Како го изградивте вашиот музички вкус?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали веќе изградивте вашиот музички вкус?

  • Да го имам изградено својот музички вкус

    Гласови: 49 83,1%
  • Сеуште го немам изградено својот музички вкус

    Гласови: 10 16,9%

  • Вкупно гласачи
    59
Не реков се танцува, туку таму не пуштаат метал, туку турбофолк...., а он сигурно не седи со тампони во уши ;):):D


Јас кога сум на свадба ставам слушалки со метал пуштен до даска, и го фаќам колцето.
 
Јас колку што се сеќавам на свадба до сега не сум чул турбофолк. Народни Српски и Македонски плус орца да ама турбо не.
 
Растејќи покрај моите родители, ги слушав(м) Pink Floyd, Deep Purple, Bob Dylan, Led Zeppelin, Beatles, Jimmy Hendrix, Rolling Stones... односно рок/хард рок музика. Сè уште ги чуваме многуте плочи и грамофонот и неретко пак со тато ги пуштаме - кој посебен шмек го имаат песните кога така се слушаат. :)

Покрај брат ми, почнав да слушам метал (Iron Maiden, System of a Down, Buckethead...) разните алтернативни рок бендови и електронска музика, а покрај сестра ми оние ретро песни, претежно од '80-те, како и симфониски метал - Nightwish, Evanescence, Epica...

Разните игри (и филмови) влијаеа да ја засакам инструменталната музика - Yamaoka, композициите на Nobuo Uematsu, Jesper Kyd, Ludovico Einaudi...

Oд форумов почнав (по)активно да ги слушам Radiohead, Dead Can Dance, Nine Inch Nails...

Така што денес, мојот музички вкус е некоја спојка од сите овие горенаведени жанрови.
 
Уште го градам. И мислам дека нема да има крај. Дури ме држи слухов и слушам активно музика, додавам некои финеси, модификации, и нови барања во потрага по нова музика.
 
Овде го изградив, на факинг рандом форумот кој го најдов додека барав нешто за спортски портали. Пред да дојдам бев вљубен у факинг цеца, сеа неќам да ја чујам. Уште понекогаш ме држи оној турбофолкси амбиент помалце, ама полека полека го снемува.
 
Како го изградив? Со оглед на тоа дека пораснав помеѓу турбаци како и секој во Македонија, имав мала среќа да запознаам и уметници, луѓе кои се разбираат во добра компонирана музика. По отворени умови, а не од овие музичиња. Уште од тинејџерски денови преслушувајќи многу албумчиња на Металика, Пинк Флојд, Дип Парпл, македонски изведувачи како Стринг Форсис, ја согледав разликата од Цеца и компанија... :D
 
Од првиот ден.
Цел живот се занимавам со музика и многу јасно дека се што вади било каков звук сум го преслушал и обрнал внимание. Не ја делам на добра и лоша, бидејќи и јас создавам и знам какво е чувството. За мене постои музика и ништо друго. Тоа што еволуира и се разграничува е сосема природна работа. А мојот вкус е универзален би рекол, можам да слушам се иако работам само неколку одредени стилови. Сепак црпам инспирација, искуство, итн. Се на се, музиката е најдоброто нешто што му се случило на човекот, факат.
 
Како да објаснам , нема крај на изградувањето на музичкиот вкус , еве ќе кажам замене , како дете 8-9 години слушав класичен рок АC/DC , Queen , Whitesnake и слично , едно време свртив на underground рап да речиме 12-14 години , еве сега до ден денеска слушам алтернативен рок , метал секаков освем блек и core метал поджанровите , сега да речиме можам да поднесам врескање рикање што се вика во металот , ама не верувам дека на 30години би можел да слушам метал , сакам да кажам и годините си го прават своето , се здосадува еден стил на музика се се менува , ние луѓево секогаш трагаме по ново .. ;)
 
Дали ми е изграден музичкиот вкус...?
Не верувам дека сеуште ми е изграден целосно ( или пак дека некогаш ќе успеам во тоа ), секој ден може да се најде нешто ново што може да ми се допадне. Меѓутоа она што го знам е дека периодот на слушање музика ми се дели на pre и post Рејдиохед, кога првпат дознав за момциве у трета година средно :D
Музиката ја делам на Рејдиохед и све друго остало :D, знам дека мислењево е ептен субејктивно, ама бендот за мене е најдобрата ствар што икад постоела во музиката :X3:
 
Дали ми е изграден музичкиот вкус...?
Не верувам дека сеуште ми е изграден целосно, секој ден може да се најде нешто ново што може да ми се допадне. Меѓутоа она што го знам е дека периодот на слушање музика ми се дели на pre и post Рејдиохед, кога првпат дознав за момциве у трета година средно :D
Музиката ја делам на Рејдиохед и све друго остало :D, знам дека мислењево е ептен субејктивно, ама бендот за мене е најдобрата ствар што икад постоела во музиката :X3:

Го влажниш @Erich Zann со ова...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom