Робин Вилијамс пронајден мртов

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
RIP , човекот кој беше синоним за хумор, и причината заради која го засакав и stand up-от како една посебна форма на изразување и уметност.
 
Иронично, кој го гледал филмов знае зошто.

What-Dreams-May-Come-poster.jpg
 
Замина еден дел од мојата младост... Почивај во мир!
 
Тие таквите кои се самоубиваат јас не ги оправдувам......, но како и да е, жално за човекот.

Нека почива во мир:(
 
На извесен начин, покрај многу други работи, Робин Вилијамс (а секако, не сум единствен) на еден мошне убав начин одбележа дел од мојот детски/адолесцентски период. Тоа е она време кога и еден филм/книга/песна може да изврши значително влијание врз начинот на размислување и доживување на она околу нас, нешто што подоцна не се случува, или ако се случува е вистинска реткост (и не, не мислам на Mrs. Doubtfire).

Незаборавен во Dead Poets Society, одличен во Аwakenings и во повеќе други филмови. Никогаш не сум гледал на Вилијамс како на комичар, или барем не како на обичен комичар - овој имаше посебна, специфична харизма, талент, појава, зрачеше со некаков детски ентузијазам, оставаше впечаток на голема широчина, добрина и бескрајна чувствителност. Барем јас така го доживував низ филмовите.

Нека почива во мир.
 
Гледам на Фб една пријателка споделува вест за смртта на Робин Вилијамс и ме обзема тага.И гледам луѓето му маваат лајкови на постот.Што има за лајкување бе,дека умре!? Стварно не сфаќам што мислат. :confused: Беше одличен глумец,а сигурно и како личност. Нека почива во мир.
 
Не ми се верува дека си замина... Баш како некој близок да ми починал...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom