Патриотски разговори

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
@Dardan-ia и за другите
Во филмот Патриот со Мел Гипсон има една сцена- заседава Конгресот и се води дискусија да почнеме војна за независнот, да се ослободиме од кралот и да воспоставиме република
Главниот лик Бен Мартин ( Мел Гипсон ) прашува: Зошто? Зарем е подобро еден тиранин кој е сега одалечен три илјади милји, да го замениме со три илјади тирани одалечени една милја?
Еве ја сцената, Целото видео трае помалку од 2 минути а ова реченица е пред крај
http://www.youtube.com/watch?v=YEUEAloFdkc
Каков е твојот коментар?
Главната разлика е што странскиот владетел сака да менува и култоролошко-национално. Владетелот од домашно потекло нема основа за такво владеење затоа што и тој самиот е нејзин припадник. Ако и домашниот владетел те менува духовно, култоролошки и општо национално тогаш и нему тоа му е наметнато од надвор. Странскиот владетел штом веќе некого освојува секако ќе смета и дека неговата култура е доминатна и природно е дека треба да ја наметнува. Нападнатата или поробената народ/нација се брани да докаже дека не е во право. Лично сметам дека православната христијанска вистина е најдлабоката вистина и Македонците бранејќи ја (оваа) Македонија ја бранат вистината.[DOUBLEPOST=1393963498][/DOUBLEPOST]
Сакам да те прашам нешто. Кажими во кој историски период ние како народ сме биле здружени, сме успеале да освоиме нешто, сме успеале да се избориме за своето, да се докажеме дека постоиме и сме силна нација?

Пред 100 години? Пред 500 години? Или ние сме деца на Александар па од тогаш клетва некоја не следи. Само човек што доволно ја знае историјата наша ќе свати дека нешто не штима, прикаските и басните што сме ги слушале од нашите се уствари за жалење. Ние немаме ни едно успешно востание коешто е покренато од македонци и резултирало со наш успех.

И Крушевската Република не е крената и иницирана од македонци. Како сега наеднаш ние ќе станеме патриоти, храбри, здружени кога никогаш во генот наш не сме ни биле?
Во сите времиња кога другите креваа востание кревавме и ние и тоа без ничија надворешна поддршка. Овде на Балканот ниеден народ не е ослободен самостојно. Сите имале свој просветителски период во кој се освестиле како една духовно-културна национална целина, но се ослободени од силите кои ги владееле со помош на друга голема сила. Така и ние имавме како и другите свој национално-просветителски период, само во полоши услови, помалку јавен, но и помалку забележан. Така и ние во одреден момент се најдовме на вистинската страна кога еден голем фактор надвладеа друг и стекнавме повисоки национални права. Вклучувајќи самостојна држава на одредена територија. Не добивме колку што сакавме бидејќи и на големиот фактор тоа не му одговарало.
 
Последно уредено:
Кога за една земја се заинтересирани повеќе народи, просторот го добива оној кој ќе го заслужи. Следните поколенија ќе можат да се користат со благодетите на таа земја. Со мал напор, без тешки жртви ќе можат да го задржат она за кое минатите поколенија вложиле напори и се удостоиле. Ама ако некое од поколенијата не го ценат тоа што го имаат. Потфрлат и се однесуваат распуштено. Може некој друг заинтересиран народ да стекне поголеми морални права. Оној народ кој сака да се прошири и да користи некоја земја се бори за да добие право над неа.
Да се прашаме себеси дали ја заслужуваме земјата која некогаш била скапо платена? Да се прашаме дали албанците кои посегнуваат кон добар дел од земјата која сега ни припаѓа, можеби веќе стекнуваат и поголемо морално право од нас македонците за фактички и правно да го имаат. Ние доброволно ги напуштивме огништата и еве со децении добар дел од полињата и планините стојат празни. Таа земја треба да биде од некого користена. Какво идиотско поколение сме ние сега!? Ниту ги почитуваме предците ниту пак му мислиме за децата.
Е па затоа брате да покажеме со свој пример и да се однесуваме патриотски. Точно е дека сега патриотизмот ни е на многу ниски гранки ама мене тоа не ми игра улога продолжувам да ја сакам Македонија, затоа што таа не е само сегашнава генерација.[DOUBLEPOST=1393963904][/DOUBLEPOST]
Сакам да те прашам нешто. Кажими во кој историски период ние како народ сме биле здружени, сме успеале да освоиме нешто, сме успеале да се избориме за своето, да се докажеме дека постоиме и сме силна нација?

Пред 100 години? Пред 500 години? Или ние сме деца на Александар па од тогаш клетва некоја не следи. Само човек што доволно ја знае историјата наша ќе свати дека нешто не штима, прикаските и басните што сме ги слушале од нашите се уствари за жалење. Ние немаме ни едно успешно востание коешто е покренато од македонци и резултирало со наш успех.

И Крушевската Република не е крената и иницирана од македонци. Како сега наеднаш ние ќе станеме патриоти, храбри, здружени кога никогаш во генот наш не сме ни биле?
А тоа што сме опстоиле со векови? Многу народи сменија вера и исчезнаа од мапата ама ние сме уште тука, и ќе бидеме (додека сум ја жив барем :-) )
 
Е па затоа брате да покажеме со свој пример и да се однесуваме патриотски. Точно е дека сега патриотизмот ни е на многу ниски гранки ама мене тоа не ми игра улога продолжувам да ја сакам Македонија, затоа што таа не е само сегашнава генерација.[DOUBLEPOST=1393963904][/DOUBLEPOST]
А тоа што сме опстоиле со векови? Многу народи сменија вера и исчезнаа од мапата ама ние сме уште тука, и ќе бидеме (додека сум ја жив барем :) )
Здраво брутус.
Знаеш некогаш за некоја работа имам во главата некоја далечна да ја наречам замисла, а толку сум сигурен во тоа. Дури ќе си речам што си вообразувам, што шпекулирам уште во старт за така неверојатен исход. И подоцна ќе се докаже дека сум бил во право. Се испадна како што уште на влезот осетот ми зборувал.
Така не знам зошто осетот ми вели дека доволни се да седнат 5 мина непопустливи работници за Македонија и да се договорат да работат за излез и подобрување на положбата во која се најдовме сега ние Македонците. И дека само со седнување на 5 мина нормални и здрави Македонци може да се затркала и да се стигне до подобри услови за цел народ.
Не дека не сум сретнал многу повеќе од 5 мина работници, ама се нешто се разминуваме.
 
Главната разлика е што странскиот владетел сака да менува и култоролошко-национално. Владетелот од домашно потекло нема основа за такво владеење затоа што и тој самиот е нејзин припадник. Ако и домашниот владетел те менува духовно, култоролошки и општо национално тогаш и нему тоа му е наметнато од надвор. Странскиот владетел штом веќе некого освојува секако ќе смета и дека неговата култура е доминатна и природно е дека треба да ја наметнува. Нападнатата или поробената народ/нација се брани да докаже дека не е во право. Лично сметам дека православната христијанска вистина е најдлабоката вистина и Македонците бранејќи ја (оваа) Македонија ја бранат вистината.[DOUBLEPOST=1393963498][/DOUBLEPOST]
Во сите времиња кога другите креваа востание кревавме и ние и тоа без ничија надворешна поддршка. Овде на Балканот ниеден народ не е ослободен самостојно. Сите имале свој просветителски период во кој се освестиле како една духовно-културна национална целина, но се ослободени од силите кои ги владееле со помош на друга голема сила. Така и ние имавме како и другите свој национално-просветителски период, само во полоши услови, помалку јавен, но и помалку забележан. Така и ние во одреден момент се најдовме на вистинската страна кога еден голем фактор надвладеа друг и стекнавме повисоки национални права. Вклучувајќи самостојна држава на одредена територија. Не добивме колку што сакавме бидејќи и на големиот фактор тоа не му одговарало.

Не ми одговори на моето прашање. Јас не ти реков дали имало или немало борби. Те прашав кога во нашата историја сме биле обединети и здружени како едно тело. Па само гледај јеботе од кого се задушени сите востанија. Секој втор македонец бил шпиун, истото се случува и денес.

Нас не не бива како народ, луѓе како патриоти имало и секогаш ќе има. Ама за жал со 2 ца не се прави држава. Те сваќам што сакаш да кажеш , ама мора и ти да се помириш со фактот дека не сме нација за да работиме за нашите интереси. Едноставно се продаваме многу лесно, како во минатото така и денес.[DOUBLEPOST=1393985172][/DOUBLEPOST]
Е па затоа брате да покажеме со свој пример и да се однесуваме патриотски. Точно е дека сега патриотизмот ни е на многу ниски гранки ама мене тоа не ми игра улога продолжувам да ја сакам Македонија, затоа што таа не е само сегашнава генерација.[DOUBLEPOST=1393963904][/DOUBLEPOST]
А тоа што сме опстоиле со векови? Многу народи сменија вера и исчезнаа од мапата ама ние сме уште тука, и ќе бидеме (додека сум ја жив барем :) )

Кажими на кого тие прикаски? Што ни фајде ако сме постоеле 6 века , кога сите 6 века сме ги преспале. Кажими на некој од страна што ќе му кажеш, ние сме биле тие и тие. Кога се што може да види е држава од 20 години и историја која е каша попара.

Ние како народ ќе бидеме јас не викам дека нема, патриоти има и има и луѓе што работат 24/7 за доброто на сите. Ама кажими што фајде од сето тоа кога останатиот дел ги боли таско? Дали знаеш како живеат момците што се бореа во 2001 за оваа мочана држава? Си видел си зборел со некој? Тие работи болат, кога се гинело за идеали све е измочано тоа денес. Ако ти можеш да се помириш со фактот дека терорист ја води армијата а во таа армија сеуште има луѓе што им имаат починато другари, роднини, јас неможам.

Колку сакате силете се на форумов, во реалноста све е наопаку. Изговори секогаш се наоѓаат за се, НАТО, Америка, Станко сите ни се криви нас што неможеме да успееме. А не сваќаме дека ние сме тие што ја пуштаме кочницата. И германците беа под разни окупации, денеска се европска сила.
 
Последно уредено:
Не ми одговори на моето прашање. Јас не ти реков дали имало или немало борби. Те прашав кога во нашата историја сме биле обединети и здружени како едно тело. Па само гледај јеботе од кого се задушени сите востанија.
Мислам дека ти одговорив. Нашите востанија не можеле да ја постигнат масовноста затоа што биле во понеповолни услови. И она кое го сториле сметам дека е најмалку исто храбро отколку другите во подобри услови.
Христијански вредноста на едно дело не се мери според номиналната вредност туку според можностите. Некој може дал милијарди за хуманитарни цели, а некој дал најситна пара. Се смета дека вториот дал многу повеќе кога одвоил од основните потреби за да помогне на друг.
Во 1943 година македонското НОБ движење достигнува масовност на општонародно востание.

Секој втор македонец бил шпиун, истото се случува и денес.
Мислам дека треба да престанеме со ова претерано себенегирање. Имало шпиуни и предавници, ама имало и храбри кои го дале животот и за сосема мала вредност. Имаме примери кога македонски борци кои кога биле мачени за да кажат каде се сокриени 5 пушки, при најтешки маки до смрт не кажале ништо. Обично повеќе се памети црното, ама ние претеруваме.
Хрватите има(ло) и усташи и комунисти. Едни со други се убивале, предавале. Ама нивните фамилии и куќи го оставија тоа зад нив и за националните прашања сите се единствени.

Нас не не бива како народ, луѓе како патриоти имало и секогаш ќе има. Ама за жал со 2 ца не се прави држава. Те сваќам што сакаш да кажеш , ама мора и ти да се помириш со фактот дека не сме нација за да работиме за нашите интереси. Едноставно се продаваме многу лесно, како во минатото така и денес.
За сите народи важи истото. Ако има можност за слободен избор, ќе го избере вистинското. Меѓутоа постои заднински систем кој го обработува и тогаш потпаѓа под таа обработка иако народот земено како целина внатрешниот инстиктот, осетот му е непогрешлив. Ако/Кога ќе се ослободи од заднинската обработка отворено ќе си го каже своето право мислење. Земи колку биле опеани Гоце Делчев, Сандански, Јордан Пиперката, Тодор Александров и веднаш ќе видиш какво било чувството за секој од нив. Колку песни има за Делчев или Јордан Пиперката (на стотици) и спореди со Тодор Александров (2-3). Какво е денешната почит кон животот и делото на Ченто кој со децении бил бришен од спомените на народот, а каква е почитта кон Лазар Колишевски кој бил најмоќниот Македонец во втората половина на 20 век.

Кажими на кого тие прикаски? Што ни фајде ако сме постоеле 6 века , кога сите 6 века сме ги преспале. Кажими на некој од страна што ќе му кажеш, ние сме биле тие и тие. Кога се што може да види е држава од 20 години и историја која е каша попара.
Пред Турците има 1000 години империја која ги обледила националните разлики и обележја. Освен мал дел во југот обичниот народ во цел Балкан зборува ист словенски говор и користи исто писмо кирилица. На тие 1000 години во теократска православна држава каде верското е битно, а националото определување е запоставено, надоврзи 500 години повторно под теократска турска империја. Која исто повеќе сака да ги дели народите по вера отколку по народносни обележја. Националното како подводна река било подземно но после многу време се појавило. Или уште подобро како реки кои влегуваат во езеро и на друга страна излегуваат. Но и во самото езеро иако водите се мешаат има струи и може да се види главнината на која вода каде влегува и каде излегува.
Така се определија балканските народи. Нам внатрешното себечувство, без да размислуваме или пак се сомневаме ни кажа кои сме и со кого сме од минатото духовно и телесно поврзани. Најчудна е бугарската национална идентификација. Зедоа име на народ на кого не му припаѓаат култоролошки. Како вонбрачно дете кое зема презиме на татко кој не му е татко, кој некое време бил силен и ја силувал мајка му.

Ние како народ ќе бидеме јас не викам дека нема, патриоти има и има и луѓе што работат 24/7 за доброто на сите. Ама кажими што фајде од сето тоа кога останатиот дел ги боли таско?
Не секоја пчела собира мед.
Секој човек одбира дали ќе биде меѓу тие кои собираат или меѓу тие кои растураат. Ти strength во која група сакаш да бидеш? Ако бидеме повеќе собирачи, нам ќе ни биде подобро. Ако бидеме плачковци и кукачи, огорчени од ова она, нема да собериме многу.
Сметам дека секој народ си има кредит или долг кон Бог. Мислам дека заради изборот на предците да се жртвуваат и пренесуваат она кое ним им следува за идните поколенија, дека во овие времиња влеговме со доста кредит. За жал тој кредит многу брзо го трошиме. И затоа наместо кукање, што побрзо да се зафатиме стекнатиот кредит да го искористиме.

Дали знаеш како живеат момците што се бореа во 2001 за оваа мочана држава? Си видел си зборел со некој?
Активен член сум на најголемото здружение на бранители од градот со најмногу бранители.

Тие работи болат, кога се гинело за идеали све е измочано тоа денес. Ако ти можеш да се помириш со фактот дека терорист ја води армијата а во таа армија сеуште има луѓе што им имаат починато другари, роднини, јас неможам.
Јас сум кривично главнообвинет за протестите против гнасната одлука за поставување министер на македонската одбрана, лице воен непријател окрвавен со македонска крв.

Колку сакате силете се на форумов, во реалноста све е наопаку. Изговори секогаш се наоѓаат за се, НАТО, Америка, Станко сите ни се криви нас што неможеме да успееме. А не сваќаме дека ние сме тие што ја пуштаме кочницата. И германците беа под разни окупации, денеска се европска сила.
Ти си таков кој бара изговор, народот е ваков, народот е онаков. Ти си дводушен, ќе биди, нема да биди.
Светот е валкан и ќе биде уште повалкан. Живиот човек може да избере дали ќе биде меѓу оние кои го обелуваат или меѓу оние кои го валкаат. Нема избор да стои настрана и да гледа сеир и уште да се чувствува исправен. Сеирџиски христијанин, сеирџиски македонски родољуб не е ниту христијанин, ниту Македонец. „Кој не собира со Мене, растура“ - библиски цитат.
 
Последно уредено:
Мислам дека ти одговорив. Нашите востанија не можеле да ја постигнат масовноста затоа што биле во понеповолни услови. И она кое го сториле сметам дека е најмалку исто храбро отколку другите во подобри услови.
Христијански вредноста на едно дело не се мери според номиналната вредност туку според можностите. Некој може дал милијарди за хуманитарни цели, а некој дал најситна пара. Се смета дека вториот дал многу повеќе кога одвоил од основните потреби за да помогне на друг.
Во 1943 година македонското НОБ движење достигнува масовност на општонародно востание.

Мислам дека треба да престанеме со ова претерано себенегирање. Имало шпиуни и предавници, ама имало и храбри кои го дале животот и за сосема мала вредност. Имаме примери кога македонски борци кои кога биле мачени за да кажат каде се сокриени 5 пушки, при најтешки маки до смрт не кажале ништо. Обично повеќе се памети црното, ама ние претеруваме.
Хрватите има(ло) и усташи и комунисти. Едни со други се убивале, предавале. Ама нивните фамилии и куќи го оставија тоа зад нив и за националните прашања сите се единствени.

За сите народи важи истото. Ако има можност за слободен избор, ќе го избере вистинското. Меѓутоа постои заднински систем кој го обработува и тогаш потпаѓа под таа обработка иако народот земено како целина внатрешниот инстиктот, осетот му е непогрешлив. Ако/Кога ќе се ослободи од заднинската обработка отворено ќе си го каже своето право мислење. Земи колку биле опеани Гоце Делчев, Сандански, Јордан Пиперката, Тодор Александров и веднаш ќе видиш какво било чувството за секој од нив. Колку песни има за Делчев или Јордан Пиперката (на стотици) и спореди со Тодор Александров (2-3). Какво е денешната почит кон животот и делото на Ченто кој со децении бил бришен од спомените на народот, а каква е почитта кон Лазар Колишевски кој бил најмоќниот Македонец во втората половина на 20 век.

Пред Турците има 1000 години империја која ги обледила националните разлики и обележја. Освен мал дел во југот обичниот народ во цел Балкан зборува ист словенски говор и користи исто писмо кирилица. На тие 1000 години во теократска православна држава каде верското е битно, а националото определување е запоставено, надоврзи 500 години повторно под теократска турска империја. Која исто повеќе сака да ги дели народите по вера отколку по народносни обележја. Националното како подводна река било подземно но после многу време се појавило. Или уште подобро како реки кои влегуваат во езеро и на друга страна излегуваат. Но и во самото езеро иако водите се мешаат има струи и може да се види главнината на која вода каде влегува и каде излегува.
Така се определија балканските народи. Нам внатрешното себечувство, без да размислуваме или пак се сомневаме ни кажа кои сме и со кого сме од минатото духовно и телесно поврзани. Најчудна е бугарската национална идентификација. Зедоа име на народ на кого не му припаѓаат култоролошки. Како вонбрачно дете кое зема презиме на татко кој не му е татко, кој некое време бил силен и ја силувал мајка му.

Не секоја пчела собира мед.
Секој човек одбира дали ќе биде меѓу тие кои собираат или меѓу тие кои растураат. Ти strength во која група сакаш да бидеш? Ако бидеме повеќе собирачи, нам ќе ни биде подобро. Ако бидеме плачковци и кукачи, огорчени од ова она, нема да собериме многу.
Сметам дека секој народ си има кредит или долг кон Бог. Мислам дека заради изборот на предците да се жртвуваат и пренесуваат она кое ним им следува за идните поколенија, дека во овие времиња влеговме со доста кредит. За жал тој кредит многу брзо го трошиме. И затоа наместо кукање, што побрзо да се зафатиме стекнатиот кредит да го искористиме.

Активен член сум на најголемото здружение на бранители од градот со најмногу бранители.

Јас сум кривично главнообвинет за протестите против гнасната одлука за поставување министер на македонската одбрана, лице воен непријател окрвавен со македонска крв.

Ти си таков кој бара изговор, народот е ваков, народот е онаков. Ти си дводушен, ќе биди, нема да биди.
Светот е валкан и ќе биде уште повалкан. Живиот човек може да избере дали ќе биде меѓу оние кои го обелуваат или меѓу оние кои го валкаат. Нема избор да стои настрана и да гледа сеир и уште да се чувствува исправен. Сеирџиски христијанин, сеирџиски македонски родољуб не е ниту христијанин, ниту Македонец. „Кој не собира со Мене, растура“ - библиски цитат.

Се додека го вртиш муабетот во друга насока и не ми одговараш на суштинските работи нема потреба повеќе да се цитираме пријателе. За да се постигне нешто е потребна нација, неќам ти да ми кажуваш кој како бил опеан во песни или пак во приказни. Како што кажав поединци имало кои се бореле за Македонија и сеуште има, но за жал така не се постигнува ништо.

Јас каков сум и дали барам изговор јас си знам. Кога требало да се биде на терен сум правел работи за доброто на државата, додека сите други спиеле и читале прикаски како Гоце и Јане војувале. Ете тука е разликата меѓу мене и тебе, негативен сум пошто сум се обидел со нешто а не направило буквално никаков напредок. Истото се случува и со нашата историја. Имало и луѓе и организации но пак не се направило никаков напредок.

И немој да ми спомнуваш услови и тешкотии. И ние сме се родиле на парче земја, сме пиеле вода, сме јаделе иста храна како англичаните. Тие цел свет го освоија , ние неможеме земја од 200 КМ квадрат да ја сочуваме. До размислувањето ќе да е и до начинот на кој се живее и сака државата.

Ако ме цитираш пак за да ми објаснуваш историја и библиски цитати немој жити се. Едно те исто се меле на секој твој пост.
 
Не ми одговори на моето прашање. Јас не ти реков дали имало или немало борби. Те прашав кога во нашата историја сме биле обединети и здружени како едно тело. Па само гледај јеботе од кого се задушени сите востанија. Секој втор македонец бил шпиун, истото се случува и денес.

Нас не не бива како народ, луѓе како патриоти имало и секогаш ќе има. Ама за жал со 2 ца не се прави држава. Те сваќам што сакаш да кажеш , ама мора и ти да се помириш со фактот дека не сме нација за да работиме за нашите интереси. Едноставно се продаваме многу лесно, како во минатото така и денес.[DOUBLEPOST=1393985172][/DOUBLEPOST]

Кажими на кого тие прикаски? Што ни фајде ако сме постоеле 6 века , кога сите 6 века сме ги преспале. Кажими на некој од страна што ќе му кажеш, ние сме биле тие и тие. Кога се што може да види е држава од 20 години и историја која е каша попара.

Ние како народ ќе бидеме јас не викам дека нема, патриоти има и има и луѓе што работат 24/7 за доброто на сите. Ама кажими што фајде од сето тоа кога останатиот дел ги боли таско? Дали знаеш како живеат момците што се бореа во 2001 за оваа мочана држава? Си видел си зборел со некој? Тие работи болат, кога се гинело за идеали све е измочано тоа денес. Ако ти можеш да се помириш со фактот дека терорист ја води армијата а во таа армија сеуште има луѓе што им имаат починато другари, роднини, јас неможам.

Колку сакате силете се на форумов, во реалноста све е наопаку. Изговори секогаш се наоѓаат за се, НАТО, Америка, Станко сите ни се криви нас што неможеме да успееме. А не сваќаме дека ние сме тие што ја пуштаме кочницата. И германците беа под разни окупации, денеска се европска сила.

За тие од 2001 конкретно познавам(блиски) 3ца луѓе кои во тој период беа вработени и отидоа да се борат. Во никуштак, карпалак и третиот не памтам треба да го прашам. Еве ги здрави прави пак си работат и пак би излегле ако има потреба.
 
Се додека го вртиш муабетот во друга насока и не ми одговараш на суштинските работи нема потреба повеќе да се цитираме пријателе. За да се постигне нешто е потребна нација, неќам ти да ми кажуваш кој како бил опеан во песни или пак во приказни. Како што кажав поединци имало кои се бореле за Македонија и сеуште има, но за жал така не се постигнува ништо.

Јас каков сум и дали барам изговор јас си знам. Кога требало да се биде на терен сум правел работи за доброто на државата, додека сите други спиеле и читале прикаски како Гоце и Јане војувале. Ете тука е разликата меѓу мене и тебе, негативен сум пошто сум се обидел со нешто а не направило буквално никаков напредок. Истото се случува и со нашата историја. Имало и луѓе и организации но пак не се направило никаков напредок.

И немој да ми спомнуваш услови и тешкотии. И ние сме се родиле на парче земја, сме пиеле вода, сме јаделе иста храна како англичаните. Тие цел свет го освоија , ние неможеме земја од 200 КМ квадрат да ја сочуваме. До размислувањето ќе да е и до начинот на кој се живее и сака државата.

Ако ме цитираш пак за да ми објаснуваш историја и библиски цитати немој жити се. Едно те исто се меле на секој твој пост.
Секоја од твоите тези е погрешна, но зошто да губам време да ги побивам? Си ја исполнив должноста. Погоре ти изнесов што мислев, ти дадов објаснувања, а ти не даде твои објаснувања кои ќе докажат дека ти си во право.
Ако ти си толку достоинствен и се нервираш заради слабакот народ во кој си се родил, зошто тогаш ти се предаваш. Ако ти бараш од македонскиот народ да бил супермен кој ќе постигне резултати независно од условите, зошто ти не си таков супермен па независно од тоа каков е народот или било која надворешна објективност да го повлечеш кон правецот што го сакаш.
 
Последно уредено:
Добра тема штета што не ја заприметив порано кога дискусијата била активна. Нејсе, два три збора од мене на оваа тема.
Најмногу од се ни фали почит. Никој никого не почитува, секој гледа да понижи и искористи. Да му се изнасмее, да му рече ех бе глуп еден. Односите помеѓу луѓето се ептем ептем нарушени. Ако во пола фамилии браќа и сестри се без муабет за 2 квадратни метри од наследството што остана за надвор од фамилиите.
Мислам дека повеќе немаме шанси да опстоиме како народ. А и да опстоиме ќе сме во мизерија така да исто ни се фаќа. Премногу премногу работи се тргнати наопаку.
 
Ние бевме тврдоглав народ што опстана на многу тензичен простор, некако ќе најдеме сили да опстанеме и сега.
 
Каде му е ганглијата на македончињата? Јас верувам и знам дека македончето кога се заинати нема сила што ќе го запре и преубеди. Ама каде е и како да му се погоди таа ганглија за да ја крене главата и да се отрезни. Да погледни околу што му прават, што се случува.
 
КЛУБОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“ ОРГАНИЗИРА: Обука за ракување со пиштол, основна воена обука и логорување со основна воена обука
  • Понеделник, 05 Мај 2014
КЛУБОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“ ОРГАНИЗИРА

1) Обука за ракување со пиштол (Скопје, 12 мај-13 јуни);

2) Основна воена обука (Скопје, 12 мај-13 јуни);

3) Логорување со основна воена обука (имровизиран воен камп во источна Македонија, од 20 до 30 јуни).

regrut_st.jpg

КАРАКТЕРИСТИКИ

1) ОБУКА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПИШТОЛ ќе се изведува во Скопје, од 12 мај до 13 јуни, понеделник, среда и петок, од 17.00 до 18.00 часот, во стрелиште и сала во склоп на СРЦ Кале, членарина 1000 денари со вклучено боево гаѓање со пиштол. Гарантирани резултати за сите учесници, за жени и мажи, за возрасни и млади!

2) ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА ќе се изведува во Скопје, од 12 мај до 13 јуни, секој работен ден, од 17.00 до 18.30 часот, во стрелиште и сала во склоп на СРЦ Кале, на кејот на реката Вардар и во парк-шумата Гази Баба, членарина 1200 денари со вклучено најмалку едно боево гаѓање со пиштол.

3) ЛОГОРУВАЊЕ СО ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА ќе се изведува во текот на 10 деноноќија, од 20 до 30 јуни, во импровизиран воен камп во источна Македонија, цена 7000 денари (со покриени трошоци за сместување, исхрана, обука). ПРИЈАВУВАЊЕ: Заинтересираните кандидати можат да се пријават на ФБ страната на клубот “Регрут“. Пријавата треба да содржи име и презиме, датум на раѓање, место на живеење, телефон за контакт како и обука на која кандидатот сака да учествува.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/Klub.Regrut

Погледајте дел од воената обука “Регрут 2013“:
 
Ееее ти се врати.. :(

А сега.. погледнете ја рекламата за регрутирање на руски војници:
http://kajgana.com/poglednete-ja-reklamata-na-ruskata-armija-za-regrutiranje-novi-chlenovi
 
македонче
БЕЗ БОРБА ти одзедоа се што ти е свето
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom