Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто се прикажуваат само случки од Охрид еве една тазе од Скопје. Пијам пиво на кеј(јакото место за скопјани) и пивото беше 125 денари точено скопско..И добро ај доаѓа време да платиме и иде келнерот и ни вика овие париве од некоја црква да не сте ги собрале? Му викам другар глеаш такви ви се цениве.. Ми вика абе не е ова црква друг пат да си ги вкрупните а не со железарија да доаѓате овде.. :facepalm: И ај сеа.. Што сакам да кажам, демек само Охриѓани биле такви, не бе луге, секаде има вакви..
Хахахах, скопјанец сум, и да ми се испонаша некој вака, има да си ги соберам ситните и да си идам. Пе нека трча после по мене. Па кога ќе го викнам тоа газдата (со надеш дека е ок тип) и кога ќе му кажам и вистина и лага, тоа келнерот има да ме мрази цел живот. Говедо, и по денар да е, пари се!!!
 
Муабетот ми беше да идам на шанк и да порачам пијалок флаша Јегер ќе ми ја наплати помалку одколку на сепаре. Јасно е кој уствари седи на тие сепариња кој се наплаќаат индиректно. Истото е во Охрид. Сигурен сум дека оди некоја пијачка ако го земеш што и да не иде по 100 денари од човек доаѓа ако сте друштво. Дали е бедно или не, фактот е дека секој ти го наплаќа седењето без разлика дали пишува на сметка или не. Ама па и факт е дека по бедно е да сликаш сметка :)

Затоа што е јасно кој седи на сепаре, затоа и е смешно да наплатиш за седење. Што ако седнеме 5 души и само двајца кока кола порачаат? Ќе ме стане некој од сепарето кое сум го платила 500 денари? Јок. И пак излегува дека е смешно :)

Патем и народов наш незнае кај му е местото. Сите сакаат да бидат видени, луксузи да тераат а да ги истресиш сто денари од џеб нема да им паднат. А знаат да седнат у Куба либре на масите и да дремат така цел ден со макијато. Нема математика така. Ако сакаш со едно кафе цел ден иди на лежалка и лежи, што седнуваш не ми е јасно на тие места. Тоа ти е исто иде у кафана и нарачува само пиво оти вечито е „јаден“. Ма дај не заебавај :)
 
Еве еден пример од лани бевме на Немо,и ајде се разбирам добра плажа се добро уредено,нормално повисока цена кафе,и се натаки.Но 70-80 ладно макијато ајде ќе се напиеме,остај цената настрана но барем да беше ладно макијато,едно зрнце кафе дали имаше во него,2 капки млеко колку да даде шмек,и до горе наѕидано со вода,за тие пари барем очекуваш да биде на ниво кафето не некој да се зафркава со тебе,настрана тоа што и 200 денари си платил лежалка,подоцна првото влегување во вода,кафето ни до пола не испиено ти го креват,после над тебе дреме за уште да порачаш.Однесувањето го оправдувате со тоа не биле навремено исплатени од страна биле блаблабла,па дајте мајка му стара во едно Неготино келнерите точно на 1 зимаат плата побрзо од адмнистрацијата,па безразлика дали е 10/11/12 илјади сите се насмеани и најкултурно ќе те послужат макар и ако сакаш седи цела ден,зар една Немо,Куба Либре итн итн што прават х10 профит во летото неможат навремено да ги исплатат?Нормално огромен дел од вината лежи и во градските власти што се дошло до ова дереџе кој каде сака да поставува лежалки,шанкови и што да сака да си прави на плажите и цените.Некој од членовите дали на оваа тема или на друга незнам убаво кажа,властите во јужниот сосед безразлика каде пиеш кафе сок вода што и да е исти се цените треба бар дел да се угледаме од соседите за туризам оти кај нив дефинитивно тоа вродува со плод
 
Во право си газдарице. Ете, во Окрит го немат тој професионализам.

А кј имат? За Македонија прајме муабет. Дојран? Преспа? Кде?
Нигде :pipi: Oд тоа си патиме. Сите сакаат пари преку ноќ/сезона да напраат а да не се потрудат за ништо. Епа мало морген за таков туризам. Златна нива имаат ама не знаат да ја ораат.
 
Која е таа разлика од езеро и море? Мислам биолошки сепак постои голема разлика, но што тоа тебе и останатите тоа ти менува? Демек ќе пливаш по 200 км , па си ограничен со простор или што? Сите што одите на море пак си одите на истите 2 плажи, си се шлапуркате во тие 10 метри до плажа и тоа е тоа. Езерото во Охрид е побистро од 90% од местата во Грција и Бугарија, а да не зборувам за Албанија каде што водата е мочуриште. Треба да си бидеме искрени и реални. Тој што си има стандарт и пари нормално е да оди секоја година на различни места, затоа што има пари. Сигурно нема Трифун Костовски да оди секоја година во Охрид, како што и пола Хрвати не летуваат само во Хрватска, затоа што ти здосадува искрено. Тој што има пари и стандарт сигурно нема да оди во Парајлија на одмор или во Саранда дај не заебавајте.

Многу ме заинтригира каква е таа услуга во Бугарија, Грција различна од Охрид? Во Бугарија и Грција по туристички места работат се само не Грци и Бугари. Грците да си питаат да работат, легачки народ, неработници. Ете мој пријател отиде да работи како PR во грчки ресторан. Охрид е полн со работници од други градови.

Не можам да знам на другите која им е разликата, мене само погледот (бескрај), мирисот и самиот песок што најчесто го има по плажите покрај море, прави огромна разлика.
Друго, за да не бидам сфатена погрешно, места како Полихроно, Олимпик Бич и остали екс рибарски селциња, ретко кога можат да го доловат тоа чувство.
Самата природна убавина, што за почеток ја имаат островите грчки, е нешто што не може на ниедно езеро да го има, било тука или Германија.

