И што има врска тоа со фудбалот? „Чистите“ репрезентации повеќе вредат од тие што имаат „имигранти“? Многу без везе муабет, фашистички до некој степен. Тие фудбалери решиле да играат за Белгија, Франција, Швајцарија, Германија а можеле да одберат да играат за Алжир, Камерун, Албанија, Турција, значи сепак ја одбрале таа држава каде што се родени и имаат живеено ако не цел, тогаш поголем дел од животот. Тие што решиле да играат за таа држава, можеби вредат повеќе од тие што не ни имаат избор за кого да играат а не ни имаат желба за да направат нешто за државата, како што се повеќето твоиве чисти руски фудбалери кои немаа никаков мотив за победа вчера.
А ако сакаш земји без имигранти, тогаш како ти се допаѓаат Бразил без Пеле, Португалија без Еузебио, Аргентина без Марадона?