Тогаш треба да сум горд што татко ми не ставил кондом кога ме направиле со мајка ми?
Треба да бидеш горд што татко и мајка ти не можеле да оддолеат еден на друг. Тие меѓу себе свесно или несвесно те виделе тебе и те посакале. Бидејќи секоја привлечност, макар и кога се изрази во перверзна форма има причина.
Поради таа случајност јас треба да им благодарам на предците пред 3000 години?
Ти си единствената случајност во причинско-последичен космос. На некој чуден начин и има вистина. Зарем тоа не ствара чувство на благодарност.
Поради тоа јас треба да имам должност со раѓање зашто можеби предците направиле или дозволиле да сме слаба и понижувана нација?
Секако, но ти пак ги сакаш. Слабици сме, но добри. Што ако сме биле силни, а зли. Со товари од геноциди, војни, масакри, холокаусти, грабежи и разни други мрачни дела какви што знаеме дека сториле нечии предци.
Дали сега ние што се правиме горди на минатото да оставиме на следните генерации истото да трпат?
Цело време тоа го велам. Зошто да завршиме како толку ниски слуги и децата да започнат од тоа ниво на слугување.
Ако брат, биди си ти горд на државата ако ти одговара
Има работи на кои ние Македонците можеме да бидеме горди и на тоа сум горд. Има работи на кои не можеме да се гордееме и на тие не сум горд. И вториве да се многу повеќе од првите, во што не се согласувам, без да се лажеме туку со свесност да бараме решение за да ги поправиме. Сите си носат по некој товар. Колку кој ќе се соочи толку поуспешно ќе го носи.
ама направи нешто околу тоа, во иднина да не биде слаба и понижувана нација.
Правам.
Разликата е тоа што не треба да бидеш горд на нешто што другите го направиле туку да бидеш горд на тоа што ти ќе го направиш.
Го правам она што можам во рамките на моите ограничувања. А ти, кога ми даваш таков совет, што правиш за да бидеш горд на себе како општествено суштество?[DOUBLEPOST=1393946370][/DOUBLEPOST]
самите сме си криви, кој ни е крив коа иаме неписмени политичари, и уште понеписмен народ шо ги гласа, ако има еден од денешниве Македонски политичари, аналитичари, проферсори, интелектуалци, кој го имат прочитано и разберено рамковниот договор, јас одма ќе одам јавно ќе се обесам на плоштадот во Скопје, во ниедна цел тој рамковен не се искористи во корист на Македонците, а секако дека тој договор содржи работи шо и те како можат да се искористат во наша корист, како прво и основно, просто и едноставно малцинставта треба да бидат застапени во власт, во јавна администрација, во кур се тресе се што има од институции оваа држава во се да има малцинства, да нека има, ама тоа не значи дека мора да бидат директори или шефови
Народот може да биде и неписмен и мудар. Што сакаш ти да извлечиш од твојот народ?
Ќе си бидеме криви ако на политичарите им веруваме, а не ги притискаме да владеат за наше добро. Затоа што не ги притискавме, не ги филтриравме во доволна мера, политичари станаа такви личности кои сега дивеат над нас. За контрола на политичарите потребна е измена на македонскиот политичи систем. Потребни ни се институти и институции кои ќе не обединуваат, ќе смируваат, ќе ствараат доверба со правично делување. Пример потребен ни е горен дом на Собранието составен од заслужни граѓани, кој ќе ги запира штетните закони донесени во долниот партиски дом на Собранието. Потребен ни е систем кој партиската амбициозност и меѓупартиското соперништво ќе го искористи за доброто и напредокот на државата и граѓаните. Ние имаме технички проблем во нашиот гол партиски политички систем. Но овој состав на политичари не дозволува тоа да се измени. Затоа што тоа им ја расипува забавата. А уште повеќе на странците затоа што им дава можност за уцени.