Религија - општа дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лагата си останува лага и таа не може да прејде во вистина.
Вистината не може да прејде во лага, оти тие две нешта се неспоиви.

Кој сака да лаже или да биде излажан, тоа е негов избор.
Точно. Од досегашниве дискусии, може слободно да се заклучи ако вистината е во скопје.....ти си некаде на нов зеланд.[DOUBLEPOST=1398036131][/DOUBLEPOST]
Историските документи можат да велат што сакаат.
И на врапците веќе им е јасно кој и како ја пишува историјата.
За среќа, ја имам(е) Црквата, која има своја историја, паралелна со овосветовната.
Абе среќа невидена......
 
Не со смртта, крстот како симбол се јавува во 4 век. Негде во 3 век се престанува со казнување со распнување и требаше цел еден век да од сеќавањата на луѓето избледи ужасот на таквата казна пап да стане симбол
.

Ова е типично протестантско разлислување и барање начин како да се оправда неприфаќањето на крсниот знак, а притоа се прескока фактот дека 3 векови, Црквата беше гонета и убивана, без можнсот да се соземе и внатрешно профилира, како што тоа се случи после Миланскиот едикт.[DOUBLEPOST=1398036578][/DOUBLEPOST]
Во Америка со која временска разлика го одбележува велигден? во ист момент кога и во Скопје бијат камбаните и се прогласува вокресението.... пример во скопје е сабота полноќ почнува несела, Исус воскреснал во Македонија а во Америка е сабота пладне....

Паралелава не е баш соодветна, но секако дека добро им доаѓа на оние кои сакаат да го потркепат своето мнение и да бидат што „поубедливи„.
 
За среќа, ја имам(е) Црквата, која има своја историја, паралелна со овосветовната.

55 По него одеа и жените, што беа дошле со Исуса во Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово;
56 па, се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта.
Лука 23

1 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
Марко 16

Црквено сториски, кога жените зедоа мириси и миро? Пред или по саботата?
 
...?....
Ем сам си го дал одговорот, ем мене ме прашуваш?...
 
Ова е типично протестантско разлислување и барање начин како да се оправда неприфаќањето на крсниот знак, а притоа се прескока фактот дека 3 векови, Црквата беше гонета и убивана, без можнсот да се соземе и внатрешно профилира, како што тоа се случи после Миланскиот едикт.[DOUBLEPOST=1398036578][/DOUBLEPOST]

Паралелава не е баш соодветна, но секако дека добро им доаѓа на оние кои сакаат да го потркепат своето мнение и да бидат што „поубедливи„.
А црквата не убивала, нели?
Колку невини жени биле убиени така што биле запалени? Колку лица биле прогонети? Оцрнети? Жигосани!? Обесени?.......
 
Ова е типично протестантско разлислување и барање начин како да се оправда неприфаќањето на крсниот знак, а притоа се прескока фактот дека 3 векови...
Мики, батали протестанти и крсни знакови, дај постирај слики да видиме какви јајца си исфарбал.
 
А црквата не убивала, нели?
Колку невини жени биле убиени така што биле запалени? Колку лица биле прогонети? Оцрнети? Жигосани!? Обесени?.......

Е ајде де, колку?....
Наброј некои од нив: имиња, презимиња, причини за нивно казнување, начинот на казнување, локација на казнување и сл.
 
http://sh.wikipedia.org/wiki/Suđenja_vešticama_iz_Sаlema
Прво што ми падна на памет.
И секако знаеш за крстоносните походи. Убивани биле муслимани.
Има уште еден куп, постари жени обвинети за вештерство, страв од вампири..... Прочитај ја “За љубовта и другите демони“ од Гарсија и ќе ти стане појасно.;)
Имало и во Франција и во Велика Британија. Се надевам дека ќе ги најдам на нет.:)
 
значи зедоа пред-по сабота

Зедоа онака како што е напишано: пред сабота, односно во петокот. Во саботата не смееле да работат, но можеле да набават миро во петокот. Во неделата, биле на гробот рано наутро, чекајќи да помине саботата, што значи дека мирото веќе им било петочки подготвено.[DOUBLEPOST=1398038087][/DOUBLEPOST]

Добро: сега, посочениве линкови упати ги и до Фрањо, мислам на тековниот Папа и верувам дека во него ќе најдеш саглам соговорник...:icon_lol:
 
Зедоа онака како што е напишано: пред сабота, односно во петокот. Во саботата не смееле да работат, но можеле да набават миро во петокот. Во неделата, биле на гробот рано наутро, чекајќи да помине саботата, што значи дека мирото веќе им било петочки подготвено.
1 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
Марко 16

Марко вели од ко помина саботата..... кој е во паво?
 
Ова што го чиниш, е типична протестанстка трик-конструкција...

Ај види го и стихот од Марко, 16.2, и ќе имаш точен одговор, оти вака, изваден од контекст, стихот од Марко, 16.1, читан изолирано од главата на која му припаѓа тој стих, ќе испадне дека мироносиците купувале во недела, рано сабајле, или во сабота, иако им било забрането саботно делување.

Тековно го читам толкувањето од ев. по Марко и таму толкувачот проф. Гроздановски посочува дека мирото веќе било петочки подготвено.
 
Зедоа онака како што е напишано: пред сабота, односно во петокот. Во саботата не смееле да работат, но можеле да набават миро во петокот. Во неделата, биле на гробот рано наутро, чекајќи да помине саботата, што значи дека мирото веќе им било петочки подготвено.[DOUBLEPOST=1398038087][/DOUBLEPOST]

Добро: сега, посочениве линкови упати ги и до Фрањо, мислам на тековниот Папа и верувам дека во него ќе најдеш саглам соговорник...:icon_lol:
Значи се согласуваш дека “божјите пратеници“ гласале за убивање на мажи и жени?
 
Леле чо‘ек, кое сугестибилно прашање....:icon_lol:
Кај напишав дека се согласувам?
 
Ова што го чиниш, е типична протестанстка трик-конструкција...

Ај види го и стихот од Марко, 16.2, и ќе имаш точен одговор, оти вака, изваден од контекст, стихот од Марко, 16.1, читан изолирано од главата на која му припаѓа тој стих, ќе испадне дека мироносиците купувале во недела, рано сабајле, или во сабота, иако им било забрането саботно делување.

Тековно го читам толкувањето од ев. по Марко и таму толкувачот проф. Гроздановски посочува дека мирото веќе било петочки подготвено.
Ништо не кажува во 16:2 кога купувале, туку кога дошле на гробот.
Не е прашање кога дошле туку:

1 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
Марко 16

или

56 па, се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта.
Лука 23

кога беа набавени мирисите од страна на жените, пред или по саботата?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom