Одговорот го дадов.
Ако не Ти е по мерак, обрати се на друго место, може „таму„ ќе го добиеш одговорот по својот мерак...
Значи ПО саботата зедоа мириси....
то шо вели Лука дека ПРЕД сабота зеле, не е релевантно...
а кој е релевантен во ова прикаска:
12 А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне
13 и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се приближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви.
14 И кога одговори Исус, и рече: “Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!” И го чуја тоа учениците Негови.
15 И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби
Марко 11
12 И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби,
13 и им рече: “Напишано е: ‘Домот Мој, дом на молитва ќе се нарече’, а вие го направивте како разбојничка пештера.”
1
4 И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
15 А првосвештениците и книжниците, гледајќи ги чудесата што ги прави Он, и слушајќи ги децата како викаа во храмот и велеа: “Осана на Давивовиот Син!”, се расрдија,
16 и Му рекоа: “Слушаш ли што велат тие?” А Исус им рече: “Да! Зар не сте читале: ‘Од устата на младенците и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба’?”
17 кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќева.
16 А утредента, враќајќи се во градот, огладне;
19 и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па, кога не најде на неа ништо освен лисја, рече: “Отсега да нема плод на тебе довека!” И смоквата веднаш се исуши.
Матеј 21
Која историска хронологија е точна, Исус на паат кон Ерусалем, огладнел па од ко не нашол плод на смоквата ја проколнан и после ги растурил тезгите во храмот
или
Исус од кога ги превртил тезгите во храмот на враќање од Еурсалем ја проколнал смоквата
или
на два пати Исус ја проколнува смоквата еднаш кога одеше и друг пат кога се врќаше од Ерусалем?