Омилени воведни реченици од книги или стихови од песни...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ви текнува ли порано на македонски јазик кога професорките не тераа на памет да ги учиме македонските песни, па не испрашуваа? Сигурна сум дека и ден денес, ако ништо друго, барем дел од воведните стихови на тие песни ви се останати во глава. :)

Шала на страна, има многу листи за најдобри воведни реченици во литературата, па така и се инспирирав да ја отворам темава.

Кои ви се оние воведни реченици/стихови кои ви оставиле најсилен печат во главата, кои ги паметите толку добро што и од сон да ве разбудат ќе можете како од пушка да ги кажете?

Има навистина многу моќни и прекрасни воведни реченици/стихови и би било убаво во темава да си направиме колекција од истите.

Некогаш додуша, тоа не е показател, има книги со прекрасни воведни реченици, а потоа опаѓаат и на крај не се ништо посебно, а има и обратни ситуации, кога книгата килаво почнува, а потоа завршува спектакуларно.

Значи, има само едно правило во темава, да се работи за првите т.е воведните стихови или реченици, а не реченици од 5-6 или 30та страна.
 
"In the beginning the Universe was created. This has made a lot of people very angry and been widely regarded as a bad move."

Автостоперски водич низ галаксијата-Ресторан на крајот на универзумот
 
Ана Каренина од Толстој.

"Сите среќни семејства се слични едно на друго, додека секое несреќно семејство е несреќно на свој начин"

Буквално воведната реченица од овој голем роман.[DOUBLEPOST=1397826925][/DOUBLEPOST]
Ана Каренина од Толстој.

"Сите среќни семејства се слични едно на друго, додека секое несреќно семејство е несреќно на свој начин"

Буквално воведната реченица од овој голем роман.

Едит: аххаа втор е на листата :D
 
"Господин и госпоѓа Ситникоски, од ул. "Зеленика" бр. 4, со гордост можеа да речат дека се совршено нормални луѓе, благодарам на прашањето." :D

Хари Потер и Каменот на мудрецот
 
Последно уредено:
Ана Каренина од Толстој.

"Сите среќни семејства се слични едно на друго, додека секое несреќно семејство е несреќно на свој начин"

Буквално воведната реченица од овој голем роман.[DOUBLEPOST=1397826925][/DOUBLEPOST]

Едит: аххаа втор е на листата :D

Тоа сакав и јас да кажам.:icon_mrgr: Во секој случај тоа покажува дека имаш ист вкус ко човекот од Телеграф, кој ја правел листата.:icon_mrgr: Инаку да, само како надополнување, може да се повторуваат, таа листа е онака, за забава и повеќе како пример, затоа е и како линк, не берете гајле. :)
 
Тоа сакав и јас да кажам.:icon_mrgr: Во секој случај тоа покажува дека имаш ист вкус ко човекот од Телеграф, кој ја правел листата.:icon_mrgr: Инаку да, само како надополнување, може да се повторуваат, таа листа е онака, за забава и повеќе како пример, затоа е и како линк, не берете гајле. :)
Искрено да ти кажам од солидниот број книги кои ги имам прочитано, само овој почеток го паметам одлично. Можеби ако се потсетам или проверам некој почеток на книга што сум прочитал ќе ми светне нешто, ама вака од прва само овој.
 
Јас сум болен човек... Зол. Јас сум непривлечен човек. Чинам дека ми е болен црниот џигер. Впрочем, јас ни поим си немам за мојата болест, и не знам што толку ме боли.

„Записи од подземјето“ - Достоевски​
 
"The past is a foreign country: they do things differently there."
Разлистувајќи ја листата на телеграф, реченицава ми остави најјак впечаток, иако го немам прочитано делото.
 
Еве и од мене нешто:

“Идејата за вечното враќање е таинствена и Ниче со неа ги збунил повеќето филозофи: да се замисли дека еднаш би се повторило се, онака како што веќе сме го доживеале и уште дека сето тоа повторување би се повторувало до бескрај!“

- Милан Кундера - “Неподносливата леснотија на постоењето“​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom