот?"
Студентите одговориле, "Па и тие имаат право на преполагање."
Поради недостиг на критичко размислување студентите не се ни способни да сфатат зошто нивното барање не може да биде исполнето.

Но дали сепак сметаш дека си доволно паметен за да оформиш влада која ќе биде пофункционална од сегашната? Ако е така, тогаш супер. Остави име, презиме и листа на пратеници јавно на форумов а ние ќе се погрижиме за твојата кампања. Повели.
 
Ах бе, според сето ова што го пишуваш според тебе не треба ни да одиме на факултет, доста е она што сме го научиле од средно и спремни сме за животот.
Само што го занемаруваш фактот дека 2 предмети на факултет, имаат исто материјал и многу поголема тежина од 10 предмети во средно. Секоја чест на учениците кои знаат како се полагаат колоквиуми уште во средно, бидејќи јас додека не запишав факултет не знаев. Ако ми требаа 4-5 саати да подготвам тест во средно на факултет ми требаа барем месец дена да спремам колоквиуми. Имаше предмети во кои професорите предаваа 50% од материјалот за колоквиум во последната недела, онака 100-200 страни преку слајдови.

Ама што е ова за тебе, боза, ти тоа си го учел во 6то основно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom