СП 2014 - Група А (Бразил, Хрватска, Мексико, Камерун)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување
Бразил ќе победеше и без пеналот, судијата само навлече гнев од сите неутрални гледачи. Вакви срања не треба да има во фудбалот, посебно на СП. Оскар беше најдобар натпреваров, заедно со Модриќ од другата страна.
 
Го слушам сега Урс Мајер (ако се сеќавате на него швајцарски судија од светска класа) вика дека вакво нешто добар судија никогаш не би досудил. Забелешката му е дека судијата бил многу лошо позициониран но и покрај тоа добар судија треба да познае од движењето дека пртивникот го бара контактот.
 
Новиот лев бек на Хрватска, и така сите им се повредени! :vozbud:

10460132_781353851895415_8333034240779519135_n.jpg
 
Бразил ќе победеше и без пеналот, судијата само навлече гнев од сите неутрални гледачи. Вакви срања не треба да има во фудбалот, посебно на СП. Оскар беше најдобар натпреваров, заедно со Модриќ од другата страна.
што е следно? се знаеше и дека ке освојат? немораше да им прогледуваат судиите..
у второ беа изгубени германци, едно 5 чисти прекршоци не досуди и 2 жолти
 
Океј, шо ви е поентава со овие коментари?

Јас како фан на Бразил од тогаш не гледам голема разлика меѓу нив и овие сега. Имаше разлика меѓу тој бразил и циркузантите што прошетаа низ репрезентацијата изминативе 10 години. Овие што се сега се добро селектирани (со неколку недостатоци), веќе зрели играчи.

За стилот на игра, прославување, понашање... тоа е стилот на Бразил, таков беше и пред 10 години, таков е и сега, таков бил увек.

Во која селекција на Бразил го имало ова и она што го направи Фред пред малку?

Eдини испад што го памтам е оној на Ривалдо против Турција,
 
Тоа де, не требаше судиите да им попуштат, зашто Бразил не се инвалиди на кои им треба помош, можат и сами да победат. Не ме сфати баш.
 
Поентата ми е дека овој Бразил е мизерен, споредено по квалитет со оној пред 10 години.
Кафу + Лусио + Карлос вс циркуазнтиве Алвеш Луиз и Марсело
да не почињам за средината и нападот.

Покрај тоа поентата ми е и да го исхејтам Бразил заради тотално незаслужената победа.

Затоа е ова форум за да може ја да ги хејтам а ти да ги браниш.
 
Чекај, демек немало во Бразил пргави играчи што пробувале да извадат корист у вакви слични ситуации? Не само у Бразил, у секој тим има такви. Порано немало за стриктно ваков потег затоа што таквите тешко се суделе.

Муабетов со пеналов е Пепе vs. Елче all over again. :icon_lol:

*секако дека не требаше да досуди пенал.

Поентата ми е дека овој Бразил е мизерен, споредено по квалитет со оној пред 10 години.
Кафу + Лусио + Карлос вс циркуазнтиве Алвеш Луиз и Марсело
да не почињам за средината и нападот.

Покрај тоа поентата ми е и да го исхејтам Бразил заради тотално незаслужената победа.

Затоа е ова форум за да може ја да ги хејтам а ти да ги браниш.

За пеналот океј, се согласуваме.

И за одбраната. За средината не. За нападот делумно.

Овој Бразил е јак приближно колку тој што освои во 2002. Заборавате дека истите од 2002 играа и во 1998 и доживеаа дебакл од Франција. :)
 
Тоа де, не требаше судиите да им попуштат, зашто Бразил не се инвалиди на кои им треба помош, можат и сами да победат. Не ме сфати баш.
се смени пеналот, господ знае како ке завршеше на крај, посебно што во второ мн подобро изиграа хрватите
 
Luis Gustavo kako saksofonist od Sutka e :facepalm:

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
@vidooq не ти го покажува линкот, ај стави го одпоново
 
Океј, шо ви е поентава со овие коментари?

Јас како фан на Бразил од тогаш не гледам голема разлика меѓу нив и овие сега. Имаше разлика меѓу тој бразил и циркузантите што прошетаа низ репрезентацијата изминативе 10 години. Овие што се сега се добро селектирани (со неколку недостатоци), веќе зрели играчи.

За стилот на игра, прославување, понашање... тоа е стилот на Бразил, таков беше и пред 10 години, таков е и сега, таков бил увек.
Разликата е во тоа што овој тим нема изразит лидер. Оној па коментаторон вика Нејмар :facepalm:. Човек што до пред една година играше во бразилска лига и ништо посебно не се покажа сезонава. ПРЕД СЕ, никакви црти нема на лидер, еве на страна нека биде квалитетот.
Кој, Давид Луиз? Алвес? Марсело? Кој од кој посмешен, све кловнови.

За разлика од генерацијата од 2002, не е потребно воопшто да се зборува, еден Кафу вреди колку сите овие погоре набројани. Едноставно кога имаш вакви играчи во тим, и 5-6 да се, пак ќе бидат страшна екипа.

Овие другиве ти се све преценети бразилчиња, сигурно има над 15 играчи во овој тим што наводно вредат над 30 милиони, ама еве баш ќе видиме до кај ќе стигнат.

Ми помина редот да ги исхејтам, сега да видиме дали ќе ме демантираат. :нинџ:
 
Ме нервираат Бразилциве. Ко сосема неутрална не само во утакмицава, ами и во целото првенство, овие не заслужуваат ни во 1/8 да влезат, а камоли титулата на која се стремеле. Али дека се домаќини, некако ќе се прогураат.
Хрватите не заслужија пораз, настрана што пеналот на Бразил им беше подарен.
 
Бразил ќе победеше и без пеналот, судијата само навлече гнев од сите неутрални гледачи. Вакви срања не треба да има во фудбалот, посебно на СП. Оскар беше најдобар натпреваров, заедно со Модриќ од другата страна.

Зошто си сигурен дека Бразил без пеналот ќе победеше? Имаше уште 20 минути, Бразил нит имаше игра, нити пак шанси, нити иницијатива. Секако дека можно беше да победат, ама да си сигурен.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom