Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам од кој причини само се ставаат фискалните за Охрид, и се тера антикампања. Прво со кој образ(најчестно Скопјани) ги ставаат тие слики кога истите тие преку цела година процентуално 2 кафиња пијат дневно надвор од своите домови. Да не збориме дека кафе у центар под 120 денари нема, жими тоа еспресото. Па коа ќе видиш некоја пуфла земала цеден сок од портокал, кафе, па после ќе боцка салатиче сума сумарум испод 500 денари не е. И после некој такви се бунат за цената, не ме јеби бре.

Охриѓани вакви такви, поубаво Грција него ли Охрид. Се е ствар на вкусови, нели? Проблемот е што во било кој туристички град да одите во Грција кога не е сезона, нема да најдете ни продавница ни човек, преку сила 2ца ако видите што дошле да зачистат собите. Затоа што локално население во тие градови нема, претежно се граѓани со подобри финансии што земале да издаваат апартмани. Додека во Охрид ситуацијата е друга, и нормално е луѓето да гледаат да заработат кога е гужвата.
Србите да не одат црна-гора? Не, идеа порано сега им здосади и идат у Грчка. Секоја година и со Охрид е истата приказна, затоа што на Македонецот веќе му здосадува, ама затоа има повеќе странски туристи.

И Струга и Дојран ако гледаме се турстички градови, а се со пониски цени, каде што Струга преку цела година е напунета х3 за разлика од Охрид, затоа што локалното население е поголемо и живеат голем број Албанци, кој често купуваат и се врти прометот во дуќаните.
Охрид е преубав град, што ретко кој знае да го цени. Има преубави историски локации, и места што треба да се видат, само кај нас владее тоа "Е да бе, цркви ќе глеам, ќе идам на Закинтос по пички". Нема везе иди убаво да си поминеш, ама најчесто таквите ликови гледаат на максимален начин да го оцрнат Охрид. На кој до што му е работава, така?

Проблемот не е во цените, кој колку сака нека се жали кога факт е дека 50% у Охрид се Скопјани. А, тие Скопјани ги јадат најскапите сендвичи и најскапи кафиња пијат. Проблемот е сосема друг, нељубезноста на самите граѓани. Не е проблем да се плати повисока цена, ама за таа цена да добијам тоа што го плаќам, а не изгасен бољер, клима неможе, телевизор само мтв да гледаш и ред други работи. Ова се големи проблеми, што за среќа сум ги немал затоа што скоро секогаш кога идам Охрид, сум престојувал кај исти луѓе и ме знаат. Тоа се главните проблеми според мене што ги бркаат граѓаните, и недоволната организација на комуналната хигиена, паркинзите и пред се плажите и нивната хигиена. Буквално на сред ензеро покрај мене си помина улошка може евридеј беше, али сочна беше секако.

Средете си ја хигиената, паркинзите, организацијата на плажите и љубезноста, Грчка ќе ја заебете од странски туристи.
 
Somewhere in Skopje ...

10322698_10202551258368749_2272474057284598113_n.jpg

Никој никогаш не рекол дека нема скапи места во Скопје,али скопјани не им зависи градот од тоа како ќе помине туристичката сезона.Во Скопје живеат скоро сите директори на поголеми фирми,амбасадори,претставништва и висок ешалон државна бирократија нормално е дека ќе има скапи места за нив.Али мислам дека они секако не ви се целна група за туризам.

Тој кеј што го зборите седнете преку ден да видите колку воопшто од нив се скопјани.
 
Антикампањата за Охрид, е почната, и сеуште предизвикана од самите оРиѓани, и никој друг.
 
Ова со фискалнава е исто ко фискалната од Горица 3, мислам беше во прашање. Броз претпоставувам дека е, кафичот што е сега „ин“(т.е. не е од сега, него негде од почеток на годинава) и сите идат таму за да се чекнат. А тоа што нема паркинг и си ги оставаат колите на сред улица па се чудат кога пајак ќе им ја крене, друга ствар. А и само добри колици се паркираат таму.
 
Ако го средиш местото инфраструктуно и плански, нема везе дали имало или немало стара архитектура :) Пристап се бара, не да не можат две возила да се разминат и дупки по улици. И секако да не биде 50 години ништо да не вложиш во градот или едино вложување да ти биде вадење на мермерот и ставање на коцката во чаршија или обратно или па како и да беше, се разбираме.
Тоа е проблемот што кај нас ниту еден град и село не е средено инфраструктурно и плански уште пред 50-60 години кога имало градежна експанзија и миграција село-град. Се градело на кој како му текнало, секој крадел од дворно место и улица, секој доградувал спрат без дозвола и слично. Затоа денес е многу тешко да се исправат тие грешки, затоа што чини многу пари. Каков народ таква и држава. Многу е едноставно. Нашите градови кога ги снимаш од авион панорамски изгледаат како кога ќе се соберат илјадници мравки околу една дупка.

П.С. Стар град и архитектура е многу пресуден фактор за развој на туризмот. Тоа се тие работи што даваат душа и егзотика на едно место. Во Охрид требало и треба да се градат само куќи со автентичен охридски изглед исто како во Грција што се градат такви вили коишто имаат грчки традиционален изглед.
 
Не држи вода муабетот Ханиоти било село Охрид бил град со историја и не знам што.. Македонскиот турист во Охрид не оди да види цркви, манастири и други историски знаменитости... еднаш се гледаат тие работи и сите веќе сме ги виделе... туристите од Македонија одат во Охрид на плажа...

Но зошто некој би одел на плажа на езеро кога за истите пари може да оди на море во соседните држави и плус да добие подобра услуга... За да ги задржат домашните туристи мора да понудат далеку поефтина цена од онаа што се нуди во соседството каде има море затоа што има голема разлика од одмор на море и одмор на езеро така да треба да има и огромна разлика и во цената.. Од странските туристи кои идат да гледаат цркви манастири имаат ќар само хотелиерите, обичниот охриѓанец ни денар нема да види од нив...Се знае каде се сместуваат и каде се движат тие.. Охриѓани имаат ќар од домашните туристи, тие се сместуваат во соби во градот, тие трошат пари во кафичи...

За услугата нема потреба воопшто да се дискутира... охриѓани се навистина феномен... се знае во туристичко место кон гостите треба да се однесуваш екстра фино, а не како кон најголем душман.. не дека се сите такви многу пати сум бил Охрид и сум бил сместен во куќи со прекрасни газди но и во куќи во кои се чувствував како да сум во концетрационен логор.. Келнерите се посебна приказна.. не дека и во другите градови се однесуваат совршено но во Охрид како туристичко место наместо да имаат најдобар однос тие се убедливо најлоши...

Сето ова е веројатно последица на тоа што сме убедливо најнеспособен народ... Колку само одморалишта ни пропаднале низ цела држава ради тоа што во цела држава не можи да се најди еден способен човек добро да ги среди и да ги менаџира за да заживеат.. а тоа наскоро и на Охрид ќе му се случи ради сопствена неспособност ќе ги молат домашните туристи за 100 денари од кревет...
 
Немојте да мешате баби и жаби, никој никогаш не рекол дека Охрид не е убав град и дека досадно било да се гледаат цркви.

Целиот муабет е за услугата на Охриѓани.
Еднаш и засекогаш разберете.

Човек работи макотрпно 12 месеци во годината за да земе проклети десет дена одмор, а сите знаеме како се заработуваат пари во Македонија и колку тешко се заштедуваат. И кога некој се решил да ги потроши своите тешко заработени пари во Охрид вие ги понижувате и плукате луѓето и вртите муабети од типот "ак не ви чини не идајте" (и тоа не е од сега, тоа е со годиништа), е сега кога луѓето стварно почнаја да не ви идат е сега е антикампања, ма немој жити све.