Што се однесува до услугата на Грците (Бугарите не ги ни споменувам, еднаш се излажав и за сите времиња доста ми беше), - Гркот знае како да ти ги земе парите.
Од сите одмори на море најчесто во Грција сум одела, еден единствен пат никој не ме навредил, не ми исклучил бојлер, не ми се искурчил келнер, едноставно сум била услужена максимално.

Гркот кој живее од туризам не го интересира дали си Македонец, Блгар или Авганистанец, те гледа како евро, а ти со ќеиф му го даваш, од причина што добиваш одлична услуга за истото.

Периодов ми се случи така еден викенд да бидам во Грција, веќе следниот во Охрид, замисли, ИСТО пари потрошив двата викенда (не го рачунам горивото, туку сместувањето, храната и сл). ама иста услуга не добив.
 
Јас во Острово на Св. Наум пиев макијато 90 денари, и нес кафе 120 денари.

Да не заборавам да напоменам, макијатото сервирано во картонска чашка, а за несот немаа лед.

Келнерката не знаеше што е фрапе.

И тако даље.

Секој втор ден сум таму.

Црковен имот е. Лично се познавам со газдата, и буквално постои ЛИМИТ колку може да се инвестира - а во меѓувреме да се запази автентичноста на локацијата.
Уште еден пример кај што сопствениците се под контрола на државата/општината/црквата.

Сега брзо си била св.Наум? Само 2 ресторани имаат концесија за работа, и местото е средено тип топ.
 
Ако за тебе е добра услуга цел одмор да лажете дека сте од Ниш и да се враќате со ишкртани регистрации или излепена кола тогаш дефинитивно имаат најдобра услуга во случај да се палите на BDSM!

До сега немам лажено, а среќа па ни проблеми не сум имала... мора да е дека сум доста симпатична :D
 
Хахахах, скопјанец сум, и да ми се испонаша некој вака, има да си ги соберам ситните и да си идам. Пе нека трча после по мене. Па кога ќе го викнам тоа газдата (со надеш дека е ок тип) и кога ќе му кажам и вистина и лага, тоа келнерот има да ме мрази цел живот. Говедо, и по денар да е, пари се!!!
И јас сакав да одам кај газдата ама другарите де остај сеа ај ќе одиме ваму ќе одиме таму.. И не отидов..[DOUBLEPOST=1405615295][/DOUBLEPOST]
Не зезај сеа и ти, најмизерното море е подобро за здравје од најдоброто езеро. Плус плажите... у Охрид нема ебана салам плажа со ситен песок.

Не споредувајте Охрид со било кој од соседиве (Албанија, Грција, Бугарија). Имаат измислено туризам за нас.
Чекај сеа малце.. Значи ако нема песок не е плажа? Тогаш цела јадранска ривиера е катастрофа..
 
Сега брзо си била св.Наум? Само 2 ресторани имаат концесија за работа, и местото е средено тип топ.

Ја бев лани, во тој вториот т.е при крајот на пешачката патека пред манастирот. Фино местенце, цените беа пристојни, се најадов и напив како човек. Услугата беше солидна и брза. Како да не бев у Охрид, искрено (за разлика од некои место во градот).
 
Секој втор ден сум таму.

Црковен имот е. Лично се познавам со газдата, и буквално постои ЛИМИТ колку може да се инвестира - а во меѓувреме да се запази автентичноста на локацијата.
Уште еден пример кај што сопствениците се под контрола на државата/општината/црквата.

Сега брзо си била св.Наум? Само 2 ресторани имаат концесија за работа, и местото е средено тип топ.

Викендов бев значи точно саботата го пиев кафето.
Не ми е гајле кој го држи, будала не ме прај те молам :)

Не беа поарни ни Потпеш, а ни на Славија плажана (сега има некое ново име).
Човече, две лежалки со чадор 200 денари се, а притоа треба сам кафе да си земеш и да си го платиш :)
Колку за споредба, викендот пред овој, во Грција за две лежалки, масичка, столче, чадор и 2 нес кафиња со флаширана вода (која исто во Охрид ја купуваш, имат снемано од чешма) ме чинеше 6 евра рамно. Споредба фантазија.
 
Чекај сеа малце.. Значи ако нема песок не е плажа? Тогаш цела јадранска ривиера е катастрофа..

Споредуваш песочни плажи почнувајќи од Албанија, завршувајќи во Словенија со песочни плажи во Охрид кои ги нема?
 
Сељачизам на нивоУ ти се вика ова. Се правиш ти и пола Скопјани поштени, а цело Скопје коа иде на журка плаќа 2000 за КОЊОПОЈ, а по 4000 и повеќе за сепаре. Ова ти е закон во било која дискотека во Скопје. End of story.
Де вкалкулирај во таа цена и ФЛАША со некој алкохол по избор :)[DOUBLEPOST=1405615981][/DOUBLEPOST]
И јас сакав да одам кај газдата ама другарите де остај сеа ај ќе одиме ваму ќе одиме таму.. И не отидов..[DOUBLEPOST=1405615295][/DOUBLEPOST]
Чекај сеа малце.. Значи ако нема песок не е плажа? Тогаш цела јадранска ривиера е катастрофа..
Цела не знам, не сум била на одмор во Хрватска, ама за Црна Гора, и те како е, посебно во ,,актуелните,, места, како Будва на пример.
Ужас.

Едино Бечичи личи на нешто, ама таму и дебело си го плаќаш ,,нештото,, со оглед дека седиш на плажа на Сплендид :)
 
Последно уредено:
Абе не зезајте, какви песочни плажи има во Црна Гора и Хрватска ум да ти зајде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom