- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Главната разлика е што странскиот владетел сака да менува и култоролошко-национално. Владетелот од домашно потекло нема основа за такво владеење затоа што и тој самиот е нејзин припадник. Ако и домашниот владетел те менува духовно, култоролошки и општо национално тогаш и нему тоа му е наметнато од надвор. Странскиот владетел штом веќе некого освојува секако ќе смета и дека неговата култура е доминатна и природно е дека треба да ја наметнува. Нападнатата или поробената народ/нација се брани да докаже дека не е во право. Лично сметам дека православната христијанска вистина е најдлабоката вистина и Македонците бранејќи ја (оваа) Македонија ја бранат вистината.[DOUBLEPOST=1393963498][/DOUBLEPOST]@Dardan-ia и за другите
Во филмот Патриот со Мел Гипсон има една сцена- заседава Конгресот и се води дискусија да почнеме војна за независнот, да се ослободиме од кралот и да воспоставиме република
Главниот лик Бен Мартин ( Мел Гипсон ) прашува: Зошто? Зарем е подобро еден тиранин кој е сега одалечен три илјади милји, да го замениме со три илјади тирани одалечени една милја?
Еве ја сцената, Целото видео трае помалку од 2 минути а ова реченица е пред крај
http://www.youtube.com/watch?v=YEUEAloFdkc
Каков е твојот коментар?
Во сите времиња кога другите креваа востание кревавме и ние и тоа без ничија надворешна поддршка. Овде на Балканот ниеден народ не е ослободен самостојно. Сите имале свој просветителски период во кој се освестиле како една духовно-културна национална целина, но се ослободени од силите кои ги владееле со помош на друга голема сила. Така и ние имавме како и другите свој национално-просветителски период, само во полоши услови, помалку јавен, но и помалку забележан. Така и ние во одреден момент се најдовме на вистинската страна кога еден голем фактор надвладеа друг и стекнавме повисоки национални права. Вклучувајќи самостојна држава на одредена територија. Не добивме колку што сакавме бидејќи и на големиот фактор тоа не му одговарало.Сакам да те прашам нешто. Кажими во кој историски период ние како народ сме биле здружени, сме успеале да освоиме нешто, сме успеале да се избориме за своето, да се докажеме дека постоиме и сме силна нација?
Пред 100 години? Пред 500 години? Или ние сме деца на Александар па од тогаш клетва некоја не следи. Само човек што доволно ја знае историјата наша ќе свати дека нешто не штима, прикаските и басните што сме ги слушале од нашите се уствари за жалење. Ние немаме ни едно успешно востание коешто е покренато од македонци и резултирало со наш успех.
И Крушевската Република не е крената и иницирана од македонци. Како сега наеднаш ние ќе станеме патриоти, храбри, здружени кога никогаш во генот наш не сме ни биле?
Последно уредено: