Полициска академија - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Sharminator
  • Време на започнување Време на започнување
ПОЛИЦИЈАТА НА СЕВЕРНА КАРОЛИНА ГО ОДЛИКУВА ЕЛМАС ХАСАНОВИЌ ЗА ХРАБРОСТ

Македонец фати опасен нарко дилер во САД

Македонецот Елмас Хасановиќ кој живее и работи во САД пред десетина дена, како во американските акциони филмови учествувал во отркивањето и приведувањето на лице, кое полицијата извесно време го барала поради низа кримилнални дела и како еден од најпознатите нарко дилери.

Американската полиција со помош на македонски државјанин успеала да уапси опасен нарко дилер во сојузната држава Северна Каролина. Македонецот Елмас Хасановиќ кој живее и работи во САД пред десетина дена, бил херој за америкаснкиот народ.
Тој како во американските акциони филмови учествувал во отркивањето и приведувањето на лице, кое полицијата извесно време го барала поради низа криминални и како еден од најпознатите нарко дилери.
На 20-ти јули додека ги извршувал работните обврски во забавен парк, забалежал како на паркингот едно момче провалува во еден од автомобилите, кој бил во сопственост на негова колешка.
"Истрчав до оградата за да го видам и го запаметив по видливите тетоважи, кратка виткана коса, темен тен на кожата, фармерките и црниот ранец. Потоа се вратив на забавниот парк за да ја прашам случајно колешката случајно таа да не пратила некого да и донесе нешто од колата.Кога таа ми рече дека на никого не му ги дала клучевите, веднаш истрчав да го фатам момчето, а нејзи и реков да повика полиција", ја почнува приказната Хасановиќ.
Кога дошол до паркингот, крадецот повеќе не бил таму. Елмас се сетил дека за толку кратко време момчето не може да стигне подалеку од трговскиот центар, кој се наоѓал во близина на забавниот парк, па трчајќи се упатил натаму.
"Не ми трабеш многу време да го препознаам. Почнав да го следам се додека не дојде до паркингот на трговскиот центар.Тој не знаеше дека го следам и штом му се приближив го повикав велејќи му дека сакам да го прашам нешто. Кога се сврте кон мене му реков да извади што има од рацете и дека го видов што правеше на паркигнот во забавниот парк. Тогаш момчето почна да вика и да ми се заканува, на што јас возвратив и настана жестока распрва. Во еден момент бев принуден да го фатам за едната рака, за да не му дадам простор да ме нападне нечекувано и му се заканив ако не престане дека ќе бидам приморан да применам сила. Во тој момент се собраа еден куп луѓе, а многу брзо стигнаа и три полициски коли и еден полициски џип со посебна опрема за обезбедување на трагите и вештачење на лице место.Офицерот што ми пристапи ми рече да остапам и да го пуштам. Веднаш го препозна и ми кажа дека сум помогнал да уапсат еден од најпознатите нарко дилери. Во ранецот му најдов кеси полни со дрога" се присетува на настанот Елмас.
Полицијата била вчудовидена од храброста на Елмас, особено што станувало збор за еден од најопасните криминалци во Северна Каролина. Една недела после херојското дело, Елмас бил повикан во полициската станица, каде му била врачена посебна благодарница.
"Кога ме прашуваа полицијаците како собрав храброст толку жестоко и без страв да му се спротивствам на опасен нарко дилер, јас им објаснив дека во мојата држава Македонија, сум обучен за тоа. Студурав на полициска академија и сум спремен за многу посложени ситуации од оваа" додава македонскиот херој во Америка, Елмас.
 
Кажете ми дали ќе има приемен многу ми е важно да знам ама некој што знае сигурно!
 
Кажете ми дали ќе има приемен многу ми е важно да знам ама некој што знае сигурно!

Во конкурсот за 2011-2012 немаше соопштение дека ке има приемни испити за насоките криминалист и бфк единствен услов ќе биде успехот од средно за разлика од порано кога имаше посебно болдирано соопштение дека во толку и толку на тој ден ке има моторни и психофизички проверки заради посебноста на профилот.
 
Kolkavi se sansite da se najde rabota kako policaec bez da mi e vuko politicar?
 
a ako odam na detektiv?istoto e i ako studiram vo fon?

Освен со курсот за полицајци кој трае 12 месеци и воената академија, ниедна друга високообразовна институција не ти гарантира 100% вработување според струка без разлика дали е полициска академија, фон, институт за одбрана, еурм итн.
 
Може да ми кажете подетало за криминалистика 1-ва година. Колку предмети, кои вежби на физичко итн. Фала :)однапред :)
 
Може да ми кажете подетало за криминалистика 1-ва година. Колку предмети, кои вежби на физичко итн. Фала :)однапред :)

лани распоредот беше од прилика вовед во право и уставно право, кривично право, вовед во полициски науки, вовед во криминалистика, англиски јазик, криминологија, специјално физичко образование, вовед во психологија со криминалистичка психологија, вооружување и опрема –задолжителна академска способност, во еден семестар има 4+2 предмети = 6 предмети по семестар, 12 предмети годишно, што се однеува за физичко има се, вептини за апсење, самоодбрана, стомачни, склекови, скок во височина, скок во далечина, крос итн итн понатаму стрелање, логорување...

--- надополнето: Aug 19, 2011 12:41 AM ---
има резултати ??

резултати ке има до 24ти објавено прелиминарки табели па потоа до 26ти конечни табели со примени кандидати.
 
лани распоредот беше од прилика вовед во право и уставно право, кривично право, вовед во полициски науки, вовед во криминалистика, англиски јазик, криминологија, специјално физичко образование, вовед во психологија со криминалистичка психологија, вооружување и опрема –задолжителна академска способност, во еден семестар има 4+2 предмети = 6 предмети по семестар, 12 предмети годишно, што се однеува за физичко има се, вептини за апсење, самоодбрана, стомачни, склекови, скок во височина, скок во далечина, крос итн итн понатаму стрелање, логорување...

--- надополнето: Aug 19, 2011 12:41 AM ---

резултати ке има до 24ти објавено прелиминарки табели па потоа до 26ти конечни табели со примени кандидати.

Значи 6 предмети во еден семестар. Во тие 6 предмети спаѓа и физичко или физичко е посебно?
* А француски се учи? На страната на факултетот имаше и француски. :mad:
Ако ја има некаде програмата може да ми пратиш линк.
Фала однапред :)
--- надополнето: Aug 19, 2011 5:09 PM ---
Поднесе некој документи тука? :)

Да, јас :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom