Полициска академија - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Sharminator
  • Време на започнување Време на започнување
Нема голема разлика детуле меѓу мене и тебе ако мислиш за приемните пошто приемните испити не се полагаат во една група машки и женски, туку посебно машки посебно женски. А ако мислиш дека тетка ти може да ти заврши работа ондак супер, не мора преку Јанкулоска да фаќаш врски ако тетка ти има познати што работат на академија. :wink:



--- надополнето ---


И јас се согласувам со тебе друже :icon_conf сто пати до сеа се иам покаено што сум на тој факултет... Побрзо работа ќе најдат тие што се курсисти од него ние...


Ok :)
 
Ајјјјјј бог да чува сначи македонец ако си тешко да се запишеш а ? ССССССССССС улава работ а ја еве на пример исто сакам да се запишам полициска академија ако неможам полициска би сакал воена али еве за полициска да збореме. Кај мене мама и тато не се џандари и сум македонец али тетка ми ( значи на тато сестра му е командир )иначе сум висок 190 цм, тежок сум 77 кг и моментално тренирам ракомет за РК Овче Поле (што значи сум во максимална физичка подготвеност ) на 20 метри спринт трчам 3 секунди и 35 стотинки али тоа беше во прва година сега немаме трчано во втора што значи дека би требало да сум по брз инаку у последните 5 години во Гимназијата Кочо Рацин во Свети Николе (кај што учам јас) никој не истрчал за толкаво време ми се изначудија сите:) 1000 метри трчам за 2 минути и 2 стотинки, максимален скок од место ми е 2 метри и 50 сентиметри, итн, е сеа со оглед на тоа дека сум 16 год. најверојатно може ќе се изменам малку али ок сакам само ваше милење ? :)

--- надополнето ---

Инаку сум Многу Добар ученик :toe:

Ако тетка ти има добри врски, сите претходни квалификации не ти се потребни, иако мислам дека сега не е толку тешко да се запишеш како порано, т.е. не е истата Полициска академија што беше до пред неколку години.
 
Ако тетка ти има добри врски, сите претходни квалификации не ти се потребни, иако мислам дека сега не е толку тешко да се запишеш како порано, т.е. не е истата Полициска академија што беше до пред неколку години.


А ти на полициска академија ли си ? :)
 
А ти на полициска академија ли си ? :)

Не, на економски сум, ама едно време сакав многу да идам, и имав шанса да се запишам, ама се предомислив за моја среќа(или па несреќа) времето ќе каже :).
 
Значи физички и психички тестови за на полициска за насоката криминалист секогаш имало и ке има е сега предноста е во тоа што не е ко што било некогаш висини тежини и сл ствари инаку тестови нема само на БФК нема ама таа е во фаза на укинување како што се збори низ академија бидејки има доста кадри од таа насока.
 
Може некој да ми каже што смерови има, зошто неможам да најдам на официјалната !!! Благодарам...
 
Какво е сместувањето таму по шо знам нема студенстки и колку се плака во станови отприлика ?
 
Може некој да ми каже што смерови има, зошто неможам да најдам на официјалната !!! Благодарам...

Има две насоки. Едната е Безбедност и финансиска контрола, а другата е Криминалист со тоа што насоката криминалист после 6ти семестар се дели на 5 подрачја: безбедносно, полициско-оперативно, безбедност во приватен сектор, меѓународна безбедност и криминалистичко-криминолошко.
--- надополнето: Jun 22, 2011 1:45 PM ---
Какво е сместувањето таму по шо знам нема студенстки и колку се плака во станови отприлика ?

Сместување за студенти нема бидејќи сите колеги што се со мене ни еден не е сместен во комплексот на академијата иако интернатот е целосно реновиран и се чува само за лицата кои се на курс за обука за полицајци или на дообука за некој профил.
 
Да прашам нешто околу академијава за насоката криминалист... :)
Вонредно сакам да идам..
дали има приемен испит? од што се состои приемниот испит?
кога се уписите? :))
фала...чао ! :)
 
Да прашам нешто околу академијава за насоката криминалист... :)
Вонредно сакам да идам..
дали има приемен испит? од што се состои приемниот испит?
кога се уписите? :))
фала...чао ! :)

Пријавување на кандидатите
прв уписен рок 16 и 17.08.2011
втор уписен рок 1 и 2.09.2011
трет уписен рок 15.09.2011

лани немаше приемни за криминалист, а годинава ако има (иако немам ништо слушнато дека ќе има) би биле скок во далечина, склекови, стомачни, крос.
 
Ја сум на Факултетот за безбедност(порано беше полициска академија), лани кога се запишував немаше приемни. Инаку прв семестар бев редовен, а од втор семестар поради обврски се префрлив вонредно.
 
Aj neka mi pise privatna poraka nekoj sto studira na fakultetov ili pak ima zavrseno :)
 
Факултетот за безбедност е под Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола. Кога во 2003 година беше донесен Закон за Полициска академија, се предвидуваше истата да биде под МВР а кадрите од таму да имаат договори за вработување, како што било до 1996 година.

Во 2004 се запишала првата генерација. За 100 места, конкурирале 1.200 кандидати а целата процедура била спроведувана под строга контрола на ОБСЕ. Бројот на студенти го одредил лично тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Михајловски Џанго. Здравствените прегледи биле спроведени во поликлиниката на МВР, а се паѓало ако имаш мал диоптер, шум на срце или криви нозе.

Физичките тестови се состоеле од трчање 3 км, стомачни, бенч, скокови, проверки на еластичност, координирано движење во простор...
Се полагал материјал од уставно право, тестови за интелигенција и тест за емоционална стабилност, а се завршувало со разговор со психијатар кој давал оценка и вршел некаква класификација на примените кандидати.

Наместо под МВР, во 2005 година Факултетот завршил под битолскиот универзитет, откако раководството не успеало да се договори со скопскиот, а МВР одеднаш станал незаинтересиран за кадрите.

Со промената на власта, односите на Полициската академија со МВР се влошуваат драстично, што Академијата плаќала кирија на Министерството што ги користела објектите во Идризово, сопственост на МВР.

Во 2007 е донесен Законот за полиција, кој спротивно на ЗВР и ЗПА, кои нагласуваат дека ПА произведува кадри за потребите на МВР, Академијата не ја споменува никаде.

Првата генерација студенти, иако 4 години студирала во високообразовна институција со име “Полициска академија“, зела дипломи на кои пишувало дека завршиле “факултет за безбедност“.

Од 2008 година навака, на факултетот имаат дипломирано 310 редовни студенти (и над 150 вонредни), а годинава ќе излезе и четвртата, на број околу 50 криминалисти.

Од овие 310 дипломирани криминалисти, за овие скоро 3 години, вработени соодветно според образованието е 1 (еден) дипломиран. Луѓево имаат свое здружение, кое неодамна организираше протести пред Владата барајќи решавање на нивниот статус. За овие три години, здружението испраќало голем број на барања за средба со надлежните, но им било одговарано дека дипломираните криминалисти немаат никаква предност при вработување во министерството за внатрешни и дека кога ќе има јавен конкурс за вработување, можат рамноправно да аплицираат со останатите.

Јавен оглас во кој се бараат високообразовани лица за потребите на МВР, од 2008 година навака, немало ниту еден. Минатата година МВР имало објавено оглас, каде за работно место аналитичар, барале дипломиран на Факултетот за физичка култура.

http://www.facebook.com/pages/Здружение-на-дипломирани-криминалисти/106632986027762?sk=photos

http://zdk10.blog.mk/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom