Надворешни односи на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SparroW
  • Време на започнување Време на започнување
Ние никогаш во блиско минато не сме ја ни контролирале раскрсницата. Поентата ми беше што во тој момент, И Албанија и Бугарија беа происточно ориентирани, и токму затоа тој коридор беше оневозможен, не од нас туку од западот. Од сегашен пак аспект коридор исток-запад не му пречи на НАТО, туку му е полезен. Иначе и Албанија и Бугарија имаат шини поставено до граница.
.

Во тој случај имаш право, но немаме тврди докази дека бил вистина оневозможен од западот, а не од самите нас поради х-причини врзани за (не)способноста на нашите водачи.
 
Според доказите и двата исказа се прилично на исто рамниште. Тоа е моја претпоставка. Имај во предвид дека ние во тој момент бевме „лидер“ во Евро-Атланската интеграција во регионот, што со други зборови би значело дека сме биле бајаги послушни.
 
Дај Боже некако да успееме да влеземе во НАТО, за жал врти сучи најдобра алтернатива е тоа..
 
Македониja е разкрстница само на два коридора,кои са наполно заобиколиви, тоа сакам да ти кажам. Абсолутно грешна е тезата,дека коjто држи тази разкрстница, држи Балканот. Ни повеке,ни помалце не сум кажал.
Поверваj, патот Европа-Азиja е многу побитен от коридорот Север-Jуг.
Незнам зашто вмеша Бугариja овде?!
Кој ја поседува вардарската долина тој го поседува и Балканот- Ото фон Бизмарк. За жал ја разделија за да не го поседува никој.
Било кој пат е заобиколив по некаков начин, но секогаш заобиколувањето е понеисплативо.
 
Тука си грешка.
1. Ја разделија Македонија или го разделија Балканот?
2. Никој не ја контролира Вардарска долина или ја контролира оној кој ги контролира сите делови?

Обединет, Балканот одсекогаш бил Регионална сила во најмала рака.
 
Кој ја поседува вардарската долина тој го поседува и Балканот- Ото фон Бизмарк. За жал ја разделија за да не го поседува никој.
Било кој пат е заобиколив по некаков начин, но секогаш заобиколувањето е понеисплативо.
Во днешните времина е многу неопределено што значи неизплатливо и што изплатливо.
Доста лаишка е тезата,дека Вардарската долина е клучот ком Балканот.
 
Помеѓу 2 важни пристаништа и на крстопат, ти ако не разбираш геостратегија, тоа е друга работа.
 
И за теб тоа е стратежкото за целиот Балкан? Колко поголеми крстопати има на Балканот...погледни мапата само.
 
Во днешните времина е многу неопределено што значи неизплатливо и што изплатливо.
Доста лаишка е тезата,дека Вардарската долина е клучот ком Балканот.

Па не е клучот, меѓутоа е природно скратен пат за скоро сите правци.

Со немањето соодветна инфраструктура нејзината логистичка предност е неискористлива.

На пример со отварање на еден ефтин карго аеродром во централно-источна Македонија, испораката до сите соседни земји ќе биде многу поисплатлива доколку истиот аеродром се наоѓа близу крстопатот на автопатите Алб - Буг и Срб - Грц дополнително засилено со железничко поврзување.
Еден таков аеродром може во голем дел да ја намали зависноста и од пристаништата околу нас, што секогаш е потребна алтернатива.
 
За жал воздушниот транспорт е доста поскап от морскиот и затоа винаги на Балканот,а и не само ке имаме потреба от пристаништа и морски транспорт.
Како цело дали можеш да кажеш каква е предноста на един ваков аjродром во централна источна Македониja,а не во един Ниш или Софиja например?!
Ке ми биде интересно како ке замениш достафките на нафта за рафинериите на Балканот со воздушен транспорт исто.
 
Имаш различни категории на суровини кои можат да се транспортираат само по морски/земјен пат, а други кои можат преку воздушен. Секако дека не е исплатливо огромни метални суровини да се транспортираат со авион, но има огромен број на суровини кои достасуваат брзо и зависи на нивна скорешна испорака.

Од аспект на трошоци версус време на испорака секој транспорт има свои плусови и минуси. На пример имаш глобални компании кои испорачуваат индустриски компоненти, машини, генератори и сл. и според склучените договори мора на секаде во светот да ја извршат испораката во одреден период 4-5 дена. За нив нема реално алтернатива на воздушната испорака.

Ниш и Софија секако дека ни се конкуренти, меѓутоа факторите кои можат да одлучат која локација би одговарала повеќе од географски аспект, може да биде тоа што од централна Македонија растојанието до Белград, Софија, Тирана и Солун како и од/до соодветните пристаништа е подеднакво, а трошоците за магационирање и достава можеби би биле покорисни.
Кога би се правел бизнис план сите опции би се зеле во предвид, ние збориме само грубо.
Сигурно дека би биле направени конкретни мерења на можностите уште пред да се оствари таква инвестиција.

Пристаништата можат да се користат и понатаму во комбинација со еден таков аеродром.
 
Во днешните времина е многу неопределено што значи неизплатливо и што изплатливо.
Доста лаишка е тезата,дека Вардарската долина е клучот ком Балканот.
Во денешните времиња како и во минатото е многу јасно точно тоа ќарот.
Велиш Ото фон Бизмарк лаик?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom