Паднат хелихоптер во Струмичко

  • Креатор на темата Креатор на темата Del Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно падот е поради технички проблем чим немало светло никакво а хеликоптерот сеуште летал во воздухот, нека почиваат во мир :( Инаку малце нелогично ми е да се пренесуваат гранични службеници (ако се точни информациите) од Ново село до Струмица со хеликоптер кога 30мин е со кола истото растојание..
Знам за тоа и не е од Струмица туку обично командирот на гранична полиција одеше со хеликоптер до преминот Ново Село
 
Нека почиваат во мир и сочуство до семејствата на загинатите..:)
 
[DOUBLEPOST=1405030578][/DOUBLEPOST]http://mkd-news.com/foto-od-mestoto...i-helikopterot-imashe-problemi-pred-da-padne/

Во антена се удриле
heli8.jpg
 
Седевме на тераса кога слушнавме како лета хеликоптер но со необичен звук, не како многу пати досега. Леташе многу ниско, но можам слободно да кажам леташе хаотично бидејќи повеќе пати се врати низ зградата во која живеам и се слушаше дека е блиску но не се гледаше ништо, немаше никакви светла што го означуваат. После 1 минута слушнавме краток и тап удар на поголема далечина. 2 минути после тоа стана лудница од пожарна, полиција и брза помош. Знаевме дека сигурно нешто се има случено и прво на памет што ни дојде беше дека хеликоптерот паднал, но не ни се веруваше се додека после пола саат не беше потврдена веста од пријатели кои се на местото на настанот. Според моја претпоставка најверојатно хеликоптерот имал некои технички проблеми за време на летот и можеби барал соодветно место каде да слета, или ако пилотот бил свесен дека сигурно ќе се урнат можеби сакал да избегне поголема катастрофа и затоа барал ненаселено место подалеку од градот. Екипите се сеуште на терен како и голем број луѓе.

Пожарната станица во Струмица врие, повикани се сите пожарникари и учествуваат во гаснењето со цел капацитет.

Нека почиваат во мир загинатите! Се надевам случајот ќе биде откриен и ќе се знаат точните причини за падот.
 
Хеликоптерот на МВР што се урна околу 22 часот на периферијата на Струмица, недалеку од индустриската зона, летал, од правец на Ново Село кон Струмица, јави Телма.

На периферијата на Струмица, хеликоптерот удрил во антена, по што се урнал. Остатоци од хеликоптерот се расфрчлан во дијаметар од над 50 метри. Опашката на леталото е цела, но кабината е целосно уништена и изгорена. Огнот е угаснат, на местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски, пожарникарски и медицински екипи, јави Телма. Увидот е во тек.

Според очевидци, хеликоптерот удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио, и по ударот се срушил во нивите, на 100-тина метри од неколку објекти на компании кои гравитираат во Индустриската зона, јави Струмица Нет.


http://plusinfo.mk/vest/143501/OBNO...o-nakaj-Strumica-udril-vo-140-metarska-antena
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=43916
 
Жално нека почиваат во мир. :place:
 
аман више у пичку матер со вакви работи. Нека им е лесна земја и сочуство до семејствата.
 
Тажно. Го видов хеликоптерот точно во 22 часот над Виница. Бог да ги прости загинатите.
 
Хеликоптерот на МВР што се урна околу 22 часот на периферијата на Струмица, недалеку од индустриската зона, летал, од правец на Ново Село кон Струмица, јави Телма.

На периферијата на Струмица, хеликоптерот удрил во антена, по што се урнал. Остатоци од хеликоптерот се расфрчлан во дијаметар од над 50 метри. Опашката на леталото е цела, но кабината е целосно уништена и изгорена. Огнот е угаснат, на местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски, пожарникарски и медицински екипи, јави Телма. Увидот е во тек.

Според очевидци, хеликоптерот удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио, и по ударот се срушил во нивите, на 100-тина метри од неколку објекти на компании кои гравитираат во Индустриската зона, јави Струмица Нет.


http://plusinfo.mk/vest/143501/OBNO...o-nakaj-Strumica-udril-vo-140-metarska-antena
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=43916
Има веќе тема за ова
http://forum.kajgana.com/threads/Паднат-хелихоптер-во-Струмичко.74303/page-3
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Нека почиваат во мир. Страшно. Време е да се исфрлат тие руски инженерски недоумици еднаш засекогаш од флотата на мвр и арм.
 
Нека почиваат во мир. Страшно. Време е да се исфрлат тие руски инженерски недоумици еднаш засекогаш

Не е проблемот до руските недоумици, проблемот е дали се одржуваат редовно и професионално како што треба или дали пилотите ги исполнуваат сите услови што треба пред да влезат во хеликоптер и да летаат со него. Не префрлам вина на пилотот се додека официјално не се потврди која е причината за несреќата. Најверојатно според звукот кој го испушташе проблемот е технички а не човечки но останува да видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom