Божино
4815162342

Рoџерс Купот е шестиот Мастерс турнир годинава. Мажите играат во Монтреал, а жените во Торонто. Ова е 125то издание во машкиот дел и 113то во женскиот. Само Вимблдон и УС Опен може да се пофалат со поголема традиција. Годинава турнирот ќе трае од 4ти до 10ти август.
Најуспешен во машка конкуренција е Иван Лендл со 6 титули, а во женска Моника Селеш со 4 титули и тоа по ред(1995-1998).
Пошто не сум многу по жениве (Insert gay joke), ќе пишам само збор-два за ланскиот турнир и очекувањата кај машкиот дел од турнирот.
Титулата од лани ја брани Рафа Надал, кој за жал ја повреди десната рака и стана предмет на комплексна дебата на форумов дали станува збор за теорија на заговор и се одмара и спрема за УС Опен или вистина е повреден.

Годинава првите 8 носители во машка конкуренција се:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Роџер Федерер
3. Стан Вавринка
4. Томаш Бердих
5. Давид Ферер
6. Милош Раонич
7. Григор Димитров
8. Енди Мареј
Фаворит број 1 е секако неодамнешниот тенисер број 1, Новак Џокович кој со повредата на Надал фактички е гарантиран завршен број 1 за 2014 година и ќе атакува сигурно на титула тука и на Синсинати со што ќе ги комплетира сите мастерси. Бидејќи се работи за тврда подлога, фаворит е несомнено и Федерер, но „од сенка“ можат да изненадат и Вавринка, Димитров, Мареј и други.
Ќе пренесуваат МТВ и Спорт Клуб, што во превод значи дека имате избор меѓу лајв стрим од погреб наспроти СЈАЈНО.
ито.
Ждребот виа Википедија, не е целосно лоадиран али отприлика се знај шо-како. Прилично тежок ждреб за Новак. Федерер има голема шанса за финале.
Горна страна:

Долна страна:

Последно уредено: