Ненормална сума за Дембеле, апсолутно ненормална. Има голем потенцијал, тоа е неспорно, ама ова се преголеми пари. Плус мислам дека воопшто не е подготвен за товарот што ќе го има на грб, многу малку веројатно е дека од почеток ќе ја има продуктивноста што се очекува од него во Барса.
Има толку многу работи што треба да ги подобрува, на ниво на младинец е искрено.
Глупи испаднаа Ливерпул во целава ситуација. Комотно можеа и они да ги извадат овие пари за Кутињо, а овој ќе беше многу подобар фит и посигурна опција за Барса. Win-win и за двата тима. Глуп момент за да покажуваат мускули на трансфер/пазарот. Овие околности со Барса нема да се случуваат секоја година, а тешко дека Кутињо додека настапува во Ливерпул ќе успее повеќе од ова да си ја крене цената.
Требаше да ги грабнат парите и да бегаат.