Надворешни односи на Македонија

Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Секако, но треба реално да гледаме на интересите и улогата на Турција, а не романтично, како што милуваат многумина.
Да, со Турција - брак од интереси. Убаво е да имаш некој што може да ја чукне Грција од зад грб во случај да почне да прави некои поголеми проблеми. Што би се рекло the enemy of my enemy is my friend.

И не треба да мешаме религија во политика.

Јас христијанин, но сум македонски националист, а не христијански. Не ми смета, ако е потребна, соработка со будисти и муслимани за доброто на Македонија. Хрватите се католици, па ги сметам за поблиски од orthodox brothers, Грција, Србија и Бугарија. Македонците низ вековите имале пагански богови, сега се христијани, но си останале Македонци. И со претеран христијански фунаментализам, ги отурнуваме Македонците од други религии, да се пишуваат Турци или Албанци.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во изјавата лежи вистината зад турската подршка кон Македонија. Ако тоа не го гледаш, можеби навистина треба да се потсетиш на турските ставови за време на 2001-ва.
Исто ко и турските серии кои имаат за цел да шират отомански експанзионистички пропаганди. Уозбили се.

Од друга страна, бидејќи нам повеќе ни зависи исто така играме на истата романтичарска карта со Турција, преку претставување на Ататурк како нешто што не’ спојува и отворено повикуваме на зголемено турско влијание, дали културно или економски.
Кога ќе земеш во предвид колку турски политичари или генерали имаат потекло од Македонија, секако дека имаме корист од нивната носталгија, еден пример е генералот Ознал:
"Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853 година до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сe до почетокот на 19 век македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ", вели Ознал.

"Македонскиот народ историски и етнички е посебен народ", "Секој народ сам си го избира своето име", "Македонскиот јазик е единствен", "Грција го лаже Балканот", "Грчките аспирации кон Македонија", "Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат", се дел од насловите на поглавјата во книгата:

MAKEDONYA YUNAN DEĞİLDİR - MACEDONIA is NOT GREECE
ERDOĞAN ÖZNAL
(Hv. Plt. Korgeneral)
T.C. GENELKURMAY BAŞKANLIĞI YAYINLARI
ANKARA 1993

А што се однесува до турските ставови за 2001 на кои се повикуваш без ниту еден пример, би можеле да додадеме дека Турција е најголемиот донатор на воена опрема на АРМ.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Ако де, кој не памти, ќе повторува.

Тебе линк ли ти треба за да видиш дека ни истоварија осиромашен ураниум пред врата?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Бидејќи нема прашања, нема ни одговори за тоа зошто за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е прашање на опстанок. Оттаму, надворешната политика ни личи како копија на „политиката“ на гурките (воени вазали на Британија што за својата беспоговорна стратегиска лојалност уште не се наградени ни со британско државјанство)

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4214727537&id=9&prilog=0&setIzdanie=23141

ИМА ЛИ ИДЕНТИТЕТ МАКЕДОНСКАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА?

Македонија е пред двојни избори. Во ек е кампањата за претседателските избори и во согласност со уставните надлежности, тема што би била во фокусот на кандидатите за оваа функција, па и нивните партиски спонзори, треба да е надворешната политика. Но, како што гледаме, оваа тема е сведена само на едно единствено прашање. Името, односно идентитетот, и тоа не како неприкосновено право на самоизбор и самоидентификација, туку како почетна цена на договорена лицитација во која за крајна стратегиска цел е прогласено купувањето влезница за зачленување во една воена и една политичко-финансиска-организација. Дури и во оваа кампања, каде што особено владејачката коалиција инсистира на отчетност пред изборното тело, на надворешната политика ѝ се дава малку простор. Отчетот е сведен на „суви“ бројки. Кој каде и колку пати бил и за што зборувал со кого, односно пред кого. Бидејќи нема прашања, нема ни одговори за тоа зошто за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е прашање на опстанок. Оттаму, надворешната политика ни личи како копија на „политиката“ на гурките (воени вазали на Британија што за својата беспоговорна стратегиска лојалност уште не се наградени ни со британско државјанство). Зошто политичарите избегнуваат отворено да говорат за безалтернативноста? Ако имаат силни аргументи, зошто не ги обелоденуваат? Колку ќе ја чини нацијата ова членство, односно, привилегија? Во пари, во политики што неповратно ќе го изменат секојдневието. На пример, во солидарниот фонд за Грција колку пари треба да уплати Македонија и под кои услови ќе се задолжуваме во Европската централна банка или кај Светската?

Дали ќе војуваме и против Сирија ако „затреба“? Ќе се закрвиме ли и со Русија како што го сторивме тоа со Кина, признавајќи го Тајван по американска препорака? Ќе ѝ воведеме ли санкции на Русија по директива, односно „пријателски“ совет на Брисел, кој веќе нѐ советуваше да се откажеме од гасификацијата? Ќе кокетираме ли и натаму со еврофашизмот, кој едноставно цути и се институционализира во низа парламенти?

Ајде, ќе рече некој, разбирливо е што десницата, која е доминантна во Европа, а во Македонија е на власт седум години, молчи пред овој феномен, ама кој па да ги разбере левицата и оние што наводно се во „либералниот“ и „прогресивен“ центар, кои исто така немаат ништо корисно да кажат. Напротив, како што се одвиваат работиве, при изведбата на крвави демократски револуции, тие се стратегиски партнери токму со неофашистите. Како во Украина, Египет, Венецуела, Турција.

КОИ СЕ СЕРИОЗНИТЕ ДРЖАВИ ПО КОИ СЕ РАКОВОДИМЕ?

Министерот Попоски вели дека одлуката да се гласа во ООН „против“ не била штетна по македонските интереси зашто гласањето било колку да се каже, да се помине од редот. Интересно е дека со ваков резон лани се претставивме на истиот светски форум по повод палестинската независност кон која бевме воздржани. Нашиот став, како што објасни министерот, бил во такви ситуации да сме ги следеле „сериозните земји“, како што била Германија на пример. На оваа тема на Иванов и на Попоски не им опонира Пендаровски, ама затоа критикуваат медиумите што се дел од „левата“ коалиција предводена од СДСМ. Тие во случајов имаат улога на прва борбена линија, која во незгодна ситуација ги става Иванов и Попоски - да се препотуваат пред гласачите, а го штеди Пендаровски, кој не се обелоденува за да не се избламира со одговорите. Оти се исти.

И неговиот колега Бучковски од левоцентристичкиот алтернативен политички центар има горе-долу вака дефинирана политичка филозофија. Во случајов околу Украина, односно Крим, тој сугерира дури да го следиме храбро примерот со Црна Гора, односно со Албанија. Да ѝ воведеме санкции на Русија кои Македонија нема да ја чинат ама баш ништо, а Русија белки ќе ја здоболат до коска. Како кога ѝ брцнавме во око на Кина, па така им помогнавме на нашите „пријатели“ и „партнери“ да ни го промовираат УЧК во миротворен тинктенк-субјект со интегрирачки демократизаторски својства преточени во рамковниот устав и територијалната поделба.

Ако судиме според тоа како е замислена и како се води надворешната политика во континуитет, Македонија веќе го загуби својот политички идентитет. Надворешната политика на земјава во сиве 23 години независност, со мали исклучоци, може да се опише како збир од фатални киксови и исполнителна рутина, клише-политика на малокрвни лаици, опортунисти и кариеристи фасцинирани од политиката на сила изразена преку многу стапови и тек-тук понекој морков.

СПИСОК НА ФАТАЛНИ УТКИ

Надворешната политика, така се вели, е одраз на внатрешната реалност, односи, амбиции и цели - сѐ заедно како пакет на национални или државни интереси што се темелат на историја, традиции, култура и принципи селектирани, живеени, практикувани и осовременувани од повеќе генерации.

За жал, кога ќе ги погледнете резултатите наспроти последиците, ќе увидите дека преку нашите политики, односно политичари, сме се откажале целосно од принципите и историскиот позитивен континуитет, а наша надворешнополитичка библија станал клиентелизмот.

Кои се тие одлуки?

  1. Беспоговорно прифаќање на политиката на сила и диктат.
  2. Прием во ООН под референца.
  3. Привремена спогодба напишана од САД.
  4. Наметнатиот рамковен договор.
  5. Преговори со парамилитарна организација тренирана од инструктори од НАТО, која ѝ објавила војна за територија на држава, и тоа од територија на друга држава.
  6. Санкции кон СРЈ.
  7. Промена на Уставот по барање на ЕЕЗ и на САД.
  8. Промена на државното знаме без постапка и без референдум.
  9. Бришење од Уставот на грижата на државата за своите малцинства во соседните држави, а со тоа де факто признавање дека македонски малцинства нема, зашто не постои ни македонски народ.
  10. Амнестирање воени злостори и злосторства против човештвото.
  11. Логистичко учество во бомбардирањето на СРЈ. Признавањето на Тајван.
  12. Согласност за потребите на ЦИА во Македонија да постои илегален затвор. Учество во киднапирање странски државјани за потребите на „стратегискиот партнер“.
  13. Потпишување согласност американските војници да не одговараат за воени злосторства и за злосторства против човештвото. Напуштање на принципот за мирољубив натпревар меѓу народите преку учество во неоколонијалистички војни, окупации и инвазии.
  14. Отстапување од меѓународното право и двојни аршини во примена на принципите (Косово, Судан од една и Крим од друга страна).
  15. Заборавање на неутралноста како една од позициите во надворешната политика.
  16. Беспоговорно прифаќање на сите недолични, еднострани и злонамерни извештаи на европските бирократски тела што не го признаваат македонскиот идентитет, зачинети со спин-кампањи и негирања на резултатите и реалните факти.

Во овој збир од негативни примери има и два-три добри, кои може да се сметаат како позитивен дисконтинуитет во непријатниот континуитет. Таква е тужбата за прекршување на Привремената спогодба во Судот на ООН во Хаг. Неприфаќањето на „пријателската“ помош на Барак Обама да ѝ кумува на Република Македонија со ново име Република Северна Македонија за севкупна употреба од страна на Никола Груевски. Одбивањето да се спроведе беспоговорно ЕУ-директивата сврзана со „Јужниот тек“ и да се држат под блокада македонско-кинеските односи и засега сѐ уште неутралното однесување кон руско-американско-ЕУ судирот околу Украина. Откривањето на Индија, Кина и Далечна Азија, Латинска Америка и, конечно, Северна Африка од страна на македонските државни претставници во втората половина на 21 век. Сега, по изборите, ни останува да се надеваме овие првични чекори да се преточат и во некаква автономна и амбициозна надворешна политика. Велиме надеж, зашто немаме ништо поопипливо сврзано со темава. Барем според досегашниот тек на кампањата, во која надворешната политика треба да е во фокусот на вниманието.

Неуспешни министри унапредени во амбасадори

Каква што ни е надворешната политика, значи политика на невидлива држава со ниски и неамбициозни очекувања нагласени со ниска самосвест и комплекс на инфериорност, такви ни се и министрите, односно повеќето амбасадори. Невидливи, нечујни опортунисти - кариеристи со големо его. Доказ? Практично сите бивши шефови на дипломатија, по истекот на мандатот, беа „унапредени“ по нивна желба во амбасадори. Амбасадорскиот статус на сите нив им беше фактички финансиска компензација за работата што успешно ја завршиле за Македонија како слабо платени министри. На која, пак, никако да ѝ тргне оти стои заглавена во безалтернативноста и безгласноста фиксирана во просторот меѓу стаповите и морковот на политиката на сила.

Мали држави и големи политичари

Не е само Македонија мала држава. Ги има дури и помали од неа. Ама, нели, како што вели Груевски, тоа не значело оти малите се осудени на мала политика. И такви примери има едночудо. Од малиот Израел до ептен малиот Исланд, Еквадор, Куба, Боливија, Чешка, Австрија и многу други. Ама дали ќе бидат и колку мали ќе останат, изгледа зависи од тоа колку големи политичари ќе изнедрат. Ако им се случи некој „голем“ како Грузиецот Михаил Саакашвили, ќе им снема територија за држава. Ако добијат некој со визија плус стратегија за ефектна политика, какви што се Кастро, Кореа, Клаус, Орбан, ќе имаат историско наследство, темел и глас што се слуша внимателно.

Време за поуки и нова политика

Тукушто завршија локалните избори во Турција и во Франција. Двете со многу поуки и сериозно влијание на европскиот амбиент. А во мај, по завршувањето на македонските комбинирани, почнуваат историските избори во Украина по изведениот преврат и враќањето на Крим во Русија. И овие избори ќе бидат со сериозно влијание во континенталната политика. Победата на партијата на Ердоган во Турција е добар знак дека обид за уште еден оркестриран и однадвор менаџиран преврат не успева ако народот не го поддржува. Но исто така и поука дека клиентелизмот и алчноста демонстрирани околу Сирија се платени со губење светски углед и чекорење наназад за цела држава. Француските локални избори покажаа дека радикалниот фашистички десен сектор јакне сѐ повеќе. Молкот во ЕУ значи беспомошност и развивање бело знаме.

Каде згрешивме

- прифаќањето на политиката на сила и диктат
- приемот во ООН под референца
- наметнатиот рамковен договор
- преговорите со парамилитарна организација
- промената на Уставот по барање на ЕЕЗ и на САД
- промената на државното знаме
- амнестирањето воени злосторства
- логистичкото учество во бомбардирањето на СРЈ
- признавањето на Тајван

Кои се добрите потези

-тужбата против Грција во Хаг
-неприфаќањето на „пријателската“ помош на Барак Обама да ни кумува со ново име „Република Северна Македонија“
-одбивањето да се спроведе беспоговорно ЕУ-директивата поврзана со „Јужниот тек“
-откривањето на Индија, Кина, Азија, Латинска Америка и Северна Африка

Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ако де, кој не памти, ќе повторува.
"Во зимата 1993 година Грција го блокира снабдувањето на Македонија со нафта од пристаништето во Солун, задржувајќи танкер со нафта кој на Македонија би ѝ бил доволен за цели три месеци. Тоа создаде политичка и економска нестабилност во Македонија, која беше принудена да се снабдува со нафта преку Бугарија и Турција.

Во исто време Бугарија ѝ понуди на Македонија употреба на нејзиното пристаниште во Бургас на Црно Море. Албанскиот претседател Сали Бериша ги стави сите услуги на пристаништето во Драч на располагање на Македонија. Турскиот претседател Сулејман Демирел ѝ понуди на Македонија користење на турските пристаништа и вети турска помош."

Трговско ембарго од Грција 1994-1995
 
И прашањата кои остануваат неодговорени, зошто Македонија во изминативе 20 години не создаде алтернатива за солунското пристаниште и тоа најмногу боде очи зошто не ја прифати подадената рака од Албанија и Бугарија за време на ембаргото?
Доколку имавме сериозни политичари досега ќе изградеа пруги до Драч и Црно море, автопати и ќе ја надоградевме нашата и меѓусебната позиција во регионот за сметка на Грција.

А друго прашање е зошто ова ембарго не беше осудено од Западот иако ги прекрши сите меѓународни закони за слободен транзит на стока и пазар и не беше побарано отштета за економските загуби кои ги претрпе земјава?

Овие поразителни факти се целосна заслуга на нашите неспособни политичари.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Попоски се сретна со Кери, стратегиска цел на Македонија останува ЕУ и НАТО

30 април 2014

Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера во Вашингтон се сретна со државниот секретар на САД Џон Кери, при што на маргините на конференцијата посветена на проширувањето на НАТО и Европската Унија разговараа за кризната состојба во Украина и нејзиното влијание врз интеграциите.

http://www.mkd.mk/makedonija/poposki-se-sretna-so-keri-strategiska-cel-na-makedonija-ostanuva-eu-i-nato

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Еве ви едно фино Амерчико пропагандно постерче од 1916 за време на прва светска војна.Во кое се велича Србија и Српско Косово. Инаку на сликата од напред има Австриски и Германски Војник а од позади онака подло со нож у грб напаѓа Бугарчета а Србинот храбро се бори џоа мити арслан. Се разбира САД кој баш тогаш влезе во Првата светска војна беа сојузници со Србија. Како се менува времето. А ние како слепи за стап и делиме глобална правда и продаваме морал е тоа кога не ни сече.

Нема Вечни Пријателства Само Вечен Интерес….дури и Америка ова го прави а тек една мала земја.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Попоски: Во моментов нема грчки интерес за решавање на спорот за името
Американски интерес е проширувањето на НАТО да се случи, што значи дека ова останува на агендата на НАТО и на претстојниот самит во Велика Британија во септември, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Американскиот сенатор Лугар го повика НАТО да го одобри членството на Македонија
„Македонија е наш пријател и партнер на САД и веќе има свои сили кои служат заедно со нашите. Дипломатските превирања кои досега ја држеа Македонија надвор од НАТО, веќе не смеат да бидат толерирани, во овие кризни времиња", порачал Лугар.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
И прашањата кои остануваат неодговорени, зошто Македонија во изминативе 20 години не создаде алтернатива за солунското пристаниште и тоа најмногу боде очи зошто не ја прифати подадената рака од Албанија и Бугарија за време на ембаргото?
Доколку имавме сериозни политичари досега ќе изградеа пруги до Драч и Црно море, автопати и ќе ја надоградевме нашата и меѓусебната позиција во регионот за сметка на Грција.

А друго прашање е зошто ова ембарго не беше осудено од Западот иако ги прекрши сите меѓународни закони за слободен транзит на стока и пазар и не беше побарано отштета за економските загуби кои ги претрпе земјава?

Овие поразителни факти се целосна заслуга на нашите неспособни политичари.
Има и уште една варијанта зошто не се отвори коридор исток-запад.
1. Власта во Албанија во тоа време сеуште беше происточно ориентирана. Така беше до 1997 кога избија нередите.
2. Со Бугарија сеуште не беше јасна работата, дали ќе влезат, дали не. Договорот за неширење сеуште беше тазе, а Русија неможе да се занемари.
Р: Коридорот исток-запад многу би го ризикувал приклучувањето кон НАТО на Албанија.

Баш проблемот на Македонија се наоѓа во тоа што низ Македонија поминуваат 2 коридора, и кој ја контролира раскрницата на тие коридори, го контролира Балканот.[DOUBLEPOST=1399394417][/DOUBLEPOST]
Исто ко и турските серии кои имаат за цел да шират отомански експанзионистички пропаганди. Уозбили се.

Од друга страна, бидејќи нам повеќе ни зависи исто така играме на истата романтичарска карта со Турција, преку претставување на Ататурк како нешто што не’ спојува и отворено повикуваме на зголемено турско влијание, дали културно или економски.
Кога ќе земеш во предвид колку турски политичари или генерали имаат потекло од Македонија, секако дека имаме корист од нивната носталгија, еден пример е генералот Ознал:
"Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853 година до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сe до почетокот на 19 век македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ", вели Ознал.

"Македонскиот народ историски и етнички е посебен народ", "Секој народ сам си го избира своето име", "Македонскиот јазик е единствен", "Грција го лаже Балканот", "Грчките аспирации кон Македонија", "Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат", се дел од насловите на поглавјата во книгата:

MAKEDONYA YUNAN DEĞİLDİR - MACEDONIA is NOT GREECE
ERDOĞAN ÖZNAL
(Hv. Plt. Korgeneral)
T.C. GENELKURMAY BAŞKANLIĞI YAYINLARI
ANKARA 1993

А што се однесува до турските ставови за 2001 на кои се повикуваш без ниту еден пример, би можеле да додадеме дека Турција е најголемиот донатор на воена опрема на АРМ.
Проблем со Турската армија ние немаме ... или немавме се до пред реформите кои почна да ги спроведува Ердоан.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Има и уште една варијанта зошто не се отвори коридор исток-запад.
1. Власта во Албанија во тоа време сеуште беше происточно ориентирана. Така беше до 1997 кога избија нередите.
2. Со Бугарија сеуште не беше јасна работата, дали ќе влезат, дали не. Договорот за неширење сеуште беше тазе, а Русија неможе да се занемари.
Р: Коридорот исток-запад многу би го ризикувал приклучувањето кон НАТО на Албанија.

Баш проблемот на Македонија се наоѓа во тоа што низ Македонија поминуваат 2 коридора, и кој ја контролира раскрницата на тие коридори, го контролира Балканот.
Тези два коридора са многу,многу понебитни от главниот коридор Европа-Азиja и некои други. Во РМ се пресекуват само К8 и К4.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c7/Paneuropetransport.png
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Тези два коридора са многу,многу понебитни от главниот коридор Европа-Азиja и некои други. Во РМ се пресекуват само К8 и К4.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c7/Paneuropetransport.png
Види, знам дека Бугарија промовира алтернативен коридор Север-Југ. Но сепак повеќе од алтернативен никогаш нема да биде.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Види, знам дека Бугарија промовира алтернативен коридор Север-Југ. Но сепак повеќе од алтернативен никогаш нема да биде.
Македониja е разкрстница само на два коридора,кои са наполно заобиколиви, тоа сакам да ти кажам. Абсолутно грешна е тезата,дека коjто држи тази разкрстница, држи Балканот. Ни повеке,ни помалце не сум кажал.
Поверваj, патот Европа-Азиja е многу побитен от коридорот Север-Jуг.
Незнам зашто вмеша Бугариja овде?!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Има и уште една варијанта зошто не се отвори коридор исток-запад.
1. Власта во Албанија во тоа време сеуште беше происточно ориентирана. Така беше до 1997 кога избија нередите.
2. Со Бугарија сеуште не беше јасна работата, дали ќе влезат, дали не. Договорот за неширење сеуште беше тазе, а Русија неможе да се занемари.
Р: Коридорот исток-запад многу би го ризикувал приклучувањето кон НАТО на Албанија.
Ја не гледам така, имаше отворени понуди и од Албанија и од Бугарија за тоа да се оспособи. Се разбира некому можело и да не му одговара ама ако збориме нели за нашите интереси, тогаш не гледам реална причина зошто тоа не го направивме.
Можеме хипотетички да шпекулираме со некои неверојатни причини, меѓутоа за мене тоа беше најголемата шанса за пресврт која ја испуштивме.

Баш проблемот на Македонија се наоѓа во тоа што низ Македонија поминуваат 2 коридора, и кој ја контролира раскрницата на тие коридори, го контролира Балканот.
Да не се залажуваме. Ние реално ништо не контролираме, а можевме да имаме стратешка предност доколку се поврзевме со Албанија и Бугарија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Ја не гледам така, имаше отворени понуди и од Албанија и од Бугарија за тоа да се оспособи. Се разбира некому можело и да не му одговара ама ако збориме нели за нашите интереси, тогаш не гледам реална причина зошто тоа не го направивме.
Можеме хипотетички да шпекулираме со некои неверојатни причини, меѓутоа за мене тоа беше најголемата шанса за пресврт која ја испуштивме.(1)

Да не се залажуваме. Ние реално ништо не контролираме, а можевме да имаме стратешка предност доколку се поврзевме со Албанија и Бугарија.(2)
Ние никогаш во блиско минато не сме ја ни контролирале раскрсницата. Поентата ми беше што во тој момент, И Албанија и Бугарија беа происточно ориентирани, и токму затоа тој коридор беше оневозможен, не од нас туку од западот. Од сегашен пак аспект коридор исток-запад не му пречи на НАТО, туку му е полезен. Иначе и Албанија и Бугарија имаат шини поставено до граница.

Двојката се надоврзува на 1, нас тешко во брза иднина да ни се пружи прилика реално самите да ја контрлираме раскрсницата што проаѓа кај нас. Единствено е тоа возможно доколку на сите соседи им одговара Македонија да стане стабилна држава. Според мене стабилност на Македонија е возможна во моментов само со неутрален статус. Но мора да имаме во предвид дека од некои работи треба да се откажеме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom