Каде да барам сочувани користени возила?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vamos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Да бидеме реални тоа што се продава на пазар3/реклама5 е катастрофа со кујзнае колку километри и користени за на нива.
Барам BMW 3 серија i/d/ci/cd e46 2003-2005 да е убаво сочуван и да нема дефекти.
Буџет до 7,000 евра.
Препорака за каде да барам вакво убаво возило?
 
Кондово или Сарај. Возилата се топ, воопшто не подготвени за продажба. Ама не го вози многу низ Скопје возилото после, да не го види газдата.
 
По плацевиве се ѓубриња шминкани со враќани километри, најубаво да отидеш до словенија или германија да си купиш дирекно од човек што продава а не од плац, пробај го и овде истото 7000е ке ти завршат работа
 
Да бидеме реални тоа што се продава на пазар3/реклама5 е катастрофа со кујзнае колку километри и користени за на нива.
Барам BMW 3 серија i/d/ci/cd e46 2003-2005 да е убаво сочуван и да нема дефекти.
Буџет до 7,000 евра.
Препорака за каде да барам вакво убаво возило?

њемачка, италија, швицарска.
 
Препорака за некој Словенски/Германски веб-сајт. Исто така до колку треба колата да ја гледам за да ми се фати 7К со се царина и превоз до овдека.
Исто така дали има некоја компанија која може се ова да ми го среди?
 
Јас имам такво 2001ва со фул опрема...пиши понуда, може и замена за ауди.
bmw.jpg
 
Препорака за некој Словенски/Германски веб-сајт. Исто така до колку треба колата да ја гледам за да ми се фати 7К со се царина и превоз до овдека.
Исто така дали има некоја компанија која може се ова да ми го среди?
Па има за тие пари да ти донесат одличен автомобил оние што ги носат од странство со шлепер.Ти им го кажуваш ова и колата ти е тука за еден месец,превоз и царина и документи е се нивна работа,и ќе ти ја регистрираат ако сакаш.
Има вакви повеќе плацеви по Скопјево,пробај кај оние сервиси има еден таков,кога ќе одиш од Лисиче кон Пролет-Мичурин.
Од десна страна карши Тинексот,тука некаде на сам улица пред сервисите,може и да те препорачам кај еден познаник.
Сега овие одат само во Италија,они си знаат зошто. Некни донесоа еден шлепер коли.
 
Другар, кола на старо во Македонија исклучиво само од пријател земање, мислам во случај ако не сакаш у сред вожња да ти се оддели предниот од задниот дел.
Не дека сите се до максимум искористени ама квалитетно сочувана кола настаро по рекламите тешко да најдеш.
 
Како тоа мислите враќање на километражата ? па нели дигиталната километража неможеш да ја вратиш.
 
Како тоа мислите враќање на километражата ? па нели дигиталната километража неможеш да ја вратиш.
you-must-be-new-here-willy-wonka.jpg

Не дека се разбирам нешто ептен во коли, али дигитална километража искрено не е полетување до Месечината. Има разни тракатанци што прават денеска.
 
На дигитална е уште полесно, може која бројка сакаш да ја внесеш. Може и името да си го пишеш :icon_mrgr:

digital-7.italic.png
 
Препорака за некој Словенски/Германски веб-сајт. Исто така до колку треба колата да ја гледам за да ми се фати 7К со се царина и превоз до овдека.
Исто така дали има некоја компанија која може се ова да ми го среди?
avto net ... словенски
mobile.de ... германски
 
Како тоа мислите враќање на километражата ? па нели дигиталната километража неможеш да ја вратиш.
Баш дека е дигитална многу лесно се враќа.[DOUBLEPOST=1398730516][/DOUBLEPOST]
car24.bg
Ако имаш таму човек оди ако не ни под разно
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom