Македонски зборови и изрази за често користени странски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Отидов на интернет страницата од весникот Нова Македонија со цел да земам некоја статија и да ги издвојам употребените странски изрази. По некоја случајност наидов на статија која баш има поврзаност со јазикот, во случајов со уредувањето на имињата при нивното матично внесување.
И наидов на она кое и порано сум го забележувал. Стручњакот за македонски јазик (лингвист), сака да го одбрани македонскиот јазик, а тоа го прави со масовна употреба на немакедонски зборови што зборува за „асимилираноста“ на свеста. Значи брани македонски говор, прекршувајќи го.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32714742142&id=13&prilog=0&setIzdanie=
Под статијата запишав мислење, не знам дали ќе биде објавено. Но има е-маил адреса и ќе го испратам.

Ако сакате да дадете придонес кон зачувување на македонскиот јазик, а со тоа и на македонската личност, обрнете внимание за странските зборови кои непотребно ги употребивте во статијата.

оригинален - изворен
сугестија - предлог
варијантите - можностите
експертите - стручњаците
интервенција - вмешување, измена
елиминирањето - отстранувањето
лектор - стручњак за правопис
унифицираната - единствен
официјална - службена
форма - облик
апликации - поднесоци
резервации - обезбедување
фигурира - се користи, постои
практиката - примената
регулација - уредување
аспект - страна
нормата - правилото
трендот - настроеноста
контакт - поврзаност
сумира - собере
ревидира - преправи

Самото ова покажува колкав е степенот на мисловна слабост, мисловна претопеност „асимилираност“ што и во статија за истакнување на вредностите на македонскиот јазик, македонист го огрдувате изразувањето со заразеноста (инфицирноста) со немакедонски зборови. Што тогаш со состојбата на јазикот кај обичниот Македонец.

Дури и задоволен сум. Во други статии кои го истакнувале македонскиот јазик заразеноста со употребата на странски зборови била многу поголема.
 
Последно уредено:
Eве ви супер страна со одлично објаснето значење на секој збор ....

http://www.makedonski.info/show/ксмет/м
Не, не се работи за толкување на значењето, туку за барање македонски зборови кои се соодветни на странски збор. Но толковниците можат да помогнат затоа што се оди по обратен редослед. Во објаснувањата, многу често несвесно се употребени македонските зборови кои се или можат да бидат преведувачки зборови.

Што значи следните странски зборови воопшто немаат соодветен македонски збор иако ние го знаеме нивното значење.

компјутер - (во прво време беше користен „сметач“)
интернет - ???
информатика - ???
веб - ???
онлајн - ???
програма-апликација - ???
форум - ??? место за размена на мислења
технологија - начин на организирање (производство)
апаратура - збир на алати (турски збор мислам)
техника - посложени алати, алати од поразвиен облик
електроника - струјно работење
електротехника - (струјна техника) струјни алати
наркодилер - ???
лектор - стручњак за правопис
резервација - обезбедување место
...

Ги има навистина многу посебно во областа на информатиката и интернетот.[DOUBLEPOST=1395938237][/DOUBLEPOST]
Еве и една ФБ страна баш за вакви работи како што пишува @sardaukar пуздер правам од македонски јазик
За жал не можам да видам, не користам фејсбук. Што има на страната?
 
Последно уредено:
Ги има навистина многу посебно во областа на информатиката и интернетот.[DOUBLEPOST=1395938237][/DOUBLEPOST]
За жал не можам да видам, не користам фејсбук. Што има на страната?

Страната е за правилна употреба на македонскиот јазик, термини, правила, акцентирање, корени на зборовите и слично . Интересни дебати има . :)
 
Mnogu e loso ova sto se slucuva so nashiot jazik se povekje primame stranski zborovi a toa e mnogu loso zosto si go gubime jazikot nie sme opkoleni sme so politicari od sosednite drzavi koj ne mrazat i s kje napravat za dokazaT deka nie makedoncite ne postoime deka nie sme bugari jas nemam nisto protiv narodite ama nivnite politicari e toa po gotovo tie fashistite od nasiot juzen sosed jas se iznuvam ako e oftopic no morav se iznuvam za greskite pisuvam od tablet
 
Не, не се работи за толкување на значењето, туку за барање македонски зборови кои се соодветни на странски збор. Но толковниците можат да помогнат затоа што се оди по обратен редослед. Во објаснувањата, многу често несвесно се употребени македонските зборови кои се или можат да бидат преведувачки зборови.

