Браво за Металург,очекував нивна победа,ама ваков дебакл на Вардар е голем шамар....
Не им одговара дефинитивно стилот на игра на Металург,Лино добро ја проучил играта на Вардар...
Едноставно во сите сегменти на играта беше подобар Металург,пред се во одбраната,доста агресивна одбрана,со многу контакти,влегување во човек,премногу технички грешки на Вардар во прво полувреме,ги уништи Манасков,им го скрши духот со тие контри,тука се скрши мечот...
Од друга страна Вардар очаен во одбрана,посебно тој најсилен дел,пред се Козлина,колку само леташе денес бабачкото,многу грешки од негова страна,посебно во тие дуели со Жути,а во прво полувреме и Атман неколку пати го излета...ја изрешетаа средината....немаше дуел игра,немаше план за одбрана....
Нападот посебна приказна,млитав,бавен, едноставно
премногу калкулантски,како да мислеа дека победата е гарантирана,како да не беше ова меч на годината,со таква игра,без брз пренос на топка тешко против Металург...
За играчи кои успеаа да го елиминираат ХСВ,и да се на чекор до Ф4 ова е срамна партија,и треба да си ја земи метлата сега чичко Самс и да летаат откази,земаат огромни плати за наши услови играчите...
До 15 минута личеа на нешто,потоа се распадна се....со шутеви од неизградени позиции на Карачиќ,кога се чека во напад да проработи Фичо

, се е кажано,како само форсираше шут Фичо,како да си имаше самиот уплатено дека ќе даде повеќе голови,наоштрен беше

,заслужува позитивна оценка,тој и Карачиќ од бековите барем поробуваа нешто,.Душебаев очаен,Прибак исто.......
Дибиров премногу нервозно игра сите овие мечеви,иако даде некој гол,премногу беше аут...
Додуша и Станиќ скина некоја топка,посебно на Брумен...а во второ доста храбар потег на Лино кога го извади Станиќ и го проба Митревски,и ова се покажа како полн погодок...ги дотолчи Никучот....
Тоа е,сосема заслужена победа,апсолутно,уште по првиот меч се виде дека имаат огромна шанса за титула,и требаше перфектна партија на Вардар во гости за да ги добијат во Автокоманда...
Заслужено ја освојуваат титулата,доста лесно,иако многумина очекуваа дека Вардар е во пол-позиција и дека е поквалитетен ,сепак тука беа тимовите сезонава..
За наредна сезона ќе видиме каков ќе биди распоредот на силите,Вардар со Горбок и Лацковиќ сериозно го зголемува ростерот,ќе имаат сериозен шутерски арсенал,најверојатно доаѓа и Штербик,сигурно ќе земат уште нешто,ова е веќе сериозен напредок и Металург ќе мора да повлечи доста потези за да ја избалансира состојбата..
Сигурно и тие нема да седат со скрстени раце,се враќа Мојсо,ќе го имаат Борозан како адут плус на лев бек,ветува дечкото,на среден се топ со Атман,Циндриќ.Жути....,со мали корекции ќе го задржат високиот квалитет,но пред се мора да донесат пикер,времето на Ванчо е при крај,и тоа класа пикер за да бидат топ екипа....
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите,засега апсолутен победник на сезоната е Металург....директен пласман во ЛШ и задржување на европскиот пат.,браво за Лино,од квалификации за ЛШ стигна до 1/4 финале и до титула...

.
Вардар,зависи како ќе испазари,и каква група ќе добие,ако успеат да го избегнат Германскиот тим,и секако Францускиот би требало да поминат во ЛШ,иако нема да е лесно,и Унграците се во налет,Пик Сегед спрема сериозна екипа за в година,многу ќе зависи кој ќе ја организира групата,ако добие Вардар една група треба лесно да поминат,ако не ќе имаат мака..
Има време....да видиме како ќе испазарат...