За жал воздушниот транспорт е доста поскап от морскиот и затоа винаги на Балканот,а и не само ке имаме потреба от пристаништа и морски транспорт.
Како цело дали можеш да кажеш каква е предноста на един ваков аjродром во централна источна Македониja,а не во един Ниш или Софиja например?!
Ке ми биде интересно како ке замениш достафките на нафта за рафинериите на Балканот со воздушен транспорт исто.
Имаш различни категории на суровини кои можат да се транспортираат само по морски/земјен пат, а други кои можат преку воздушен. Секако дека не е исплатливо огромни метални суровини да се транспортираат со авион, но има огромен број на суровини кои достасуваат брзо и зависи на нивна скорешна испорака.
Од аспект на трошоци версус време на испорака секој транспорт има свои плусови и минуси. На пример имаш глобални компании кои испорачуваат индустриски компоненти, машини, генератори и сл. и според склучените договори мора на секаде во светот да ја извршат испораката во одреден период 4-5 дена. За нив нема реално алтернатива на воздушната испорака.
Ниш и Софија секако дека ни се конкуренти, меѓутоа факторите кои можат да одлучат која локација би одговарала повеќе од географски аспект, може да биде тоа што од централна Македонија растојанието до Белград, Софија, Тирана и Солун како и од/до соодветните пристаништа е подеднакво, а трошоците за магационирање и достава можеби би биле покорисни.
Кога би се правел бизнис план сите опции би се зеле во предвид, ние збориме само грубо.
Сигурно дека би биле направени конкретни мерења на можностите уште пред да се оствари таква инвестиција.
Пристаништата можат да се користат и понатаму во комбинација со еден таков аеродром.