Што значи следните странски зборови воопшто немаат соодветен македонски збор иако ние го знаеме нивното значење.

компјутер - (во прво време беше користен „сметач“)
интернет - ???
информатика - ???
веб - ???
онлајн - ???
програма-апликација - ???
форум - ??? место за размена на мислења
технологија - начин на организирање (производство)
апаратура - збир на алати (турски збор мислам)
техника - посложени алати, алати од поразвиен облик
електроника - струјно работење
електротехника - (струјна техника) струјни алати
наркодилер - ???
лектор - стручњак за правопис
резервација - обезбедување место
...

Ги има навистина многу посебно во областа на информатиката и интернетот.[DOUBLEPOST=1395938237][/DOUBLEPOST]
За жал не можам да видам, не користам фејсбук. Што има на страната?
за жал ,се работи за зборови и работи кои доаѓаат од тоа подрачје и приморан си да ги прифатиш ..... да речеме ,Македонец го измисли ајварот ,како јадење што воопшто не беше познато во светската јавност ..... праиш рекламација ... им се допаѓа ... прифаќаат .... како се вика .... ајвар ... ок ..... Ајвар ќе биде .... истиот принцип е ..... Како Италијаците со пицата .... Pizza .... исто и ние , пица ..... се работи за работи ,тоа е тоа :)
 
активност - делување
апликации - поднесоци
апликација - поднесок
асимилијација - мисловно претопување
аспект - страна
бизнис - деловно работење
бизнисмен - стопанственик
варијантите - можностите
генерација - поколение
група - збир
дијалект - наречје
доминација - надреденост
економија - стопанство
експертите - стручњаците
елиминирање - отстранување
елиминирањето - отстранувањето
идиом - израз
интервенција - вмешување, измена
инфицираност - заразеност
историја - минато
колективен - заеднички, општ
колумна - статија
комбиниран - (из)мешан
конкретниот - посочениот
контакт - поврзаност
курсер - (кога е во текст) трепкач
курсер - стрелка
лексикон - (јазичен) толковник
лектор - стручњак за правопис
локално - месно
магазин - списание
магацин - складиште, склад
ментално - мисловно
нормата - правилото
оригинален - изворен
официјална - службена
патриот - родољуб
практиката - примената
практичност - применливост
професија - дејност
процедура - редослед, постапка
ревидира - преправи
регион - област
регулација - уредување
резервации - обезбедување
симпатија - наклонетост, привлечност
сленг - помесен израз
сугестија - предлог
сума - збир
сумира - собере
сумирање - собирање, збирање
тенденциозност - настроеност
тотален - целосен
тренд - насоченост
унифициран - единствен, собран
фактор - чинител, ставка
фигурира - се користи, постои
физички - телесно
форма - облик
циничност - зајадливост

зборови кои бараат создавање соодветен израз
апаратура - збир на алати (турски збор мислам)
веб - ???
дефиниција - научна пропишаност
наркодилер - ???
електроника - струјно работење
електротехника - (струјна техника) струјни алати
интернет - ???
информатика - ???
компјутер - (во прво време беше користен „сметач“)
лектор - стручњак за правопис
онлајн - ???
програма-апликација - ???
резервација - однапред обезбедување (нешто)
синоним - истоветен збор
техника - посложени алати, алати од поразвиен облик
технологија - начин на организирање (производство)
форум - ??? место за размена на мислења
 
Јас мислам дека е најбитно да се заменат странските термини со домашни во учебниците за основно образование, за да се спречи асимилацијата на децата уште од рани години. Под итно од сите учебници по науката за животот за осмо одделение треба да биде отстранет латинскиот назив пенис, а на негово место треба да стои античкомакедонскиот збор кур.
 
а вагина ?! како .... тој збор шо го имаме моментално е српски .... :D
 
а вагина ?! како .... тој збор шо го имаме моментално е српски .... :D

Да, тој што го користиме најчесто е српски збор. Се користи поретко и еден друг збор, ама тој па е бугарски. Како најчист македонски назив треба за официјална употреба да се користи називот дунда.
 
Ставовите на воведничарот се навредливи за повеќето Македонци. Не може некој да се дрзнува да зборува за подреденост на свеста преку користење странски зборови, или да се шири средовековна пропаганда дека прифаќањето странски зборови е одлика на губитници. Во светот живеат седум милијарди луѓе, ние сме едвај два милиона од нив. Тој што очекува дека во 21 век треба да седнеме да измислуваме зборови во славјански дух како замена за интернационалните, е во голема заблуда.

Секое мешање, јазично, културолошко, генетско, може само да создаде нов квалитет кој е супериорен во однос на другите два, бидејќи е плод на современ начин на работење на свеста и генетските врски на поединците и групите. Да одлучувам јас, би сакал од утре да не знам да бекнам македонски, а наместо тоа да се изразувам само на англиски. Самото изразување на македонски и мислењето на македонски “начин“ ми е крајно ограничувачко и одбивно.
 
Splendid....
Асимилијација?
 
На еден „пикник“ има вкусување на разна храна каде секој може да си проба она кое му годи на вкусот. Но има и ставање се во ист котел и добивање на помија без никаков вкус. Јас избирам да бидам она кое сум со дадатоци кои ќе ги изберам и ги преобојам во боите на мојата личност. А не да се соблечам за да се облечам во туѓи алишта.
Секој треба да го понуди изворното што има свој мирис и вкус, за да биде ценет и за да може светот да биде богат со мириси и разни изразувања на убавината.
Зарем другите станале светски, а ние толку време ништо вредно не сме стекнале? Што ќе им покажеме на светот ако го изгубиме својот говор и својата култура? Нивното не можеме да им го покажеме како свое.[DOUBLEPOST=1395957196][/DOUBLEPOST]Во прилог на претходно кажаното.

http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zanimlivosti/kako-zbor-zavrshuva-vo-rechnik

Како збор завршува во речник?

Процедурата за додавање ја објаснува лексикограф на Мериам Вебстер, укажувајќи на тоа дека еден збор не станува официјален кога ќе влезе во речник, туку "официјалноста" е решена многу порано, бидејќи речникот е за запис на она што се случува во јазикот и зборовите кои се користат во него.

kako-zbor-zavrshuva-vo-rechnik-83863.jpg

Во досегашното искуство на Кори Стампер најтешко било да се дефинира зборот "Господ," а редовно проблематични за дефиниција се мали зборови како "but" "as" "be" "go". Клучното за еден збор да влезе во речник е тој да опишува нешто што досега не е опишано со дефиницијата на друг збор.

"Дефинирањето зборови е излудувачко и феноменално. Кога се вработува нов уредник на Мериам Вебстер тој прво оди на часови по 'Стил и дефинирање,' каде се учи како да ја распарчиш англиската граматика (бидејќи ти си човекот кој треба да анализира во кој дел од говорот ќе се користи зборот) и како да направиш негова нацрт дефиниција за во речникот. Кога ќе дојде време да работиш на речникот, добиваш дел од азбуката и сите пишани докази што ги имаме собрано за тој збор. Ги читаш доказите и одлучуваш дали тој веќе е покриен со постојните дефиниции. Ако не е, тогаш правиш дефиниција за него.

Најчесто дефинициите е лесно да се извлечат од контекстот, меѓутоа некогаш не е така. Најтешки зборови за дефинирање се најмалите: 'but,' 'as,' 'be,' 'go,' 'run.' Трошиш цели месеци на некој од овие зборови, и толку се задлабочуваш во нив што почнуваш да изгледаш изгубено: се среќаваш со вистински луѓе и, иако можеш да разговараш со нив, очите ти се празни и мртви, само зјапаш во една точка која некогаш била човештвото.

Значи, да, одлично е," одговара Стампер.

Што се однесува на тоа дека местото во речникот е веројатно најголемиот чекор во животот на еден збор, за Стампер тоа е последен чекор, кој е чисто технички.

"Мака ми е кога луѓето зборуваат дека еден збор станал 'официјален' откако бил додаден во речник. Речникот е запис на јазикот кој го користиме, па додека да дојде време зборот да биде додаден во речник, тој веќе е 'официјален' со тоа што има широка употреба во секојдневниот јазик. Речниците не е се толку иновативни," објаснува Стампер.

Последната комплетна верзија на македонскиот речник е од 1961-ва ("Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања"), кој веќе над 50 години се печати без никакви измени и дополнувања во бројот на зборови.
 
Последно уредено:
просперитет - напредок
инспирација - вдахновение
трансфер - префрлување или пренос
аспирација - стремеж
хепенинг - настан
солуција - решение
утакмица - натпревар
акција - дејство
шофер - возач
коректно - точно (правилно; исправно)
корекција - исправка
корелација - сооднос
реформа - преорганизација
конфликт - судир
агресија - агресивен - насилство - насилен
менаџер - управител (раководител)
перформанс - изведба
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom