Подготви си се прво на тоа дека стварно ќе треба да го загрееш столчето доколку треба да се запишеш на еден од овие 2 факултети. Остај ти што викаат дека ФЕИТ било полесно. Полесно е да, ама тоа ти е исто како да пробаш 2 вида на мед, и да речеш дека едниот е поблаг од другиот.
Јас бев на ФИНКИ, и си ги земав документите по некоја година, затоа што сум преслаб математичар и неможев повеќе да терам. Сублимирано, дрво сум за тоа и не ми иде никако. Пре би прочитал 20.000 страни теорија него да решавам задачи.
Треба да си математичар невиден за да успееш таму и стварно треба да решаваш премногу задачи и да бидеш активен цело време. Има напредно ниво на математика, има програмирање (кое е исто тешко доколку не си работел претходно со кодови C, C++, Java итн.), има и англиски јазик кој беше еден од најлесните предмети, заедно со уште еден друг кој го имаше во мое време - Основи на компјутерско инженерство, како и Веб дизајн.
Бев на смер КНИ (Компјутерски науки и инженерство) на ФИНКИ. Претешко беше и таму се бара човек да решава напредно ниво на математика. Имаш „болни, забегани“ математики од типот на Калкулус 1, Калкулус 2, Дискретна математика 1, Дискретна математика 2, како и лабораториски вежби за скоро секој предмет кои мора редовно да ги посетуваш доколку сакаш да фатиш услов за да полагаш колоквиум.
На лабораториските вежби можеш да препишуваш, ама асистентите знаат да ви даваат и индивидуална работа (за секого различна задача), па тек тогаш ќе сфатиш зошто е добро да учиш и да ја разбираш теоријата. Јас од програмот Wolfram Mathematica си немав појма, исто како што си немав појма и од предметот Калкулус.
Услов за колоквиум е тешко да фатиш, а првиот колоквиум мораш да го положиш барем 60% за да добиеш дел од правото да го полагаш вториот.
Услови, услови, услови насекаде....
Имаш и смер ИКИ (Информатика и компјутерско инженерство) кој е на ФИНКИ, и таму Калкулус е заменето со Физика, а еден друг предмет (не се сеќавам кој) беше заменет со електротехника.
Исто ти се фаќа, секако ќе мораш да се убиеш од учење ако сакаш да студираш на ФИНКИ или ФЕИТ.
За ФЕИТ Подетално нека ти каже некој кој студирал таму.
Не ти го кажувам ова за да те заплашам, туку баш напротив да ти помогнам доколку не ти одат такви ствари, за да не се зафркнеш како мене.