Греота е и срамота е и жално е, жално е да се мачиш цела година, да штедиш за да идеш десет дена у годината да се одмориш и издуваш и таму некој да те испосере зашто не си странец. Епа затоа луѓето почнале да идат во Дојран, а и да не се лажеме, кој имал пари одсекогаш идел у Дубаи или у Тунис или Египет и сеуште бира егзотични места за одмор, кој немал идел во Охрид, тоа е вистината.
 
Охрид не благодарам идам на море во Хрвацка :)

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Според мое мислење размислуваш доста погрешно.

Најголем проблем во Охрид е тоа што се изнајмуваат вили и куќи во коишто живеат и самите сопственици, па тука настанува проблемот реално. Јас бев во Бугарија на одмор( Несебар), па и таму кога си сместен во приватен смештај и таму газдите ти дишат во врат цел ден. Исто е и во Хрватска. На сите туристички места е така. Секој гледа таму да ти го исцица и последниот цент што го имаш во џеб, сите таму се претворени во пари, затоа што само тие 3 месеци печалат пари.

И, во Грција, Бугарија кога одат Македонци на одмор доживуваат незгодни ситуации, дофрлување, навреди, па пак им одат на одмор таму. Ете мене во Бугарија келнер во еден кафич ми наплати 2 лева само да мочам во веце, друг ми зеде 1 лев само да ми покаже 50 метри подолу каде се наоѓа еден ресторан . Кога им кажав на газдите каде што бев сместен беа вчудоневидени како некој можел да ми земе пари за такво нешто, а патем тој газда секоја вечер ми мрчеше за вода и упалено светло додека се туширав. Му сметало на видот. Секаде има и такви и такви. Само среќата е пресудна на какви ќе налеташ. Зборувам кога одиш да спиеш во куќа кај живеат и газди, а инаку плати си кеш во хотел или изнајми си апартман во вила и никој нема да те замара никаде.[DOUBLEPOST=1405603201][/DOUBLEPOST]
Не држи вода муабетот Ханиоти било село Охрид бил град со историја и не знам што.. Македонскиот турист во Охрид не оди да види цркви, манастири и други историски знаменитости... еднаш се гледаат тие работи и сите веќе сме ги виделе... туристите од Македонија одат во Охрид на плажа...

Но зошто некој би одел на плажа на езеро кога за истите пари може да оди на море во соседните држави и плус да добие подобра услуга... За да ги задржат домашните туристи мора да понудат далеку поефтина цена од онаа што се нуди во соседството каде има море затоа што има голема разлика од одмор на море и одмор на езеро така да треба да има и огромна разлика и во цената.. Од странските туристи кои идат да гледаат цркви манастири имаат ќар само хотелиерите, обичниот охриѓанец ни денар нема да види од нив...Се знае каде се сместуваат и каде се движат тие.. Охриѓани имаат ќар од домашните туристи, тие се сместуваат во соби во градот, тие трошат пари во кафичи...

За услугата нема потреба воопшто да се дискутира... охриѓани се навистина феномен... се знае во туристичко место кон гостите треба да се однесуваш екстра фино, а не како кон најголем душман.. не дека се сите такви многу пати сум бил Охрид и сум бил сместен во куќи со прекрасни газди но и во куќи во кои се чувствував како да сум во концетрационен логор.. Келнерите се посебна приказна.. не дека и во другите градови се однесуваат совршено но во Охрид како туристичко место наместо да имаат најдобар однос тие се убедливо најлоши...

Сето ова е веројатно последица на тоа што сме убедливо најнеспособен народ... Колку само одморалишта ни пропаднале низ цела држава ради тоа што во цела држава не можи да се најди еден способен човек добро да ги среди и да ги менаџира за да заживеат.. а тоа наскоро и на Охрид ќе му се случи ради сопствена неспособност ќе ги молат домашните туристи за 100 денари од кревет...
Која е таа разлика од езеро и море? Мислам биолошки сепак постои голема разлика, но што тоа тебе и останатите тоа ти менува? Демек ќе пливаш по 200 км , па си ограничен со простор или што? Сите што одите на море пак си одите на истите 2 плажи, си се шлапуркате во тие 10 метри до плажа и тоа е тоа. Езерото во Охрид е побистро од 90% од местата во Грција и Бугарија, а да не зборувам за Албанија каде што водата е мочуриште. Треба да си бидеме искрени и реални. Тој што си има стандарт и пари нормално е да оди секоја година на различни места, затоа што има пари. Сигурно нема Трифун Костовски да оди секоја година во Охрид, како што и пола Хрвати не летуваат само во Хрватска, затоа што ти здосадува искрено. Тој што има пари и стандарт сигурно нема да оди во Парајлија на одмор или во Саранда дај не заебавајте.

Многу ме заинтригира каква е таа услуга во Бугарија, Грција различна од Охрид? Во Бугарија и Грција по туристички места работат се само не Грци и Бугари. Грците да си питаат да работат, легачки народ, неработници. Ете мој пријател отиде да работи како PR во грчки ресторан. Охрид е полн со работници од други градови.
 
Последно уредено:
Проблемот е шо уште се ложиме на Австралиските douchebags, да не речам дрољи и сељаци.
Друг проблем е што многу кафичи не водат сметка за персоналот. Најчесто гледаат само да донесат кој било и од било каде, кој ќе се нафати да работи 8+ саати за мизерна дневница, а не припазуваат на неговиот однос кон туристите, па често за тие кафиња од 200 денари, не се ни свесни самите газди. Исто така, повеќето штедат и на персонал, не можи еден келнер да покрива повеќе од 10 маси истовремено.
Не се трудат ни околу програмата што ја нудат. Битно два кафичи или шо и да се работат после 2, a понудата реално им е крш.
Сами со го правиме ова шо станавме викендашки град и шо туризам градиме на Џенан Лончаревич.

Сепак агенциите се тие што треба најмногу да го рекламираат Охрид, бидејќи гореспоменатото можеш да го сретниш во било кој град, туристички или не, доколку не го знаеш местото.
Има места за излегување каде нема да го сретнеш таквиот шунд, има вили и апартмани кои се без газди во центар, а се по 20 евра од вечер, се издаваат и цели станови за 25 евра од вечер. Има прекрасни плажи, има плажи каде што ни лежалки не се наплаќаат, а цените се прикладни,амбиентот уште подобар и водата каде каде попријатна за капење.
Зошто таквите работи никој не ги гледа, никој не ги рекламира?
И до менталитетот и до беспарицата е.
 
Немојте да мешате баби и жаби, никој никогаш не рекол дека Охрид не е убав град и дека досадно било да се гледаат цркви.

Целиот муабет е за услугата на Охриѓани.
Еднаш и засекогаш разберете.

Човек работи макотрпно 12 месеци во годината за да земе проклети десет дена одмор, а сите знаеме како се заработуваат пари во Македонија и колку тешко се заштедуваат. И кога некој се решил да ги потроши своите тешко заработени пари во Охрид вие ги понижувате и плукате луѓето и вртите муабети од типот "ак не ви чини не идајте" (и тоа не е од сега, тоа е со годиништа), е сега кога луѓето стварно почнаја да не ви идат е сега е антикампања, ма немој жити све.

Греота е и срамота е и жално е, жално е да се мачиш цела година, да штедиш за да идеш десет дена у годината да се одмориш и издуваш и таму некој да те испосере зашто не си странец. Епа затоа луѓето почнале да идат во Дојран, а и да не се лажеме, кој имал пари одсекогаш идел у Дубаи или у Тунис или Египет и сеуште бира егзотични места за одмор, кој немал идел во Охрид, тоа е вистината.

А Охриѓани на дрва ги збирет парите?

И плус тоа со Дубаи, Тунис и Египет немат врска. Дојран да не прам муабет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom